ЗдравјеДЗР: Скрининзите за рана детекција на рак за кои се трошат пари, се прават бесцелноКако на време да се открие рак на дојка или на грло на матка за да има шанси да се победи во битката за живот, кога на државно со месеци нема термин за снимање, а и да се најде, ќе поминат месеци за да се добие резултат? Ова прашање се поставува особено по извештајот на Државниот завод на ревизија за 2023 година во кој се нотира дека скрининзите за рана детекција за кои се трошат пари, се прават бесцелно, или народски кажано „за џабе“, бидејќи на пример, за откривање на рак на грло на матка од 2023- тата, Министерството не знае ниту колку жени се поканети на прегледите, а ниту кај колку од нив е дијагностициран канцер, а и околу една третина од оние кои направиле ПАП тест, воопшто не ни добиле резултат. Во извештајот стои негативна оценка и за скринингот на рак на дојка. Се нотира дека потенцијалните малигни заболувања не можат да се откријат на време ако околу 70% од тестираните, резултати чекале повеќе од месец. Од Здружението „ХЕМА – ОНКО“, велат дека не може да има борба со канцерот на дојка без соодветна скрининг програма. Во скринингот мора да биде вклучена целата популација, а на државата, неоходна и е долгорочна стратегија, вели Ана Марјановиќ. -Нема борба против канцерот на дојка кој е во подем без соодветна скрининг програма. Ние се бориме ехо прегледите да бидат задолжителни од триесеттата година, а мамографијата да биде задолжителна од 35-тата година. Додека не се направи долгоречен план и следење пет до десет години скрининг програма која ќе трае, резултатите од скрининг програми нема да се видат. Во нашата земја има и втор проблем кој се појавува со приватното здравство, што не е дел од целокупната скрининг програма.- Ана Марјановиќ. Канал 5 побара став и од Министерството за здравство, зошто трошат пари кога од скрининзите „нема аир“, како и кој е планот за во иднина, но оттаму до почетокот на вестите, нема одговор. Голем број од пациентките се принудени да одат на приватно бидејќи на државно вообичаено, особено во Скопје, нема термини. Во дел од специјалнистичките ординации кои се приватни само за ехо ќе платите 3.000, а мамографија посебно е 4.000 денари. Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо Србија е уапсен „платен убиец“ од Македонија, се истражува кој наводно требало да биде жртваСрпската полиција уапсила државјанин на Македонија кај градот Прибој, под сомнение дека влегол во Србија како ангажиран извршител на нарачано убиство, објави српски Телеграф повикувајќи се на полициски извори.Според медиумот, осомничениот во полициските евиденции наводно се водел како платен убиец кој работел за Кавачкиот клан, а се доведувал во врска и со претходен обид за убиство на Марко Љубиша Кан. По добиените оперативни информации, српската полиција распоредила засилени сили и го блокирала теренот во Прибој, а истрагата сега е насочена кон утврдување на идентитетот на лицето кое требало да биде мета, како и кон откривање на локациите и лицата што евентуално му обезбедувале логистичка поддршка по влегувањето во Србија. На осомничениот му е определено задржување до 48 часа, по што со кривична пријава треба да биде изведен пред надлежното обвинителство. Фото: ВИТагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести10 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Редно е СДС да разбере дека власт даваат граѓанитеСДС како опозициска партија наместо да работи на тоа да си го одржи барем членството, тие се занимаваат со манипулации.СДС и претседателот Венко Филипче, поставен на оваа функција од другар му Зоран Заев, никако да разберат дека поддршката за да се дојде на власт се бара од граѓаните. Да, граѓаните се единствени кои даваат и земаат доверба и даваат и земаат власт. ВМРО-ДПМНЕ во последните неколку години има јасна доверба од граѓаните. Оттука, секојдневно работи за секој еден граѓанин за неговиот животен стандард, за подобра околина, за околина во која важат европските стандарди. И кога станува збор за избори, СДС нека не измислува, нека не зборува за алиби. Или како што вели Филипче, од СДС немало да бидат алиби за избори. ВМРО-ДПМНЕ во текот на своето постоење прави само едно, мисли и работи за граѓаните, не бара никакво алиби. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураИзложба „имерзивна трансформација на глаголицата“ во музејот на современа уметностИзложба насловена „имерзивна трансформација на глаголицата“ на дизајнерот, уметник и интердисциплинарен истражувач Лазе Трипков е отворена во музејот на современата уметност во Скопје. Неговите истражувања траеле 6 години, а досега изложбата била претставена во Словачка, Малта и Скандинавија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter