Петкоска: Македонските аеродроми најбрзорастечки во регионот, за седум месеци 2,4 милиони патници на аеродромите во Скопје и Охрид
Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како преку модуларните болници да го наполни џебот, Абази уште го штити
1Петкоска: Македонските аеродроми најбрзорастечки во регионот, за седум месеци 2,4 милиони патници на аеродромите во Скопје и Охрид
2Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како преку модуларните болници да го наполни џебот, Абази уште го штити
ФудбалЕден Азар официјано ги „закачи копачките “ на клинЕден од најдобрите фудбалери на Белгија во последните десетина години, асот на Челзи, Реал.... Еден Азар се прости од фудбалот и ја заврши богатата и трофејна кариера на зелениот терен Долгогодишниот капитен на Белгија кој на свој начин одбележа една ера во светскиот фудбал, со писмо објавено на социјалните мрежи официјално стави крај на богатата кариера. По завршувањето на договорот со Реал Мадрид Азар беше без клуб. „Морате да се слушате себеси и да застанете во вистинско време. После 16 години и повеќе од 700 одиграни натпревари, решив да ја завршам кариерата како професионален фудбалер. Можев да го остварам мојот сон, играв и се забавував на многу терени ширум светот. Во текот на мојата кариера имав среќа да запознам одлични менаџери, тренери и соиграчи – ви благодарам на сите за овие одлични времиња, сите ќе ми недостасувате. Исто така, сакам да им се заблагодарам на клубовите за кои играв: Лил, Челси и Реал Мадрид; и благодарност до мојата белгиска репрезентација. Посебна благодарност до моето семејство, моите пријатели, моите советници и луѓето кои ми беа блиски во добри и лоши времиња. Конечно, огромна благодарност до вас, моите фанови, кои ме следеа сите овие години. Сега е време да уживам со моите најблиски и да имам нови искуства. Се гледаме наскоро надвор од теренот мои пријатели“, напиша Азар. Азар во дресот на Реал Мадрид стигна до трофејот во Лигата на шампионите , а има освоено титули и во Премиерлигата и француското првенство со Челси и Лил. Со репрезентацијата на Белгија во 2018 година го освои третото место на СП во Русија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПеткоска: Македонските аеродроми најбрзорастечки во регионот, за седум месеци 2,4 милиони патници на аеродромите во Скопје и ОхридМакедонските аеродроми се најбрзо растечки во регионот, а цивилниот воздушен сообраќај бележи силен и континуиран раст. Резултатите во првите седум месеци од 2026 година се јасна потврда дека Македонија станува сè по посакувана дестинација и подобро поврзана со Европа и светот. Во периодот јануари до јули 2026 година, двата македонски аеродроми опслужиле вкупно 2.414.892 патници, наспроти 1.879.195 во истиот период минатата година, што се 535.697 патници повеќе. Додека во истиот период реализирани се 16.280 летови, што во споредба со 14.985 во 2025 година, претставува зголемување од 1.295 летови. Особено значајни се резултатите во текот на јули, кој донесе историски достигнувања и на двата македонски аеродроми. Меѓународниот аеродром Скопје го имаше својот рекорден месец во историјата, со 408.925 опслужени патници, што претставува раст од 29,5% во однос на истиот месец минатата година. Во текот на месецот реализирани се 2.670 летови, а на 20 јули е поставен рекорд од 101 реализиран лет во еден ден, додека на 31 јули, пак, преку скопскиот аеродром патувале повеќе од 16.000 патници. Бројот на опслужени патници на скопскиот аеродром од јануари до јули е 2.239.811, наспроти 1.738.378 во истиот период во 2025 година. Историски резултати бележи и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, така што јули 2026 година е најуспешниот месец во историјата со 52.544 патници, што претставува раст од дури 41,2%. Реализирани се 443 летови, а на 26 јули преку аеродромот поминале околу 3.000 патници во еден ден, што претставува нов дневен рекорд. Охрискиот аеродром бележи значителен раст на бројот на оатници, така во истиот периодоод јануари до јули годинава патувале 175.081, наспроти 140.817 патници во истиот период лани, а бројот на реализирани операции во истиот период пораснал од 1.049 на 1.350. Овие бројки не се само статистика. Зад нив стојат повеќе туристи, повеќе гости во хотелите и рестораните, повеќе работа за туристичкиот сектор и поголем придонес кон економскиот развој на државата. Зголемениот број патници покажува дека Македонија станува сè попривлечна и подостапна дестинација, а растот на воздушниот сообраќај создава дополнителни можности за туризмот, угостителството, транспортот и целокупниот услужен сектор. И сето ова не е случајност, туку резултат на голем вложен труд и две години посветана работа на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Лидија Петкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Лидија Петкоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како преку модуларните болници да го наполни џебот, Абази уште го штитиЗа Ислам Абази, обвинителот во заминување, морето од документи, вештачења за модуларната болница во Тетово не значеле ништо, не значел ништо ниту фактот што 14 лица живи изгореа во истата болница.Казни добија само поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, и Артан Етеми и тоа условни затворски казни, а казнета беше и болницата како правно лице со парична казна. Но, за мозокот на операцијата модуларни болници, Венко Филипче, обвинителството, замислете вели, не бил виновен. И ова по пет години го кажува обвинителот кој цел мандат им служи само на СДС и ДУИ. Да потсетиме, тоа се болници за кои немало надзор, за кои ниту општините, ниту надлежното министерство не издавале одобрение, односно биле поставувани целосно вон правилата од Законот за градење. Иако здравствената криза, Филипче во тој момент мислел само на профитот, а не на човечките животи. За ова говори и фактот што тој склучил и анекс на договор со фирмата која ги поставувала модуларните болници и ја зголемил цената за 20%. Во ваков контекст и покрај зборот на обвинителот на СДС и ДУИ, Абази, јавноста треба да знае дека во случај на нови докази постапка за истото дело може да има повторно. Сега, пак граѓаните треба да слушнат образложение од Абази зошто го штити Фичипче? Исто така и зошто Филипче ја зголемил цената на модуларните, каде завршле овие пари? Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Миле Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Граѓаните бараат решенија, надлежните претпријатија мора да си ја завршат работатаОпштина Центар и овој викенд е на терен. Вчера и денеска со два багери и два камиони се расчистуваат диви депонии во Крњево, Маџир Маало и Ново Маало, а паралелно продолжува и чистењето на локациите кои беа зафатени од невремето.До Општина Центар секојдневно пристигнуваат голем број поплаки од граѓани за натрупан отпад, неисчистени јавни површини, паднати гранки и зеленило. Иако дел од овие обврски не се во надлежност на Општината, општинските екипи излегуваат на терен и интервенираат таму каде што е потребно, затоа што проблемите не можат да останат нерешени на штета на граѓаните. Градоначалникот Горан Герасимовски упати апел до ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“ редовно и навремено да ги извршуваат обврските за кои се надлежни. „Граѓаните не треба да бидат заложници на тоа кој за што е надлежен. Тие со право очекуваат чисти улици, собран отпад и уредени јавни површини. Најголем дел од поплаките завршуваат кај нас во Општина Центар и затоа реагираме секогаш кога можеме. Но, не можеме трајно да ги преземаме обврските на другите институции. Апелирам до ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“ да бидат присутни на терен и да си ги извршуваат своите надлежности. На граѓаните им треба решение, а не префрлање на одговорноста“, порача Герасимовски. Општина Центар ќе продолжи со расчистувањето на критичните точки и со интервенциите по невремето. Истовремено, апелираме и до граѓаните да не оставаат отпад на јавните површини и да не се создаваат нови диви депонии на местата што се расчистуваат. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10