Ѕвезда, која вредеше 100 милиони евра, ја обои косата во розово (ВИДЕО) - Канал 5

Ѕвезда, која вредеше 100 милиони евра, ја обои косата во розово (ВИДЕО)

Деле Али (27) ја обои косата во розова на почетокот на годинава.

Ѕвезда, која вредеше 100 милиони евра, ја обои косата во розово (ВИДЕО)

На Инстаграм сега е објавено и видео од неговата фризура, за која според описот се одлучил пред летото. Али летово се врати во Евертон од позајмица во Бешикташ, но офанзивниот играч за врска се уште нема одиграно ниту една минута оваа сезона. Тој моментално се бори со повреда на мускулот.

Англискиот фудбалер беше големо разочарување за раководството на Бешикташ. Во турскиот клуб беше целата мината сезона, но забележа само 17 настапи и постигна три гола. Бешикташ сакаше да ја раскине позајмицата и да го врати во Евертон, но тоа не се случи бидејќи во договорот немаше клаузула за предвремен раскин.

Кариерата ја започна во МК Донс, а најдобрите денови ги помина во Тотенхем, за кој забележа 269 настапи, 67 голови и 61 асистенција. Некогаш важеше за најдобар млад играч во Англија и еден од најдобрите во Европа. Неговата цена на Трансфермаркт тогаш се искачи на 100 милиони евра, додека сега е пет милиони евра.

Има 37 настапи за англиската репрезентација со која беше на Светското првенство во 2018 година. Неговата кариера веќе подолго време е на надолна патека и прашање е кој ќе го ангажира летото 2024 година, кога му истекува договорот со Евертон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Девојка на светска фудбалска ѕвезда во проѕирно од главата до петиците

Атрактивната Ешлин Кастро објави провокативни фотографии во фустан од тантела и доби многубројни комплименти за својот изглед.

Фото: Девојка на светска фудбалска ѕвезда во проѕирно од главата до петиците

Девојката на ѕвездата на Реал Мадрид и Англија, Џуд Белингем, манекенката и инфлуенсерка Ешлин Кастро – со која тој е во врска две години – позираше во провокативно издание на последната фотографија објавена на Инстаграм и предизвика бројни реакции, главно позитивни.

„Во последно време – само тантела“, напиша атрактивната Американка, која на фотографијата носи црн фустан од тантела, целосно проѕирен, што ги истакнува нејзините атрибути – особено во неколкуте пози во кои таа се покажа вешто и заводливо.

Фустанот имаше тенки прерамки, а таа го надополни изгледот со впечатлив накит и фризура со крената коса во пунџа; набрзо потоа, објавата беше преплавена со коментари за нејзиниот изглед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот

На сите други стадиони во шпанската фудбалска Ла Лига, на судиите ќе им биде дозволено да водат кратки разговори со новинарите.

Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот

„Сантијаго Бернабеу“ ќе биде единствениот стадион во Ла Лига каде што судиите нема да можат да даваат изјави пред и по натпреварите оваа сезона, пренесува „Спорт“ (SPORT).

Причина за ова се ограничувањата што Реал Мадрид ги наметна во врска со телевизиските преноси, а кои не се во согласност со новиот протокол за транспарентност на Судиската комисија. На сите други стадиони во Ла Лига, на судиите ќе им биде дозволено да даваат кратки телевизиски интервјуа пред и по натпреварите.

Техничкиот комитет на судиите во Шпанија потврди историски промени за сезоната 2026/2027. Новото правило предвидува судиите јавно да ги образложуваат своите одлуки донесени на теренот пред телевизиските камери, а се планира и јавно објавување на аудиоснимките од разговорите во ВАР-собата.

Целта на оваа иницијатива е да се зголемат довербата и транспарентноста по низата контроверзии во изминатите години. Сепак, Реал Мадрид – чиј клупски телевизиски канал постојано упатува остри критики кон судиите – практично ја блокираше примената на овој модел на својот стадион. Оваа одлука несомнено дополнително ќе ја вжешти и онака напнатата атмосфера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонка осудена во Австралија за убиство

Судот во Австралија ја осуди 51-годишната Македонка Милена Богојевска на осум години затвор, од кои шест без можност за условен отпуст, поради смртта на нејзината 85-годишна сосетка Лолин Вајтхенд. 

Македонка осудена во Австралија за убиство

Богојевска се изјаснила за виновна за убиство од небрежност.

Случајот го потресе Мелбурн во јули 2024 година. Богојевска ја задушила старицата, по што го ставила телото во кеса и го фрлила во реката Марибирнонг.

Два дена подоцна, телото било пронајдено од рибар. Но, случајот не завршил со смртта на 85-годишната жена. По нејзиното убиство, Богојевска од домот на соседката однела пари, накит, банкарски картички и лични документи. Со дел од украдените средства купувала лотариски тикети, ваучери, чевли и „ipad“ уреди, при што потрошила речиси 4.000 австралиски долари.

Судијката Џасинта Форбс остро го оценила нејзиното однесување, опишувајќи го како „опортунистичко, пресметано и себично“. Судот ѝ изрекол осумгодишна затворска казна, од која шест години ќе ги помине без право на условен отпуст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер