Две тела се пронајдени во австриска сауна, полицијата се сомнева на две работи - Канал 5

Две тела се пронајдени во австриска сауна, полицијата се сомнева на две работи

Две тела биле пронајдени во сауна на приватен имот во австрискиот град Силингдорф, соопшти полицијата.

Две тела се пронајдени во австриска сауна, полицијата се сомнева на две работи

Роднините ја алармирале полицијата и итната помош, откако никој не им одговорил, пренесе Стандард.

На местото на настанот пристигнала и екипа на Брза помош. Се обиделе да реанимација, но за жал не успеале да ги спасат.

Полицијата веднаш извршила увид на местото на настанот и започнале истрага за трагедијата.

Според првичните резултати од истрагата, полицијата се сомнева дека лицата се задушиле од јаглерод моноксид, или дека се работи за продолжено самоубиство.

Телата се испратени на обдукција, по што ќе бидат познати повеќе детали.

Засега не се соопштуваат ниту полот, ниту возраста на лицата чии тела се пронајдени.

Засега нема нова распределба на пратеници, вели Гаши

 Претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека во Собранието состојбата е статус кво во однос на нова распределба на пратениците.

Засега нема нова распределба на пратеници, вели Гаши

-Сега засега во Собранието е статус кво во однос на нова распределба на пратениците, се е како што било. Значи, сите пратенички групи кои се формирале на почетокот на овој нов собраниски состав продолжуваат да работат, а ако имаме нови промени ќе треба тоа официјално да го достават до службите и до мене, за да ги информирам потоа другите пратенички групи и пратенци, рече Гаши, на денешниот брифинг со новинарите.

Собранискиот спикер во коментар за одлуката на крилото на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари да одат сами на локалните избори а не со заеднички листи за кандидати за градоначалници и советници со коалицијата Влен нагласи дека во моментов нема нова ситуација во однос на прераспределба на пратеници во други групи.

Сиднеј Свини ќе го продуцира новиот филм заснован на видеоиграта „Аутран“

 Американската глумица Сиднеј Свини и режисерот Мајкл Беј ги здружија силите заради новиот филмски проект заснован на видеоигра од 1980-тите, насловена „Аутран“ (OutRun).

Сиднеј Свини ќе го продуцира новиот филм заснован на видеоиграта „Аутран“

Адаптацијата ќе биде продуцирана, пред сѐ - од „Јуниверзал пикчрс“ (Universal Pictures). Продукциската куќа со ова цели кон продолжување на низата успешни филмски адаптации на популарни видеоигри, како што се неодамнешните хитови „Филмот за Супер Марио“ што сo буџет од 100 милиони долари заработи повеќе од 1,3 милијарди, или „Пет ноќи кај Фреди“ (Five Nights at Freddy's) којшто стигна до 290 милиони долари.

Мајкл Беј ќе го режира филмот, а Свини ќе го продуцира проектот, покрај Бред Фулер, и неговата продуцентска куќа „Платинум дјунс“ (Platinum Dunes). Тору Накахара, кој е заслужен за успешната адаптација на играта „Соник: Супер Еж“ (Sonic the Hedgehog), исто така ќе го продуцира овој проект, а претседателот на „Сега“, Шуџи Уцуми ќе ја надгледува продукцијата. Сценариото е на Џејсон Ротвел, пренесува „Варајети“ (Variety).

По хоророт „Безгрешна“ (Immaculate), и трилер-авантурата „Еден“ (Eden) од 2004 година, Сиднеј Свини во мигов работи на шест нови проекти, според Семрежната филмска база на податоци - ИМДБ.

МНР ја демантира Левица за работењето на Конзулатот на Република Македонија во Њу Џерси

-Станува збор за паушални и целосно неточни наводи кои не соодветствуваат со фактичката состојба, се наведува во соопштението.

МНР ја демантира Левица за работењето на Конзулатот на Република Македонија во Њу Џерси

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во денешното соопштение категорично ги демантира неточните информации изнесени од страна на политичката партија „Левица“, поврзани со работењето на Конзулатот на Република Македонија во Њу Џерси.

-Станува збор за паушални и целосно неточни наводи кои не соодветствуваат со фактичката состојба, се наведува во соопштението.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, ја информираат јавноста дека дипломатско-конзуларното претставништво функционира со редовно работно време и е целосно на располагање за сите услуги и потреби на македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави.

притисни ентер