Општина Илинден додели 60 решенија за исплата на еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели
1Општина Илинден додели 60 решенија за исплата на еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели
3Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзи
БалканДве деца загинаа по пожар во Бачка ТополаДва дена по трагедијата во Нови Пазар кога загинаа четири деца, Србија ја потресе нов трагичен настан.Две деца на возраст од две и три години загинаа во пожар во Стара Моравица, кај Бачка Топола. Останатите од повеќечленото семејството успеале да побегнат, скокајќи низ прозорецот, а среќа во несреќа било што четири од осумте деца во моментот на пожарот биле на училиште. Изгорената куќа му била дадена на семејството како социјална помош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Илинден додели 60 решенија за исплата на еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панелиОпштина Илинден продолжува со реализација на мерките за поддршка на граѓаните преку унапредување на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина. Во рамки на Програмата за финансиска поддршка на жителите, успешно беше реализиран Јавниот повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди или соларни панели. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денес ги додели првите решенија, од вкупно 60 граѓани кои ги исполнија условите од јавниот повик, со што им е овозможена исплата на еднократна парична помош за набавка на овие енергетски ефикасни производи. Градоначалникот Георгиевски истакна дека целта на оваа мерка е да се поттикнат домаќинствата во Општина Илинден да користат современи и високоефикасни системи за затоплување и ладење. Со користењето на инвертер клима уреди и соларни панели се намалува потрошувачката на енергија, се остваруваат финансиски заштеди за домаќинствата и се придонесува кон почиста и поздрава животна средина. Со мерката се обезбедува кофинансирање во висина од 50 проценти од вредноста на набавениот инвертер клима уред или соларен панел, односно до максимален износ од 10.000 денари по производ. Општина Илинден и понатаму останува посветена на креирање и спроведување мерки што директно го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните, истовремено поттикнувајќи енергетска ефикасност, одржлив развој и заштита на животната средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСерискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
ФудбалКристијано Роналдо доведе нов селектор, а сите очекуваа дека ќе се пензионира?!Капитенот на Португалија, светската фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо доведе нов селектор по оставката на Мартинез, иако поголем дел од јавноста очекуваше дека тој ќе се пензионира, но изгледа дека 41 годишниот фудбалер сè уште размислува на така. Новиот селектор на Португалија ќе биде легендарниот Жорж Жезус. Може да се случи Кристијано Роналдо да не се откаже од португалската репрезентација, особено затоа што неговиот тренер од Ал Наср, Жорж Жезус, ќе биде назначен за нов селектор. Искусниот 71-годишен стручњак од Португалија им ги украде титулите на Ал Наср и Роналдо во Саудиска Арабија , а потоа кога беше отпуштен, го презеде тимот на Роналдо и му ја донесе титулата. Иако ги тренираше Брага, Бенфика, Спортинг, Фенербахче, тој рече дека тоа е најголемиот предизвик во неговата кариера. Откако беше елиминиран од Светското првенство во осминафиналето од Шпанија, поранешниот селектор Роберто Мартинез поднесе оставка, а многумина сметаа дека по повеќе од две децении, 233 натпревари и 146 гола, време е Кристијано да ја заврши својата репрезентативна кариера. Сепак, на 41 година, се чини дека не се откажува, бидејќи се чини дека е донесен селектор по негов вкус. Поранешниот просечен фудбалер, Жорж Жезус стана врвен тренер и раководеше со речиси сите важни португалски клубови - од Мадеира, Естрела Амадора, Виторија Сетубал, Виторија Гимараеш, Униао Леирија и Мореиренсе до Брага, Бенфика и Спортинг. Во странство работеше само во Ал Хилал, Ал Наср, Фенербахче, а освен домашни титули го освои и Купот Интертото во 2008 година.Тагови: Кристијано Роналдо Португалија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: ММФ ги разби лагите на Мицкоски за „третата“ економијаММФ ги разби лагите на Мицкоски за „третата“ економија – македонската економија расте побавно дури и од Косово.Македонската економија ќе расте побавно од економиите во регионот во следните пет години, дури и Косово е пред нас. Меѓународниот монетарен фонд ги разби лагите и пропагандата на Мицкоски за некаква „трета“ економија во Европа. Според ММФ – во следните пет години македонската економија во просек ќе расте само 3 проценти. Пред Македонија се Албанија со 3,19 проценти, Србија со 3,5 проценти, Молдавија, Украина, Косово со 3,95 проценти. Ова е реалноста и вистината. Сè друго беа политички лаги. Впрочем граѓаните тоа најдобро го знаат и го чувствуваат со своите празни паричници и празни фрижидери. Мицкоски со лаги дојде на власт, со лаги владее. Ветуваше дека економијата ќе биде „тигар“, ветуваше „инвестициски бум“, ветуваше подобар животен стандард. Ништо не исполни. Две години подоцна, резултатите се поразителни, а цената ја плаќаат граѓаните – со празни џебови и сè потежок живот. По две години власт на ВМРО-ДПМНЕ, економските показатели се катастрофални. Странските директни инвестиции во 2025 година паднаа за 61% – еден од најлошите резултати во регионот. Индустриското производство во мај падна за 2%. Бројот на работници во индустријата е намален за 2,6% во мај годинава споредено со истиот период лани. Граѓаните живеат крпен живот – потрошувачката кошничка е скоро 70.000 денари само за основни трошоци. Пензискиот фонд е во катастрофална состојба, дупката продлабочена за 40%, а власта го загрози и вториот пензиски фонд – оваа Влада ја доведе во ризик исплатат не само на сегашните, туку и на идните пензионери. Буџетот е празен, нема пари. На средина од годината го истрошија целиот дефицит. Единствено нешто во што оваа Влада е успешна – се задолжувањата. Таму им нема конкуренција – за две години направија нов долг од 2,5 милијарди евра. Јавниот долг се искачи на скоро 11 милијарди евра – пари од кои ништо нема за граѓаните, има само за криминалните партиски тендери на ВМРО. Мицкоски сам си се разобличи и со ребаланост – тој е јасно признание за промашени политики, за тотален колапс. Се кратат пари токму таму каде што се создава економска вредност, кај поддршката на компаниите, младите, социјално ранливите граѓани и друго. Само не се крати од луксузот на власта. Со коригираната инфлација од 4,5%, власта признава дека граѓаните ги чека уште поскап и потежок живот. Домашното задолжување неконтролирано расте и со ова темпо до крајот на годината јавниот долг ќе надмине 61,5% од БДП. Со Мицкоски и неговата расипничка Влада, Македонија ризикува да остане на дното, не затоа што нема потенцијал, туку затоа што оваа власт ниту има развојна стратегија, ниту сака да им помогне на граѓаните. Наташа Поповиќ СДСМ Скопје, 09.07.2026 СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСерискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43