Добиле дојава за безживотно тело –полицијата попусто 5 часа ја пребарувала шумата (ВИДЕО) - Канал 5

Добиле дојава за безживотно тело –полицијата попусто 5 часа ја пребарувала шумата (ВИДЕО)

Петчасовната драма се одвивала во северна Германија откако полицијата добила дојава за шокантно откритие во шумата.

Добиле дојава за безживотно тело –полицијата попусто 5 часа ја пребарувала шумата (ВИДЕО)

Случаен минувач забележал „безживотно тело на жена во сина пластична кеса“ и ги алармирал властите, кои пристигнале на местото на настанот користејќи дронови и друга опрема.

„Најбизарната операција“

Со часови, со асистенција на пожарникари ја пребарувале областа, а потоа се случи шокантен пресврт на настаните! Во сина кеса ИКЕА пронашле секс кукла која некој ја фрлил длабоко во шумата, пренесува Метро.

Полицијата ја извадила пластичната кукла, додека на погребната екипа ѝ било кажано да си оди дома.

Лентата на местото на злосторството исто така е отстранета, со што заврши една од „најбизарните полициски операции во овој дел на Германија“, се вели во соопштението.

Драма во паркот

Ова не е првпат секс куклите да се најдат во центарот на неверојатните приказни. За потсетување, на почетокот на 2022 година, полицијата во Џорџија доби пријава за „безживотно тело“ пронајдено на патека во Националниот парк Хичити.

По итна интервенција било утврдено дека се работи за русокоса кукла со големина на човек по име Селена.

Таа била облечена во кратки сини шорцеви и розова маичка, а очигледно изгледала неверојатно „живо“.

Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека се водат трговски преговори со неколку земји, вклучувајќи ги Мексико, Јапонија и Кина, и ги опиша како продуктивни.

Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори

Како што јави Си-Ен-Ен, Трамп на мрежата „Трут сошла“ напиша дека разговарал со претседателот на Мексико и со највисоките трговски претставници на Јапонија, додека Кина, како што рече, е меѓу земјите што сакале средба со неговата администрација.

Како што наведе, кинески извори велат дека се отворени за преговори, но под услови на меѓусебно почитување и реципроцитет.

Италијанскиот премиер Џорџа Мелони денеска отпатува за Вашингтон на разговори во Белата куќа.

Путин: Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска за време на состанокот со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани во Москва дека Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток.

Путин: Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток

„Нашите односи стануваат се посилни. Неодамна во Доха се одржа меѓувладина комисија и ми се чини дека беше многу корисна. Катар е еден од нашите приоритетни партнери воопшто, а особено на Блискиот Исток“, рече Путин.

Додаде дека во билатералните односи е изградена долгогодишна добра традиција.

Европската централна банка ги намали основните каматни стапки седми пат по ред

Европската централна банка (ЕЦБ) ги намали основните каматни стапки седми пат по ред. Одлуката беше објавена денеска на крајот од дводневниот состанок на ЕЦБ за монетарната политика.

Европската централна банка ги намали основните каматни стапки седми пат по ред

Каматната стапка за депозитите е намалена за 0,25 процентни поени на 2,25 отсто - ниво под кое последен пат беше во декември 2022 година, кога беше 2 отсто. Останатите две водечки стапки - основната стапка на рефинансирање и каматата на маргиналните кредитни средства - исто така се намалени за 0,25 процентни поени - соодветно до 2,40 проценти и 2,65 проценти.

Ова го засили трендот на намалување на каматните стапки, кој почна во јуни минатата година.

Состанокот за монетарната политика на ЕЦБ се одржа во момент кога траат тензиите предизвикани од царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп. И иако стапувањето во сила на дел од нив е одложено, економската состојба останува неизвесна./МИА

притисни ентер