Ед Ширан ги насмеа фановите со костимот за Ноќта на вештерките (ФОТО)

Сите ние сме желни да ја видиме креативноста што ќе ја покажат славните преку нивните маски за Ноќта на вештерките.

Ед Ширан веќе известува, а најсвежата фотографија го открива костимот за овој празник. Сепак, иако на сите ни е позната неговата смисла за хумор, не можеме да кажеме дека очекувавме ваков костим.

Имено, пред неколку месеци вештачката интелигенција направила фотографија од Ед во костим на мајмун, а тој ја претворил во шега со помош на својот костим. Тој ги насмеа обожавателите ширум светот носејќи токму таков костим, а се сликаше држејќи ја таа позната фотографија покрај лицето.

Рама утре „ќе лета орли“ во Солун, грчките ултранационалисти ќе го пречекаат со протест

Во рамки на серијата средби со албанската дијаспора, премиерот Еди Рама, ќе оствари уште една средба со Албанците од Грција, овој пат утре во Солун, по онаа од мај во Атина.

-Со особено задоволство ќе се вратам кај Албанците во Грција, овој пат во Солун, каде историјата нѐ поврза со илјада нишки и денес нѐ обединува повеќе од кога било, со нашите јужни соседи, како два европски народа, кои дури и за неколку години ќе бидат рамо до рамо во Европската Унија.“, напиша Рама на Фејсбук.

На средбите тој ја бара поддршката на дијаспората за четврт мандат, на која право да гласа ѝ се дава за првпат на парламентарните избори што во Албанија ќе се одржат на пролет...

Грчките ултранационалисти пак, планираат да го пречекаат со протест, на кој главниот говор ќе го одржи претседателот на грчката ултранационалистичка партија, Национален фронт, Димитрис Валасидис.

Директорот на „Биосенс“ ексклузивно за Канал 5: Васко Саздовски беше одличен научник и човек

Одличен научник и човек, секогаш насмеан и оптимистичен, вака од институтот Биосенс во Нови Сад го опишуваат Васко Саздовски...

Во ексклузивен разговор за Канал 5, директорот на институтот Владимир Црнојевиќ вели дека Саздовски секој викенд патувал за Македонија...

Црнојевиќ вели дека Васко работел во институтот повеќе од една година, се занимавал со роботика и нивна примена во земјоделството. Вели дека Васко беше одличен и како научник и како човек, многу позитивен, насмеан и оптимистичен. Директорот додава дека Саздовски секој викенд патувал за Македонија, кај семејството.

Утрово имавме мала комеморација за Васко пред Институтот, вели директорот Владимир Црнојевиќ.

Со него разговараше Маја Стојановска.

Познато е како ќе изгледаат идните модели на Хјундаи (ФОТО)

Корејскиот бренд потврди дека идните модели ќе добијат нов визуелен идентитет.

Сега е сосема јасно дека неконвенционалниот дизајн на моделот Санта Фе не бил случаен. Додуша, можеби сакаа малку повеќе да го испитаат пазарот пред да го објават дизајнерскиот пресврт на брендот, но сигурно е дека претставениот концепт укажува на новиот визуелен потпис на Hyundai.

Тоа е објавено од Initium. Верувале или не, ова не е класичен електричен автомобил, туку концепт возило напојуван од водород. Покрај иновативниот погон, го носи и т.н челична уметност, и токму тоа е овој малку масивен SUV.

Некои ќе се потсетат на Pontiac Aztek, автомобилот кој го прослави главниот лик од серијата Breaking Bad. Како и да е, овој неконвенционално дизајниран водороден автомобил поминува над 650 km со услов да вози на бандажи од 18 инчи и да користи максимална моќност до 150 kW.

Initium е всушност најава за нов модел од палетата на возила на водород FCEV. Ќе пристигне во првата половина на следната година, а ќе се појави како глобален модел. Initium ќе можеме да го видиме многу порано, веќе во ноември на саемот за автомобили во ЛА.

Моделот има можност за V2L функција за испорака на електрична енергија од 220 V за периферните уреди, а Hyundai ја нагласува рекордната просторност, дополнително подобрената пасивна безбедност и бројните напредни системи за помош.

притисни ентер