1Аргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000
Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
1Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
Телохранителот на Џеј Ло стана хит, фановите ѝ пишуваат: Човекот на твојот живот стои покрај тебе (ВИДЕО)
2Телохранителот на Џеј Ло стана хит, фановите ѝ пишуваат: Човекот на твојот живот стои покрај тебе (ВИДЕО)
МакедонијаДЗР: Регионален развој без резултати - јавните инвестиции заглавени во локални приоритетиРевизијата, како што велат од ДЗР, била извршена со цел да утврди дали јавните инвестиции се ефикасно и ефективно планирани и спроведени, и дали придонесуваат за долгорочно одржлив регионален развој.Непостоење јасен критериум за регионални проекти, распределба на средства преку линиските министерства наспроти распределба на средства преку Програмата за рамномерен регионален развој, распределба на средства на општини и проекти без јавен повик во нетранспарентна постапка, отсуство на систем за оценка и одржливост на проектите има влијание на ефектите од јавните инвестиции во регионалниот развој, информираат од Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на успешност на тема „Ефекти од јавни инвестиции во рамномерен регионален развој“. Ревизијата, како што велат од ДЗР, била извршена со цел да утврди дали јавните инвестиции се ефикасно и ефективно планирани и спроведени, и дали придонесуваат за долгорочно одржлив регионален развој. Со ревизијата бил опфатен периодот од 2021 до 2023 година, при што биле анализирани јавните инвестиции за рамномерен регионален развој за кои од Буџетот се алоцирани или одобрени средства за финансирање на проекти на општините и планските регионите, вклучувајќи податоци и активности спроведени до денот на изготвување на извештајот. -Со спроведената ревизија и применетата ревизорска методологија и врз основа на прибрани ревизорски докази, стекнато е разумно уверување дека преземените мерки и активности за распределба на средства за рамномерен регионален развој во износ од најмалку од 1% од БДП од Буџетот на годишно ниво не се постигнати, изборот на проекти не е ефективен со цел финансирање на проекти за јавни инвестиции за потребите на граѓаните со ефект врз регионалниот развој, а исто така не е воспоставен и ефикасен мониторинг и отсуствува систем за оценка на одржливост на проектите пред да се одобрат и после завршување, се наведува во извештајот. Според ревизорите Системот СиРеРа (Систем за координација во планирањето, спроведувањето, мониторингот и евалуацијата на политиката за рамномерен регионален развој) не е интегриран со трезорскиот систем што доведува до неусогласеност на информациите за алоцирани средства за рамномерен регионален развој. -За 2023 година според податоците добиени од Министерство за финансии распределените средства за регионален развој изнесуваат 2,91% од БДП, додека според СиРеРа системот изнесуваат 0,74% од БДП. Од овие средства само 5% до 10% се алоцирани преку Програмата за рамномерен регионален развој, а остатокот се распределени преку програми на други министерства за кои поради отсуство на подзаконски акт предвиден во законот не може да се утврди ефектот врз регионалниот развој, се посочува во извештајот. Ревизорите утврдиле дека како средства наменети за рамномерен регионален развој, не се земени предвид јавните инвестиции на Јавното претпријатие за државни патишта за изградба на регионални патишта, експресни и автопати со регионално значење. - Овие капитални проекти директно се поврзани со приоритетот 1.3 од Стратегијата за рамномерен регионален развој и претставуваат значаен финансиски ангажман. Во 2023 година, овие инвестиции изнесувале 23.901.217 илјади денари, односно околу 388 милиони евра, стои во извештајот. Со извршената ревизија констатирано е дека нема систем за мерење и признавање на регионални проекти усогласен со добрата пракса на ЕУ и нема јасни критериуми за одредување на тоа дали една инвестиција спаѓа во категорија проекти со регионално влијание или проекти за локален развој. Предмет на ревизија биле 76 инвестициони проекти финансирани преку Програмата за рамномерен регионален развој, Програмата за намалување на регионалните диспаритети, како и преку Министерството за транспорт и врски и Министерството за животна средина и просторно планирање, во вкупна вредност од 33,2 милиони евра. Дополнително, биле опфатени и проекти за регионално управување со отпад во сите осум плански региони, финансирани со заеми, грантови и буџетски средства во вкупен износ од 144 милиони евра. Преку Буџетот во период 2021-2023, како што е наведено во извештајот, извршен е трансфер на средства до општините за финансирање на проекти без да се спроведе транспарентна и партиципативна стапка за избор на општини за доделување на средства и избор на проекти. - Во 2023 година, 72% од капиталните дотации се доделени директно на 41 општина за 67 проекти, без јавен повик со одлуки на Владата по усвоени амандмани во Собранието. За изборот нема спроведена постапка за селекција на општини и проекти, а не е воспоставен ниту ефикасен мониторинг над нивната реализација, се истакнува во извештајот. Од анализираните проекти на кои директно се доделени средства ревизорите утврдиле дека иако се доделени и префрлени значителни средства од Буџетот на државата за проекти на општините, дел од нив се сè уште во почетна фаза или не се започнати. - На Град Скопје, во периодот 2021–2023, му се доделени 720 .000 илјади денари преку Министерството за транспорт за инфраструктурни проекти, но средствата сè уште се на наменски сметки, а реализацијата не е започната. За проектот „Изградба на клучка на вкрстување помеѓу Булевар Никола Карев и булевар Словенија – втора фаза“, доделени се средства во износ од 120.000 илјади денари во 2021 година, договорот за јавна набавка е склучен после две години и четири месеци, и за проектите „Целосна изградба на Јужен коридор како булеварско решение“ и Проектот „Целосна изградба на булевар АСНОМ и Изградба на булевар Хасан Приштина“ доделени се средства во износ од 600.000 илјади денари, но не се склучени договори за јавна набавка за реализација на проектите, посочуваат ревизорите. Во извештајот се наведува дека во период 2020-2023 на Општина Струмица преку Министерство за транспорт за изградба на социјална населба (прва и втора фаза), ѝ се доделени 191.000 илјади денари. Реализирана е само првата фаза, додека средствата за втората (65.000 илјади денари) се префрлени од наменска на сметка на основниот буџет на општината. - На Општина Чучер Сандево ѝ се доделени средства во вкупен износ од 84.895 илјади денари од Буџетот за изградба на пречистителна станица во населено место Кучевишка Бара. Во декември 2023 се префрлени 60.000 илјади денари, а 24.895 илјади денари се одобрени во октомври 2024 година преку програмата „АА“ за инфраструктурни проекти за општините. И покрај тоа што општината обезбедила одобрение за градење и соодветно земјиште, реализацијата на проектот сè уште не е започната. Причините се недостаток на физибилити студија за економска и финансиска исплатливост и очекуваните ефекти од проектот, како и фактот што основниот проект, со проценета вредност од 223.472 илјади денари, е изработен по спроведена набавка со симболична цена од само 0,01 денар, во исклучително краток рок од 14 дена, со предмер-пресметки кои не соодветствуваат на пазарните цени, се наведува во извештајот. Од ДЗР посочуваат дека во 2023 година на Општина Прилеп преку МЖСПП за проект за доизградба на фабрика за рециклирање на отпад доделени се средства во износ од 65.000 илјади денари. Проектот, како што велат, е започнат да се гради во 2013 година, а по спроведена постапка за јавна набавка во 2024 година склучени се договори за доизградба. За проектите кои се реализираат преку Програмата за рамномерен регионален развој ревизорите утврдиле дека се врши исплата на средства за проекти кои немаат реализација на крајот на годината со цел алокација на сите планирани средства. -Центрите за развој на планските региони имаат административен капацитет за управување со проекти, но нивните проекти главно имаат локален, а не регионален карактер, што ја намалува нивната ефективност во постигнување на целите за рамномерен регионален развој, истакнуваат од ДЗР. Ревизорите утврдиле дека системски не се следат ефектите од вложените пари во јавните инвестиции, не е дизајниран систем за следење на ефектите и одржливоста на јавните инвестиции, не се врши проценка на индикаторите и резултатите од проектите за да се оцени оправданоста на потрошените средства, како и да се утврди дали проектите ги постигнале поставените цели преку конкретни и мерливи индикатори за успешност. -За регионално управување со отпад планирано е формирање на пет регионални претпријатија за управување со отпад, кои ќе вклучуваат главни депонии и претоварни станици организирани на следниов начин: Скопски регион: депонија Дрисла, Полошки регион: депонија Русино, Гостивар, Источен и Североисточен регион: депонија Мечкуевци, Свети Николе, Пелагониски и Југозападен регион: депонија Новаци, Битола и Вардарски и Југоисточен регион: депонија Доброшинци, Василево, се наведува во извештајот. Со ревизијата извршено е анализа на двата проекти за интегрирано управување со отпад, финансирани со средства од ЕУ, меѓународни финансиски институции и донатори, кои опфаќаат седум региони. Скопскиот плански регион, според ревизорите, иако најмал по површина, а најголем по број на жители, и има изработена Физибилити студија и cost benefit анализа (FSCBA) 1, сепак не е вклучен во проектите за регионален систем за управување со отпад, иако постои можност за остварување на најголеми ефекти. -Владата го прифати зголемувањето на националното кофинансирање за покривање надополнителните трошоци, имајќи ја предвид важноста на проектот за унапредување на управувањето со отпад и исполнување на обврските од Директивите за отпад. Со дополнителна анализа утврдивме дека поради откажување на дел од доделените ИПА средства во 2022 и 2023 година и зголемување на цената на проектот, изградбата на регионална депонија и трансфер станици ќе се финансира во износ од 65% национални и 35% ЕУ средства, што значително отстапува од првично предвидената конструкција од 85% ЕУ и 15% национално учество, се наведува во извештајот. Според ревизорите, доколку не се обезбеди навремено завршување на третата фаза до 2026 година, постои ризик од целосно губење на доделените средствата од ЕУ. -Проектот за регионално управување со отпад, кој опфаќа пет плански региони и 45 општини, е проценет на 95,7 милиони евра. Иако во рамки на ИПА I (2007–2013) беа изработени физибилити студии во вредност од 3,6 милиони евра, нивните резултати не беа применети при дизајнирање на проектот поради промена на технички решенија со спојување на два плански региони, се наведува во извештајот. Според ревизорите, не е спроведена нова анализа за исплатливоста на проектот за управување со отпад согласно изменетите решенија, за разлика од слични проекти кои се финансирани со ИПА средства, кај кои се измерени конкретни ефекти како 29 отсто намалување на загадувањето и 59 отсто намалување на стакленички гасови. Кај овој проект, како што стои во извештајот, недостасува објективна евалуација на очекуваните резултати, што претставува ризик за објективноста на проценките за проектот. Дополнително, не биле доставени докази за одобрување на проектот од страна на општинските совети. Во извештајот се наведува дека недостатокот на конзистентност во политиката за регионално управување со отпад, промените во техничките решенија и недоволната координација со општините претставуваат значителен ризик за успешно воспоставување на модерен и одржлив систем за управување со отпад. За надминување на утврдените состојби, ревизорите дале препораки со цел надлежните институции да преземат мерки и активности за обезбедување на ефикасно управување со јавните инвестиции, обезбедување на рамномерен регионален развој и создавање на услови занепречено регионално управување со отпадот како основен предуслов на заштита на животната средина. Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
ЗабаваПоранешна порно ѕвезда со 17 годишен стаж открива што ѝ било најтешко (ФОТО)Поранешната ѕвезда во филмови за возрасни Линдзи Брук одлучи јавно да проговори за тоа што се случува зад сцената по 17 години во индустријата. На Threads, таа ги покани следбениците да ѝ постават прашања за работата што ја напушти во 2024 година, а нејзините одговори се отворија за заработката, условите за работа, дрогата и последиците од долгогодишното работење во индустријата. „Најдобриот дел? Завршено“ Брук објасни дека по толку години, тешко ѝ е да избере нешто позитивно од самото снимање. „Најдобриот дел? Хм. Завршено. Најлошиот дел: секс со целосен странец.“ Таа откри дека во еден момент заработувала околу 1.500 долари по сцена, но верува дека тоа не било доволно со оглед на работата што ја работела. Во текот на првите десет години, снимала речиси секој ден, додека подоцна нејзината работа била значително намалена. Кога ја прашале дали целата индустрија е токсична, таа не дала едноставен одговор. „Има добри и лоши работи во секоја работа. Постојат одлични компании за кои сакав да работам, но и оние од чии сетови едноставно си заминав.“ Таа зборуваше и за дрогата Најсериозниот дел од нејзините одговори се однесуваше на начинот на кој се справувала со својата работа. Брук рече дека во текот на целата кариера користела дрога за емоционално да се одвои од она што се случувало на снимањето. „Не, јас сум во состојба на дисоцијација. Земам наркотици. Се ставам настрана и влегувам во улогата.“ „Дрогите ѝ го олеснија“, односно, како што објасни, дрогата ѝ ја олесни работата. Ги користела за да не може ништо да чувствува за време на снимањето, додека дома ги користела за да може воопшто да чувствува било што. Брук, која е мајка на три деца, се обидела да ја напушти индустријата по раѓањето на секое дете. Сепак, финансискиот притисок и стигмата поврзани со нејзината претходна работа ја терале да се враќа секој пат. „Требаше да бидам мртва“ Пресвртницата се случила во 2024 година, кога, непосредно пред да потпише нов договор, зела смртоносна доза апчиња. Преживеала обид за самоубиство, а подоцна одлучила целосно да престане со дрогата и порно индустријата. „Требаше да бидам мртва. Тоа не е драма, тоа е фармакологија.“ Таа на својот Substack наведува дека 1 ноември 2024 година бил првиот ден кога не земала апчиња ниту алкохол, и тогаш решила да ги напушти дрогата, работата и претходниот начин на живот. View this post on Instagram A post shared by Lindsay Brooke (@lindsay13rooke) За причината зошто конечно одлучила да си замине, таа рекла: „Сакав да се откажам од моментот кога почнав. Не знаев како. Се откажав затоа што повеќе не можев да земам доволно дрога за да потпишам уште еден договор.“ „Порнографијата е изградена врз илузии“ По напуштањето на индустријата, Брук почнала да пишува и јавно да зборува за своите искуства. На својата страница, таа се опишува себеси како поранешна работничка во индустријата за возрасни која денес се обидува да зборува за тоа што ѝ донел таков живот. Особено е упатена кон мажите кои ја перцепираат порнографијата како претстава за вистинскиот сексуален живот. „Целата индустрија е изградена врз илузии. Жените всушност не сакаат мажите да ги прават сите работи што им ги покажуваме во филмовите. Жените не сакаат да имаат секс со мајстор кој дошол да го поправи мијалникот, а камоли да имаат оргии со нивната маќеа или девојки.“ View this post on Instagram A post shared by Lindsay Brooke (@lindsay13rooke) Брук тврди дека порнографијата може да создаде искривена слика за сексот и врските и ги предупредува мажите дека она што го гледаат на екранот не треба автоматски да се сфаќа како претстава за вистинските желби на жените. Зборувајќи за сопственото искуство, таа заклучи: „Колку повеќе е нарушен вашиот систем, толку повеќе машинеријата има контрола врз вас. Јас сум надвор... зошто сте сè уште внатре?“Тагови: ѕвезда порно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
СветАргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000 Колку вреди пасошот на една земја? Аргентина штотуку даде многу специфичен одговор - најмалку 350.000 долари.Јужноамериканската земја ја започнува првата програма за државјанство преку инвестиција во Јужна Америка, која ќе им овозможи на богатите странци да добијат аргентинско државјанство преку директен финансиски придонес во државата или купување државни обврзници. Што нуди Аргентина во рамките на програмата Програмата треба да започне да прифаќа апликации во текот на последниот квартал од оваа година, а на потенцијалните кандидати ќе им бидат понудени две опции, според „Бизнис и финансии“. Првата е директна, неповратна уплата од 350.000 долари во аргентинската државна каса. Втората бара значително повеќе пари - купување на посебна државна обврзница во вредност од 800.000 долари. Програмата беше презентирана за време на „Неделата на Аргентина“ во Париз од страна на министерот за економија Луис Капуто и началникот на кабинетот Диего Сантили. Пасошите како начин за привлекување капитал Зад необичната понуда стои многу специфична економска цел. Владата на претседателот Хавиер Милеј се обидува да привлече нов странски капитал, да го зголеми приливот на долари и дополнително да ја отвори аргентинската економија за меѓународни инвеститори. Властите ја претставуваат програмата како уште еден дел од реформите насочени кон подобрување на инвестициската клима во земјата. Аргентина со години се соочува со големи финансиски проблеми, а според АП, новата програма би можела да донесе до 2,5 милијарди долари во следните пет години. Во исто време, земјата се соочува со десетици милијарди долари обврски за надворешен долг. Колку чини пасош за целото семејство? Можноста нема да биде ограничена само на главниот апликант. Членовите на неговото семејство исто така ќе можат да аплицираат за државјанство, но за дополнителен надомест. Брачниот другар, како и невенчаните или вонбрачните деца на возраст од 18 до 25 години без свои деца, ќе можат да аплицираат со дополнителен придонес од 100.000 долари по лице. За дете под 18 години ќе бидат потребни уште 25.000 долари. Така, според пресметките на аргентинската влада, типично семејство од четири лица - родители и две малолетни деца - би можело да аплицира за аргентинско државјанство за вкупно 500.000 долари преку модел на плаќање што не може да се врати. Парите нема да бидат единствениот услов Чек од 350.000 долари нема автоматски да значи добивање пасош. Аргентина најавува детални проверки на кандидатите, вклучувајќи го потеклото на парите, идентитетот, криминалното досие и други безбедносни критериуми. Сите средства ќе мора да поминат низ официјалниот финансиски систем, со примена на правила за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Аргентина започна со подготовка на законската рамка за државјанство преку инвестиции уште во 2025 година, кога беше овозможено странец кој прави инвестиција од особено значење да побара натурализација без оглед на должината на претходниот престој во земјата. Сега, за прв пат, државата ја прецизираше и цената на овој пат до пасош - 350.000 долари што не може да се вратат или 800.000 долари преку државни обврзници.Тагови: Аргентина пасош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаПосвоиле пет деца, па ги претвориле во робови- осудени се на 375 години затвор и казна од 4,4 милиони долариПет афроамерикански деца кои биле принудени да трпат злоупотреба и држени во услови слични на робови од страна на нивните посвоители ќе добијат огромна финансиска компензација.Децата, кои некогаш биле посвоени од Џин Кеј Вајтфедер (63) и Доналд Лантс (64), добиле спогодба во вредност од 4,4 милиони долари од државата Западна Вирџинија поради начинот на кој Службите за заштита на децата се справиле со повеќекратните пријави за нивна загрозеност, објавува Дејли Меил.. Парите ќе им бидат распределени на децата преку фонд за доверба и ќе се користат за да им се помогне да се опорават, бидејќи неколку од нив сè уште се соочуваат со сериозни последици од траумата предизвикана од злоупотребата. „Тоа значи дека овие деца ќе добијат шанса да бидат деца. Тие беа ограбени од нивната невиност и детство од луѓе кои им биле родители, кои всушност биле чудовишта“, рече адвокатот Данте ди Трапано, кој ги застапуваше. Платената сума претставува максимална компензација што секое дете можеше да ја добие според државните ограничувања, а спогодбата ја плати Одборот за управување со ризици на Западна Вирџинија. 375 години затвор за „тинејџерски клуб“ Спогодбата доаѓа повеќе од една година откако Вајтфер и Лантс беа осудени на децении затвор за злоупотреба на деца. Вајтфер моментално отслужува казна од 215 години, со минимум 40 години за да се добие условна слобода. Лантс беше осуден на 160 години затвор, со задолжителен минимум 30 години зад решетки пред да може да аплицира за условна слобода. И двајцата беа осудени да платат вкупно 280.000 долари отштета на децата. Децата беа пронајдени од полицијата во октомври 2023 година заклучени во барака до домот на двојката во Сисонвил. Бараката немаше светла, храна или вода, а областа беше под надзор со камери. Вајтфер тврдеше дека децата не биле држени против нивна волја и дека бараката се користела како „тинејџерски клуб“. Сепак, детективите утврдија дека децата биле заклучени од надвор. Откако властите ги пронајдоа трите постари деца заклучени во бараката, открија и деветгодишно девојче заклучено во главната куќа. Децата имаа силен мирис, носеа валкана облека и имаа рани на нозете. Предупредувањата беа игнорирани, децата беа подложени на расистички навреди Подоцна беше откриено дека соседите го пријавиле она што го забележале во куќата во Службата за заштита на децата, но нивните извештаи во голема мера не беа земени предвид. Сосетката Џојс Бејли сведочеше на суд дека видела како Лантс ги тера децата да носат тежок материјал за ограда, кофи со вода и резервоари за пропан низ дворот. Според неа, децата биле толку исцрпени од работата што во еден момент најстарото момче едвај можело да оди. За време на судењето беа презентирани и расистички текстуални пораки. Најстарото дете, сега 18-годишно, сведочеше дека нејзините посвоители ја принудувале да копа со рацете, ги хранеле неа и нејзините браќа и сестри претежно со сендвичи со путер од кикирики и ги принудувале да користат кофа за да се олеснат. Таа исто така рече дека нејзините посвоители одбивале да јадат од истите чинии како децата и ја нарекувале „валкана“. И покрај овие обвинувања, Службата за заштита на децата не обезбеди документација дека нејзините службеници разговарале со децата, изјави адвокатот на ди Трапано во тужбата против државата. Според сведочењето на судењето, агенцијата едноставно оставила белешка на вратата на семејството. Кога службениците конечно разговарале со децата, Лантс и Вајтфер биле доволно блиску за да го слушнат разговорот. „Целиот систем е расипан“ „Имаше многу повици од соседите, и мислам дека имаше само една посета на таа куќа. Требаше да има многу повеќе“, рече ди Трапано. Тој тврди дека „целиот систем е расипан“ и дека начинот на кој се обработуваат пријавите за злоупотреба на деца, вклучително и обуката на вработените, начинот на кој се спроведуваат интервјуата и начинот на кој се документираат случаите, треба да се промени. Портпаролот на гувернерот на Западна Вирџинија, Патрик Морисеј, Ларс Далсеид, рече дека вработениот кој ги интервјуирал децата бил отпуштен за време на претходната администрација. Тој додаде дека сегашната администрација направила промени за зајакнување на системот за заштита на децата, вклучително и реорганизација на управувањето, појасни правила и дополнителна обука за вработените. Децата оттогаш се сместени кај нови згрижувачки семејства. Двајца од нивните нови згрижувачки родители зборуваа на суд за тоа каков е нивниот живот сега. Еден опиша одење на плажа, забавни паркови и музеи. „За мене како адвокат беше неверојатно искуство да видам дека овие деца сега имаат нешто за што да бидат среќни“, рече диТрапано. Нова тужба за претходни обвинувања Ди Трапано и неговата фирма сега планираат да поднесат уште една тужба, овој пат против Одделот за социјални услуги на државата Вашингтон. Тие тврдат дека агенцијата им дозволила на Вајтфедер и Лантс да ги преместат децата од Вашингтон во Западна Вирџинија и покрај претходните обвинувања за злоупотреба на деца. Во Вашингтон нема ограничување на штетите, така што децата би можеле да добијат дополнителна отштета ако успеат во нивната тужба. Државниот претставник Холис Луис, исто така, објави дека ќе воведе закон наречен Закон за спречување на притвор на деца, кој би барал од семејствата што се преселуваат во Западна Вирџинија и планираат да ги школуваат своите деца дома да го известат Одделот за социјални услуги. Луис додаде дека верува оти Вајтфедер и Лантс не се преселиле во Западна Вирџинија поради убавината или економијата на државата, туку затоа што верувале дека таму можат да се однесуваат кон своите деца со мал надзор. Тој нагласи дека родителите треба да имаат можност да изберат како да ги воспитуваат своите деца, но дека мора да постојат и разумни мерки за да се спречи таквите можности да се искористат за злоупотреба. Луис рече дека треба да им оддаде признание на жителите на Сисонвил кои продолжиле да го пријавуваат случајот на Службите за заштита на децата и на полицијата. „Всушност, заедницата беше таа што го крена алармот. Да не беа нивните напори, овие деца можеби сè уште ќе беа поробени и злоупотребувани, или ќе се случеше нешто полошо“, рече тој.Тагови: деца робови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter