Двоцифрена инфлација, раст на БДП едвај 3% годинава

Расте песимизмот кај економистите за состојбата во домашната економија. 

Прогнозираат инфлација од близу 10% за годинава, повеќе од Владата која со ребаланост на буџетот ја проектира на 7,2%. Бројките се должат на глобалните случувања. Институтот Фајненс тинк прогнозира далеку полоши бројки и за растот на БДП. Пресметале дека економијата нема да забележи раст ниту 3%, - Владата пак предвидува 3,2 отсто.

„Неизвесноста во економијата значајно се засили по Руската инвазија врз Украина на крајот од февруари 2022. Изгледите за растот на Европскиот континент се влошија, а интензитетот на конфликтот укажува на подолготрајност на ценовните притисоци во споредба со првичните прогнози. Оттука, Finance Think надолно ја ревидира проекцијата за растот на БДП во 2022 на 2.8%, додека годишната инфлација се проектира на 9.7%.“ пишува во публикацијата на Фајненс тинк

Додека статитстика измери подобрување во економијата и раст од 2,4% за првиот квартал годинава, според дел од експертите бројките не се воопшто добри. Универзитетскикот професор Бранимир Јовановиќ, очекува и полоши резултати за вториот квартал, а не исклучува земјава да влезе и во рецесија до крајот на годинава.

„Во првиот квартал ние очекувавме многу повисок БДП. 2,4% во првиот квартал кога немаше толку висока инфлација и кога немаше војна всушност не е ништо добро. Не е никаков добар резултат. Тој резултат е полош од оној кој ние го очекувавме. Ефектите од повисоката инфлација и војната во Украина допрва ќе ги видиме. / Во април економијата не е воопшто во добра состојба. Може да имаме пад на БДП дали во вториот квартал или во остатокот од годината.“ изјави Бранимир Јовановиќ, универзитетски професор

Паѓаат очекувањата и кај меѓународните институции. ММФ годинава трет пат ќе прави надолна корекција на прогнозите за светската економија. За повеќе земји предвидуваат да влезат и во длабока рецесија, каде и за колку ќе се објават следниот месец.

Разбиена е „крофна мафија“ на Халкидики, се води војна меѓу албански и бугарски кланови (ВИДЕО)

Грчките медиуми објавија документи за операциите на „крофна мафијата“ на плажите на Халкидики, чии членови неодамна биле уапсени од грчката полиција.

Како што пренесуваат медиумите во Грција, членовите на криминалната организација ги принудувале луѓето на кои им биле потребни пари да продаваат крофни на екстремно високи температури, а потоа им земале поголем дел од пазарот, често со физичка принуда. Од производителот наводно ги купиле крофните за 50 центи, на продавачот му дале 50 центи, а добивката од едно или две евра одела во џебовите на организаторите на „акцијата“.

Просечно продавале околу 600 крофни дневно, а заработката изнесувала меѓу 600 и 1.200 евра, во зависност од тоа дали една крофна чини две или три евра. Споменатото апсење не е прв случај на апсење на членови на „крофна мафијата“ во Грција. Минатата година грчките медиуми објавуваа за оваа криминална група, наведувајќи дека на овој дел од грчкото крајбрежје се водат вистински војни меѓу „клановите“ на продавачи на крофни. Војната главно се води меѓу бугарски и албански граѓани, кои сакаат да го постигнат приматот во продажбата на крофни на плажите на Халкидики, пишуваат медиумите.

„Слушнав истрел и некој рече дека ќе земе граната. За среќа, луѓето излегоа и бев спасен“, е сведоштвото на четириесет и четиригодишен Грузиец кој бил жртва на напад на плажа на Неа Мармарис на Халкидики.

Странец кој живее во Грција во последните 25 години и продава крофни, преку своето сведочење, што го откри грчкиот портал „protothema.gr“, го опиша нападот на „мафијата за крофни“ На празна улица во Никити, четири непознати мажи се забарикадирале се неговиот автомобил, го паркирале возилото, црн „фолксваген“ туарег со покриени регистарски таблички, му го попречиле патот.

„Сигурен сум дека ме нападнаа затоа што продавав крофни на плажите на Халкидики“, додава тој.

Од автомобилот излегле четири лица, кои заедно со уште двајца поминале покрај автомобилот на продавачот на крофни и почнале да го удираат. Истовремено, дел од сторителите фрлале камења кон жртвата при што ги оштетиле стаклата на возилото. Додека жртвата постојано била удирана со тупаници, видел како еден од нив вперил пиштол кон него и пукал. Куршумот не го погодил, додека веднаш по пукањето слушнал како еден од напаѓачите вели: „Земете ја гранатата и одиме“.Потоа сторителите побегнале со автомобил кон плажата.

„Сите излегоа и застанаа до моето возило. Се обидоа да ја отворат вратата, но прво не успеаја. Потоа еден почна да фрла по мене со големи камења, друг ме удри со тупаница по лицето, додека третиот ме клоцна по ребрата.Ја покрив главата со рацете бидејќи силно ме удираа.

Одеднаш слушнав истрел и луѓето кои дотогаш ме удираа одеднаш рекоа некој да ја најде и да ја земе гранатата. За среќа, луѓето излегоа на балконите и терасите, тие влегоа во Туарегот и отидоа на плажата Никити“, го опишува нападот Грузиецот.

Во контекст на претресот на возилото, идентификуван е обвинетиот К., за кој се вели дека е мозокот на организацијата „крофна мафија“.Туарегот што го управувал имал траги од удар на предниот десен браник, што ја потврдува жртвата и описот на вмешаноста на возилото во нападот врз него. Во автомобилот бил пронајден нож со сечило од 6,5 сантиметри. При усен распит, К. признал дека учествувал во нападот на четириесет и четиригодишникот и конкретно признал дека го удрил двапати по лицето, но негирал дека пукал и вмешал други луѓе.

Како причина за инцидентот, тој навел претходен, несреќен, полесен судир меѓу неговото и оштетеното возило, за кое изјавил дека не знаел, па успеал да ги убеди истражителот и обвинителот да го ослободат под рестриктивни услови до судењето. Наводниот водач на бандата и извршител на нападот и претходно ги загрижил властите бидејќи против него е поведена постапка за повеќе тешки кривични дела, како што се разбојништво, изнуда, киднапирање, кражба, кражба на животни, прекршоци со оружје, како и за телесни повреди и закани .

Како што пишуваат корисниците на социјалната мрежа Фејсбук во групата „Во живо од Грција“, оваа приказна продолжила и оваа година. Уапсени се сите членови на криминалната организација, околу дванаесет, чиј лидер бил триесет и деветгодишен Грк. Оваа група принудувала странци да продаваат крофни во нивно име на 19 плажи на Халкидики. Тие се уапсени на возраст меѓу 17 и 52 години, пишуваат медиумите.

Со закани по живот, физички казни, вклучително и споменатото пукање минатата година, успеале да ги растераат и другите продавачи на брза храна по плажите. Истовремено уценувале и изнудувале барови на плажа и ресторани за брза храна. Како што јавија медиумите, констатирано е дека во најмалку седум случаи членови на споменатата криминална група употребувале закани по живот, нанесувајќи и физички повреди и огнено оружје против други.


Бугати со таинствена најава за новиот модел (ВИДЕО)

Големото деби ќе се случи на 19-ти овој месец во Quail, собир организиран како дел од Monterey Auto Week.

Bugatti не открива многу, но описот на најавата звучи дека овој автомобил ќе биде доста значаен. Имено, видеото на кое се гледа само задното светло во форма на V не открива многу, но е придружено со описот „последниот автомобил од ваков вид“.

Со оглед на моменталната електрификација, работите се прилично јасни за овој мистериозен автомобил. Ова е веројатно последниот дериват базиран на Chiron и последното Bugatti во чист октански облик, без електрична помош. Сè потоа ќе биде под силно влијание на новото раководство на компанијата, кое веќе се одлучило за електрификација. Прашање е само колку тоа ќе влијае на наследникот на Chiron.

Chiron и сите негови верзии се распродадени, а наследникот најверојатно ќе треба да почека до 2024 година, кога ќе биде првпат претставен.

Русите тврдат дека разбиле исламистичка терористичка ќелија

Врвниот функционер на Крим тврди дека руската безбедносна служба ФСБ разбила, како што рече, шестчлена терористичка ќелија на забранета исламистичка група.

Информациите доаѓаат еден ден откако серијата напади на Крим го уништија клучниот железнички центар што се користеше за снабдување на руските војници и како воена воздушна база.

„Сите се приведени. Терористичките активности беа координирани, како што се очекуваше, од територијата на терористичката држава Украина“, објави Сергеј Аксјонов на Telegram. Тој тврди дека уапсените биле членови на исламистичката група Хизб ут-Тахрир, која е забранета во Русија. Русија претходно соопшти дека нападите ги извршиле саботери. Украина не ја презеде одговорноста за нападите.

притисни ентер