Две недели беснеат пожарите на североистокот на Грција, секој ден избувнуваат нови (ВИДЕО) - Канал 5

Две недели беснеат пожарите на североистокот на Грција, секој ден избувнуваат нови (ВИДЕО)

Пожарот во Еврос на североистокот на Грција гори веќе 14-ти ден, а пожарникарите се борат да ја сопрат огнената стихија и да спречат пожарот да се прошири кон Суфли и Протоклис.

Две недели беснеат пожарите на североистокот на Грција, секој ден избувнуваат нови (ВИДЕО)

Во гаснењето на пожарот учествуваат 582 пожарникари со 129 возила и 16 единици без возила, како и шест авиони и два хеликоптери, јавува порталот Катимерини.

Вкупно во регионот изгореа повеќе од 808,7 квадратни километри.

Вчера избувнаа 32 нови шумски пожари, додека противпожарните единици изгаснаа 68 пожари низ Еврос.

На Парнита, планина северно од Атина, пожарникарите гаснат пожар на југозападната страна.

Ризикот од пожари останува висок во многу делови на Грција и денес, а членовите на Противпожарната служба и понатаму се во општа готовност.

Двајца високи претставници на Противпожарната служба за „Катимерина“ изјавија дека нема оперативни слабости во гаснењето на пожарот во Еврос, кој трае веќе 14 дена и оценија дека пожарот не може веднаш да се изгасне.

Наведоа дека приоритет е безбедноста на луѓето и инфраструктурата и посочија дека за ширење на пожарот придонеле ветровите и сувото земјиште.

Но, граѓаните и претставниците на локалната самоуправа укажуваат на проблеми во координацијата кога на едно место дејствуваат пожарникари од други места, кои не ја знаат морфологијата и спецификите на загрозеното подрачје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Кочани, лишени од слобода две лица

На 27.08.2026 полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Д.С.(42) и В.З.(26) двајцата од Кочани, по претходни оперативни сознанија дека се сторители на повеќе тешки кражби на подрачјето на ОВР Кочани.

Претрес во Кочани, лишени од слобода две лица

Извршен е претрес во нивните домови, со претходно издадена судска наредба, при што биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело по член 236 од Кривичниот законик на РМ.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода возач од Шведска, на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената

На 27.08.2026 околу 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „фолксваген“ со српски национални ознаки, управувано од М.С.(39) од Шведска. 

Лишен од слобода возач од Шведска, на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената

При извршена проверка преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.С. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возилото со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. М.С. е лишен од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши: Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина

Претседателот на собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

Гаши: Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина

По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упатувам искрени честитки до сите православни верници и до сите граѓани кои го одбележуваат овој значаен празник.

Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина и нека нè потсети на вредностите што нè обединуваат како општество.

Во духот на соживотот и почитувањето на различностите, да продолжиме заеднички да градиме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и еднаков.

На сите кои го празнуваат, им посакувам добро здравје, благосостојба и пријатни празнични мигови со своите најблиски.

Со почит,

Африм Гаши

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер