Ед Ширан се оженил со другарка од детството!!

Британската музичка ѕвезда Ед Ширан открил дека  под неодамна е во брак со својата другарка од детството Чери Сиборн.

Популарниот пејач во интервју за „ iHeartRadio“ зборувал за текстот на авојата нова песна која ја снимил со Еминем и 50 Центи „ Remember My Name", во која Чери ја нарекува своја сопруга.

„Всушност ја напишав пред јас и Чери да се венчаме, но знаев дека ќе се венчаме пред песната да биде објавена, изјавил Ед .

Ед и Чери се знаат од кога биле деца, но врската ја започнале во 2015 година кога заедно биле на забавата организирана од Тејлор Свифт во чест на 4 јули Денот на независноста на Америка.

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

Францускиот парламент ќе ја испита сексуалната злоупотреба во киното

Францускиот парламент денеска се согласи да формира истражна комисија за да ги испита актите на сексуална злоупотреба и напади во киното и другите културни сектори по неколку неодамнешни обвинувања.

Националното собрание, или Долниот дом, едногласно се согласи со предлогот изнесен од актерката Џудит Годреше, која ги обвини режисерите Беноа Жак и Жак Дојон дека сексуално ја нападнале кога била тинејџерка. И двајцата ги отфрлија обвинувањата. /МИА

притисни ентер