Еден и единствен – потполно новиот BMW Серија 1 пристигна во Македонија - Канал 5

Еден и единствен – потполно новиот BMW Серија 1 пристигна во Македонија

Со свеж дизајн, урбаниот THE 1 нуди совршен спој технологија, агилност и простор.

Еден и единствен – потполно новиот BMW Серија 1 пристигна во Македонија

Спортски, кул, простран и елегантен, зачинет со свеж дизајн и најновите достигнувања од областа на комуникациските технологии, новиот ТHE 1 пристигна во продажниот салон на компанијата М Кар. Произведен во речиси 2.5 милиони примероци досега, BMW Серија 1 - ТHE 1 е навистина еден и единствен - вистински BMW со свој личен, цврст карактер. Тој е се што би посакал урбаниот, современ возач.

Пристигнувањето на новиот THE 1 го најавува почетокот на една нова ера. Третата генерација на успешни премиум компактни модели ја одпочнува приказната на нова BMW архитектура со погон на предни тркала. Притоа препознатливото уживање во возењето и динамиката се задржани, како и надополнети со значително зголемување на просторот во внатрешноста. Напредните системи и иновативните технологии во него, како и интеграцијата на сите клучни компоненти од возната динамика и контролните системи, му даваат значително зголемена агилност на новиот THE 1, која возачите лесно ќе ја препознаат. Петгодишниот развоен процес му овозможи на BMW да го сосредоточи сето свое искуство од последните години во врска со технологијата на погон на предни тркала од другите модели и интерпретира во новиот THE 1. Резултатот е досега невидена динамична прецизност кај автомобилите со погон на предни тркала, со која се поставуваат нови стандарди за премиум компактни класи.

Новиот модел е веќе во продажба и неговата понудата опфаќа бензински и дизел мотори: 118i, 116d, 118d i 120d xDrive. Бензинските модели располагаат со мотор од 1,5 литри и 140 KC, додека пак дизел моделите располагаат со сила до 190 KC. Благодарејќи на полесната каросерија, новиот мотор нуди подобри перформанси во однос на претходниот модел, забрзувањето до 100 km/h изнесува 4,8 секунди, со максимална брзина од 250 km/h.

За многумина омилен компактен модел – ТHE 1 е особено популарен во Европа. Моделите од третата генерација нудат значително поголем простор од претходниците со мала промена на надворешноста благодарејќи на врвната архитектура на BMW погон на предни тркала. Патниците на задните седишта ги чувствуваат главните придобивки, а истовремено се добива и поголем багажен простор.

Достапeн само како модел со пет врати, потполно новиот ТHE 1 e пет милиметри пократок од претходниците со 4.319 mm. Во поглед на ширината (сега 1.799 mm), пораснал за 34 милиметри додека пак вистината (1.434 mm) се зголемила за 13 милиметри. Со 2.670 милиметри, меѓуосовинското растојание е пократко за 20 милиметри од моделот од втората генерација. Кога станува збор за надворешниот дизајн, бубрежната решетка е зголемена, на столбовите се истакнува Hofmeister kink, како и две карактеристични странични линии. Внатрешноста е исто така унапредена, така што кај основниот модел е достапен екран на допир од 8.8 инча со „инфо-забавен“ систем. Достапни се и опциите за гласовна контрола и контрола со гестови, а може да се нарачаат и варијанти со поголеми екрани – дигитална инструмент табла и HeadUp екран во боја од 10,25 инча.

THE 1 AND ONLY e слоганот на капањата за новиот BMW Серија 1, а сите ние на некој начин сме едни и единствени. На следниов линк може да превземете беџ за Facebook доколку сакате да бидете дел од оваа кампања:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Александар Николоски во „Вести плус“

Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Александар Николоски.

Александар Николоски во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин

Недостатокот на одделни витамини и минерали може да предизвика сериозни здравствени тегоби.

  Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин

Меѓу важните нутриенти е витаминот Б12, чиј недостаток може да се одрази на нервниот систем, крвната слика и општата состојба на организмот.

Недостатокот на витамин Б12 може да се развие постепено, а симптомите не секогаш се лесно воочливи. Во некои случаи може да се јават проблеми со помнењето, збунетост и тешкотии со концентрацијата, но и физички симптоми како трнење, пецкање во рацете и нозете.

Кои се симптомите на недостаток на витамин Б12?

Витаминот Б12 е вклучен во формирањето на црвените крвни зрнца и е важен за здравјето на нервниот систем. Кога на телото му недостасува, може да се појават различни симптоми:

изразен замор и слабост,

вкочанетост или трнење во рацете и нозете,

проблеми со меморијата,

тешкотии со разбирање и расудување,

проблеми со видот,

мускулна слабост,

ранички или болки во устата.

Симптомите може да варираат од личност до личност, а нивниот интензитет зависи од тоа колку долго трае недостатокот на витаминот.

Витаминот Б12 природно се наоѓа главно во храна од животинско потекло, како што се месо, риба, јајца, млеко и други млечни производи. Затоа, луѓето кои не консумираат храна од животинско потекло може да имаат поголем ризик од негов недостаток ако не користат правилно збогатена храна или додатоци во исхраната.

Сепак, недостатокот не е нужно поврзан само со исхраната. Проблемот може да се појави и кога телото не може правилно да го апсорбира витаминот Б12.

Зошто телото не апсорбира доволно витамин Б12?

Недоволната апсорпција може да биде поврзана со разни проблеми на дигестивниот систем. Гастритисот, или воспалението на желудочната слузница, може да влијае на способноста на телото да го апсорбира овој витамин.

Една од можните причини е недостаток на желудочна киселина, која е потребна за правилна апсорпција на Б12.

Одредени болести на дигестивниот систем, како што се Кронова болест и целијакија, исто така можат да го отежнат апсорбирањето на овој витамин. Ризикот може да постои и кај луѓе кои имале одредени операции на дигестивниот систем, вклучително и операција на гастричен бајпас.

Прекумерното консумирање алкохол исто така може да го оштети дигестивниот систем и да придонесе за недостаток на витамин Б12.

Важно е да се препознаат симптомите

Бидејќи недостатокот на витамин Б12 може да се развие постепено, симптомите понекогаш се припишуваат на замор, стрес или стареење. Сепак, честата вкочанетост и пецкање во екстремитетите, необјаснетиот замор или промените во меморијата и когнитивните способности не треба да се игнорираат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брачните проблеми може да се предвидат со 96% прецизност – тврдат психолозите

 Ако се препознаете во овие 4 обрасци на однесување, време е за разговор.

 Брачните проблеми може да се предвидат со 96% прецизност – тврдат психолозите

Начинот на кој партнерите разговараат за време на конфликтот, дури во 96% од случаите може многу да открие за состојбата на нивната врска.

Психолозите Џон и Џули Готман издвојуваат 4 веродостојни обрасци на однесување врз основа на долгогодишното проучување на партнерските односи. Тие автоматски не значат дека бракот е осуден на пропаст, но може да бидат важен знак за тоа дека на односот треба да му се посвети внимание.

Критиката на партнерот го продлабочува проблемот

Начинот на кој парот ја започнува кавгата може прилично да го предвиди исходот.

Првиот образец не е обичниот приговор, туку нападот врз карактерот на партнерот. Реченицата „Никогаш не правиш како што треба“, или „Толку си себичен...“ не го решаваат конкретниот проблем, туку создаваат чувство дека другата личност е постојано виновна.

Многу покорисно е, кога говорите за конкретна постапка и сопствените чувства, наместо „Никогаш не мислиш на мене“, да кажете: „Ме повреди тоа што не ми се јави“.

Презирот е особено опасен за бракот

Сарказмот, потсмевот, вртењето со очите, навредите, обраќањето од високо, може да укажуваат на презир. Според истражувањата на Готман, токму презирот е еден од најсериозните показатели дека во односот се насобрало многу незадоволство и горчина.

Одбранбениот механизам го отежнува решавањето на конфликтот

Кога партнерот ќе се пожали, а другата личност веднаш почнува да се правда и да ја префрла вината, разговорот тешко може да доведе до решение. Реченицата „За сè сум јас виновен!“, или „Така направив затоа што ти...“ често служи за избегнување одговорност.

Дури и признавање на дел од сопствената одговорност може да го промени текот на разговорот. Важно е да покажете дека сте ја слушнале перспективата на партнерот, дури и кога потполно не се согласувате.

Повлекувањето може да изгледа како рамнодушност

Последен образец е повлекувањето, односно емоционално исклучување во текот на конфликтот. Тоа може да биде игнорирање на партнерот, гледање во телефон, одговарање со еден збор или одбивање разговорот да продолжи.

Сепак, повлекувањето не мора секогаш да значи дека не ви е грижа. Понекогаш тоа укажува на емоционален хаос, па паузата може да помогне. Кога двајцата ќе се смирите, може да продолжите со разговорот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер