Двојно е посилен од Бугати и има дозвола за да вози на јавните патишта (ВИДЕО) - Канал 5

Двојно е посилен од Бугати и има дозвола за да вози на јавните патишта (ВИДЕО)

Со над 3200 КС под хаубата, тоа е една од најмоќните адаптации на американската класика. И најбрз.

Двојно е посилен од Бугати и има дозвола за да вози на јавните патишта (ВИДЕО)

Со овој Вајпер, уште во 2012 година, сопственикот Сат Пател го собори рекордот во брзина. Сега неговиот 18-годишен син седна зад воланот на автомобилот и успеа да го одведе Вајпер во вечноста. Имено, тој успеа да вози четврт милја за помалку од 7 секунди.

Viper со V10 мотор сепак има зафатнина од 8 литри, но сега користи помош од две Гарет турбини. Ако се додадат голем број модификации, максималната моќност во моментов е 3200 КС. И да, овој автомобил е регистриран и му е дозволено да вози на патиштата.

Милан Пател го сруши рекордот на својот татко со време 6.956 секунди со излезна брзина од 326,16 км на час. Подолу можете да го видите возењето на овој октански ѕвер.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Пред стартот на учебната година, Владата денеска повторно ќе ја донесе т.н. училишна кошничка.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Од МОН брифираат дека планиран е состанок со трговците на големо и мало за училишен прибор, со цел да ги координираат активностите и да разговараат за цените пред почетокот на учебната година.

Лани, мерката за училишна кошничка наречена „Помалку трошоци, повеќе за вас“ важеше од 15 август до 15 септември и со неа беше договорено намалување на цените на основниот прибор и тетратките на учениците за 10-15 проценти, со што, според пресметките на владта, семејствата заштедија по околу 1.500 денари по ученик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зголемни пријави на граѓани со лажни СМС пораки за сообраќајни казни

Трендот на лажни СМС- пораки со известување за наводни сообраќајни прекршоци и казни поврзани со системот„Безбеден град“ продолжува.

Зголемни пријави на граѓани со лажни СМС пораки за сообраќајни казни

Од МВР предупредуваат граѓаните да бидат внимателни со пораките кои содржат линк каде се бара да се внесат лични или банкраски податоци и да извршат плаќања на наводна казна.. Станува збор за обид за измама и прибирање на лични податоци, објаснуваат од МВР..

Од министерството посочуваат дека официјалните смс-пораки за прекршок се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“. Во пораката треба да биде наведена регистарската ознака на возилото, а официјалниот линк треба да води кон доменот safecountry.mvr.gov.mk...

..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со температури до 37 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност.

Сончево со температури до 37 степени

Температурите ќе се движат од 12 до 37 степени.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер