Двајца актери приведени во полициска станица, прекинале проба на театарска престава

Двајца актери вчера попладне биле приведени во полициска станица Гостивар по пријава дека ги попречувале активностите на Гостиварскиот театар. 

Актерите сметаат дека се неправедно отстранети од претставата и за тоа не добиле образложение.

Актерите Берат Салији и Арѓент Хасани денеска дадоа појаснување за вчерашниот настан и бараат одговори и реакции на надлежните иснтитуции.

– Ние бевме дојдени на проба со останатите актери, но бевме изнесени со лисици на рацете од театарот. Наводно сме ја попречувале работата. Нејасна е реакцијата на директорот Висар Вишка, бидејќи ние баравме и уште бараме образложение зошто сме отстранети од претставата која почна да се подготвува април годинава. Ние ќе си ги бараме правата и да се вратиме во актерската екипа, вели Арѓент Хасани.

Неговиот колега Берат Салији, кој претходно беше назначен за директор на Гостиварскиот театар, смета дека ваквите постапки имаат политичка заднина и мотиви кои немаат врска со културата и театарот.

– Бев ангажиран од самиот почеток на подготвките на претствата „Натан мудриот", а по мојата смена како директор, бев отстранет и од преставата на нејасен начин. Наводно не сме ги почитувале дисциплината и режисерските насоки. Но, повеќе од јасно е дека мотивите за оваа „игра" се политички мотивирани, вели Салији.

Вршителот на должноста директор на Гостиварскиот театар, Висар Вишка за МИА потврди дека тој ја повикал полицијата, бидејќи бил нарушен работниот процес.

– Бев принуден на таков чекор и како одговорен за редот, морав да побарам помош од полицијата. Тие и претходно попречија проба, но успеавме некако да се разбереме. Суштината на целата работа е што тие двајца актери и претходно побараа да се смени режисерот Сулејман Рушити. Тоа е нелогично. А, за да продолжиме со работата и обврските, решивме да најдеме нивна замена. Тие се отсранети бидејќи не ја почитуваа дисциплината и не доѓаа на проби, изјави Висар Вишка.

Актерите кои се отстранети од преставата најавуваат уште реакции и како што рекоа правдата ќе бараат по инстиуционален пат.

Од СВР Тетово го потврдија настанот и дека интервенирале на поплака во Гостиварскиот театар. Случајот целосно е расчистен и против А.Х. изготвен е соодветен поднесок за сторен прекрошок од областа на јавниот ред и мир.

Гостиварскиот театар беше формиран на почетокот на годината со владина одлука. Во него треба да работат 30-тина професионални актери и технички персонал. На почетокот на септември, дојде до смена на раководното место. Според програмата, оваа година требаше да бидат поставени три претстави, но досега не е одиграна ниту една. Поголемиот дел од вработувањата веќе се реализирани и се работи на обезбедување просторни услови во Ценатрот за култура АСНОМ Гостивар./МИА

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија, професорите ги поддржуваат студентите.

Студентите кои протестираат против војната меѓу Израел и Хамас на универзитетите низ САД денеска ветија дека ќе продолжат со демонстрациите, а професорите ги осудија претседателите на универзитетите кои повикаа полиција да ги отстрани демонстрантите од кампусите.

Додека Универзитетот Колумбија продолжува да преговара со пропалестинските демонстранти, советот на универзитетот во петокот усвои резолуција за формирање работна група за истрага на раководството на администрацијата, која минатата недела ја повика полицијата да ги евакуира студентите, што резултираше со застој и повеќе од 100 приведени.

Полицијата привела околу 100 луѓе денеска наутро во обид да го расчистат пропалестинскиот протестен камп на Нортистерн Универзитетот во Бостон поради антисемитски навреди, соопштија од НВУ.

Акцијата беше преземена откако демонстрантите кои прибегнаа кон „вирулентни антисемитски навреди, вклучително и „Убиј ги Евреите“, ја преминаа границата“, се вели во соопштението на универзитетот на Х.

Иако универзитетот постојано поставуваше, а потоа ги одложуваше роковите за отстранување на кампот поставен од демонстрантите, универзитетот испрати е-пошта до студентите во петокот вечерта во која се вели дека враќањето на полицијата во кампусот во овој момент би било контрапродуктивно, јавија американсккте медиуми.

Пахор подготвува предлог за дијалог меѓу Белград и Приштина

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, денеска соопшти дека подготвува нацрт за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, денеска соопшти дека подготвува нацрт за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој, како што наведе, сака прво да го координира со високиот комесар на ЕУ за надворешни работи и безбедност. Политика, Жосеп Борел.

„Поранешниот претседател Пахор подготвува нацрт и рамка за продолжување на дијалогот, но тој сака прво да го усогласи со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел и земјите-членки на ЕУ, особено со земјите од Квинта“, објави на профилот на X.

Пахор нема да одговара на новинарски прашања и барања за интервјуа што ги добива во пресрет на улогата на кандидат за специјален претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања.

Шкријељ: Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме

Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме, европска иднина.

Санела Шкријељ, кандидат за пратеник во ИЕ2

Пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ по повод 27 април, годишнината од крвавиот четврток во Собранието, во својата изјава пред Собранието изјави:

Собранието е претставнички дом на граѓаните и место каде треба да се натпреваруваме со идеите за подобар квалитет на животот на сите граѓани, а не со насилство. Можеме да имаме различни ставови по секое едно прашање и да ги спротивставуваме своите аргументи за тоа, но никогаш повеќе не смееме да дозволиме пратениците, собраниските служби, новинарите и медиуските работници на најбрутален и насилнички начин да бидат нападнати и да им биде загрозен животот токму тука, во она што треба да биде храмот на демократијата.

Како пратеници, треба да покажеме дека државата ја сакаме со ум, а не со насилство. Да се спротивставиме на политиките на делби и ширење омраза, да не дозволиме повторно газење врз слободата, врз демократијата, пресметување со неистомисленици, напади врз новинари. Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме, европска иднина!

Нема откажување од иднината!

СДСМ

притисни ентер