Ѕвезда на Баерн преживеа сообраќајна несреќа

Во многу европски земји е ограничено движење, но тоа не е случај во Германија. Фудбалерот на Баерн тоа скапо го чинеше.

Поточно, Џером Боатенг бил учесник во сообраќајна несреќа со неговиот скап мерцедес во близина на Минхен.

Sвездата на Баерн тргнал по неговиот син вчера наутро, но во еден момент изгубил контрола над автомобилот и завршил во банкината.

Според извештајот на германската ТВО, во несреќата немало повредени, со материјална штета на возилото проценета на 25.000 евра. Полицијата соопшти дека возилото имало гуми кои не биле прилагодени на условите на патот и дека тоа е главната причина за несреќата.

Роналдо ќе го пропушти натпреварот на Португалија против Шведска

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо ќе го пропушти пријателскиот натпревар со Шведска, објави „ESPN“. Португалскиот селектор Роберто Мартинез ќе му даде малку одмор на 39-годишниот напаѓач. 

Роналдо ќе му се приклучи на националниот тим во пресрет на натпреварот против Словенија.

Репрезентацијата на Португалија на 21 март ќе игра на домашен терен против Шведска, а на 26 март ќе се соочи со Словенија на гостински терен.

Во досегашната 21-годишна репрезентативна кариера Роналдо има одиграно 205 натпревари и постигнато 128 голови.

Во израелската воена операција во „Ал Шифа“во Газа загина третото лице во хиерархијата на Хамас

Израелската армија соопшти дека убила десетици палестински борци и уапсила повеќе од 200 лица во голема операција вчера во најголемиот болнички комплекс во Појасот Газа - болницата „Ал Шифа“, пренесоа француските медиуми.

Стотици цивили беа принудени да ја напуштат областа.

Вашингтон ја потврди смртта во операцијата на заменик-шефот на военото крило на „Хамас“ Марван Иса. Тој е највисокиот претставник на палестинското исламистичко движење убиен од израелската армија во Појасот Газа од почетокот на војната пред речиси половина година.

-Елиминиравме повеќе од 20 терористи во болничкиот комплекс и над 20 во областа околу болницата, рече портпаролот на израелската армија, контраадмирал Даниел Хагари. Тој додаде дека се приведени „повеќе од 200 осомничени терористи“.

Министерството за здравство во Појасот Газа извести за „десетици убиени и ранети, од кои повеќето цивили, во операцијата на израелската војска во болницата „Ал Шифа“, но не даде точни бројки.

До 13 луѓе се затрупани по уривање на рудник во руската област Амур

 До 13 лица, според прелиминарните податоци, се затрупани по уривањето на мина во областа Зеј во руската област Амур, јавија синоќа руските медиуми, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации.

Спасувачките служби претходно известија дека е изгубен контактот со 13 работници во рудникот „Пионер“.

притисни ентер