Ѕвездите на „Сексот и градот“ се собраа по 11 години, годибните не ги поштедиле (ФОТО) - Канал 5

Ѕвездите на „Сексот и градот“ се собраа по 11 години, годибните не ги поштедиле (ФОТО)

Сара Џесика Паркер сподели фотографија на својот Инстаграм каде позира со колешките од серијата Сексот и градот, Синтија Никсон и Кристин Дејвис.

Ѕвездите на „Сексот и градот“ се собраа по 11 години, годибните не ги поштедиле (ФОТО)

Актерките се собраа во пресрет на снимањето на новите епизоди од популарната серија.

"Повторно заедно. Ги читаме првите епизоди од серијата и се дружиме со старите пријатели, но и со новите членови на тимот", напишала Сара под фотографијата на која собра скоро 1,5 милиони лајкови.

„Те сакам засекогаш“, напиша Кристин во коментарите, а фановите се воодушевени од повторното обединување на sвездите на „Сексот и градот“.

„Многу сум возбуден“, „Срцето ќе ми експлодира“, „Неверојатно. Едвај чекам“, се само дел од коментарите, но многу фанови се разочарани што Ким Катрал, која ја играше Саманта, нема да се појави во новите епизоди.

„Каде е Саманта?“, „Дали Саманта те фотографираше?“, „Но, потребни ни се сите четири. Сериозно, јавете и се на Саманта“, „Без Саманта не е исто“, рекоа тие.

Во новите епизоди ќе учествуваат и Крис Нот, кој го играше Фацата, Дејвид Ајгенберг, кој го играше Стив Брејди и Џон Корбет во улогата на Адијан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: 340 туристи се водат како исчезнати по ненадејните поплави во Непал, досега има најмалку 95 загинати

Бројот на жртви во ненадејните поплави што ја погодија границата Непал-Тибет, достигна 95, соопшти локалната полиција.

Фото: 340 туристи се водат како исчезнати по ненадејните поплави во Непал, досега има најмалку 95 загинати

Најмалку 403 лица, вклучувајќи 341 странски државјанин, се водат како исчезнати соопшти туристичкиот одбор на земјата. Според објавените податоци, меѓу исчезнатите се 203 мажи и 200 жени. Странските државјани по кои се трага се од 26 различни земји.

Најголемиот број исчезнати странци се индиски државјани, 133 од нив. Потоа следуваат Соединетите Американски Држави со 47 и Обединетото Кралство со 33 исчезнати лица.

Според информациите доставени од туристичките оператори до туристичката комисија, повеќето патници биле на пат кон Мансаровар, област во близина на индиско-непалската граница.

Министерот за надворешни работи на Непал рече дека прелиминарните извештаи укажуваат дека ненадејните поплави можеби се случиле откако земјотрес предизвика лавина.

Властите повикаа спасувачи од Кина и Индија да помогнат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ

Денеска ќе бидат објавени конечните ранг листи за примени студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“..

Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ

Запишувањето на примените кандидати ќе биде на 3 и 4 септември. Со конкурост на уким, на 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава беа слободни вкупно 8851 место за бруцоши во новата студиска година, која ќе почне на 1 октомври.. Од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет), 3621 за редовни студенти кои плаќаат школарина, т.е. ги кофинансираат студиите и 835 за вонредни студенти...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло, попладне нестабилно

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. 

Сончево и топло, попладне нестабилно

Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени.

За време на викендов претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер