Ѕвездата на „Пријатели“ на тротинет низ Њујорк, сите гледаат во неговата ќерка (ФОТО) - Канал 5

Ѕвездата на „Пријатели“ на тротинет низ Њујорк, сите гледаат во неговата ќерка (ФОТО)

Дејвид Швимер, sвездата на серијалот Пријатели, чии главни протагонисти неодамна се собраа во специјална епизода за враќање, е снимен во друштво на неговата малолетна ќерка Клео, која ја има од бракот  со Зои Бакман.

Ѕвездата на „Пријатели“ на тротинет низ Њујорк, сите гледаат во неговата ќерка (ФОТО)

Тие возеа по улиците на Њујорк на еден електричен скутер, а папараците не го пропуштија реткиот момент. Таткото и ќерката немаа кациги на главата, но носеа заштитни маски. Десетгодишната Клео на тој начин ја покажа косата во неонски розова боја откако минатата година ја избричи главата.

Како што објасни тогаш нејзината мајка, англиска уметничка и фотографка, „денешните деца им пркосат на стандардите на начин што ние возрасните не го правевме во детството“ и истакна дека тоа и дава надеж.

Дејвид и Зои биле во брак во периодот од 2010 до 2017 година.

Американскиот актер неодамна призна дека за време на снимањето имало искри помеѓу него и Џенифер Анистон, која ја играше неговата девојка Рејчел во Пријатели, но дека тие никогаш не биле без партнери во исто време, па затоа не сакале да ги расипат односите со луѓето со кои биле во врска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%

До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%,Владата трета година по ред со училишна кошничка на почеток на учебната година

ВМРО-ДПМНЕ: До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%

Со почетокот на новата учебна година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор. Мерката ќе трае заклучно со 30 септември годинава.

Трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените за најмалку 10%, додека трговците на мало за најмалку 15%. Оваа мерка опфаќа широк спектар производи неопходни за учениците како ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелин, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали.

Ова е трета година по ред како Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, воведува училишна кошничка пред почетокот на учебната година, со цел да им го олесни месец септември на родителите, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните. Заштедата е од особено значење за семејствата со повеќе од едно дете.

Со оваа мерка, целта е родителите да им го обезбедат потребниот училишен прибор по пониски и попристапни цени, а септември да биде момент на радост и подготовка за новата учебна година.

Со вакви конкретни мерки, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики кои носат директна корист за граѓаните и придонесуваат кон заштита на животниот стандард.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Леао во Галатасарај?

Клубовите постигнаа договор за висината на трансферот .

Леао во Галатасарај?

Италијанскиот фудбалски великан Милан и турскиот гигант Галатасарај постигнаа усмен договор за условите за трансфер на португалскиот крилен напаѓач Рафаел Леао во турскиот клуб.

Се очекува договорот да изнесува 45 милиони евра, плус дополнителни бонуси со кои би се зголемила вкупната вредност.

Преговорите продолжуваат денес. Конечната одлука зависи и од самиот играч. Интерес за него покажува и Астон Вила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Руски државјанин прегази пешаци во Франција,еден загинат, десет повредени

Едно лице загина, а десет други се повредени синоќа во францускиот град Кан, откако возач намерно со автомобил удри во пешаци пред железничката станица. 

Видео: Руски државјанин прегази пешаци во Франција,еден загинат, десет повредени

Локалните власти го потврдија инцидентот во северна Франција, пренесува Ројтерс.

„Последиците се тешки. Имаме еден загинат; седум лица се во критична состојба, а тројца се сериозно повредени, но не им е загрозен животот“, изјави за новинарите Давид Клавиер, префект на департманот Калвадос.

Префектот потврди дека возачот бил уапсен кратко по нападот. Според достапните информации, мажот е роден во Русија и претходно не им бил познат на разузнавачките служби. Мотивите на напаѓачот засега остануваат непознати.

Во тек е полициска истрага која опфаќа детална анализа на снимките од безбедносните камери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер