ЗабаваДвојничката на Анџелина Џоли живее во Русија (ФОТО)Корисниците на социјалните мрежи полудеа по убавата Алина Царахова од Северна Осетија.Нејзината сличност со Анџелина Џоли е невозможно да се игнорира, и токму тоа ја направи најпопуларен лик на социјалните мрежи во Русија. View this post on Instagram Real beauty lives in the heart, is reflected in the eyes and leads to action... A post shared by Alina Tsarakhova (@ts8ali) on Dec 5, 2019 at 8:32am PST Додека некои се восхитуваат на нејзината убавина, други тврдат дека таа не би изгледала ниту приближно толку добро без пластична хирургија. View this post on Instagram Спам именинницы 🤪, простительно☺️. Makeup by me A post shared by Alina Tsarakhova (@ts8ali) on Nov 22, 2019 at 10:13am PST Локалните медиуми јавуваат дека Алина живее релативно скромен живот што не е споредлив со оној на Анџелина. За неа е познато само дека има син. View this post on Instagram Человек перестает осуждать других, как только победит самого себя. Люди, будьте добрее, помните, что Вы служите примером младшим. A post shared by Alina Tsarakhova (@ts8ali) on Jan 19, 2020 at 6:18am PST View this post on Instagram 💓 A post shared by Alina Tsarakhova (@ts8ali) on Jan 11, 2020 at 10:40am PST View this post on Instagram A post shared by Alina Tsarakhova (@ts8ali) on Jan 12, 2020 at 5:06am PST View this post on Instagram Кто любит поесть, тот я 😊 A post shared by Alina Tsarakhova (@ts8ali) on Jan 8, 2020 at 9:31am PST Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран има нова мета?Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Канада станала „резервен тим“ на САД во нивната воена агресија против Иран.Портпаролот Багеи изјави дека САД ја нарекуваат Канада своја педесет и прва земја, воведуваат царини на нејзините стоки, па дури и се закануваат дека ќе ја казнат за еколошки проблеми. Тој исто така додаде дека одговорот на Отава е само послушност, според новинската агенција Тасним. „Официјална Отава учествува во нелегалната војна на САД против Иран за да го задоволи Вашингтон. Оваа ситуација покажува дека Канада повеќе не се согласува со САД, туку е сведена на улога на резервен тим“, рече Багеи. Извор: Б92Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделениеОпштина Центар и оваа учебна година продолжува со мерката за обезбедување бесплатни училишни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во осумте општински основни училишта.Мерката, која Општината ја воведе минатата година, продолжува и во учебната 2026/2027 година, со цел да се намалат социјалните разлики меѓу учениците и да се создаде училишна средина во која секое дете ќе се чувствува еднакво и прифатено. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека обезбедувањето бесплатни униформи е дел од заложбите на Општината за еднакви услови за сите деца. „Училиштето треба да биде место каде што децата ќе се разликуваат по знаењето, трудот и успехот, а не по тоа кој што носи и колку неговите родители можат да си дозволат. Токму затоа минатата година ја воведовме оваа мерка, а продолжуваме и оваа година. Со бесплатните униформи сакаме да ги намалиме социјалните разлики, да спречиме тие да бидат причина за поделби или булинг и кај децата да го зајакнеме чувството дека сите подеднакво припаѓаат на своето училиште“, порача Герасимовски. Секој ученик ќе добие комплет од пет памучни парчиња – две маици со јака, две маици со долги ракави со јака и еден дуксер со патент. Општина Центар ќе продолжи со оваа мерка и во наредните учебни години, при што бесплатни униформи ќе се обезбедуваат и за новите генерации ученици. Покрај бесплатните униформи, Општина Центар и оваа година ќе обезбеди бесплатни ранци за сите првачиња запишани во осумте општински основни училишта, како дополнителна поддршка за семејствата и убав почеток на нивното прво училишно поглавје. Со овие мерки, Општина Центар продолжува да инвестира во образование во кое секое дете има еднаква можност, еднаков третман и услови непречено да се посвети на учењето и својот развој. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзминатата седмица санкционирани 122 непрописно паркирани возила на територија на Општина ЦентарЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 10.08 до 16.08.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 122 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Тагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook