Дукати понуди Ламборџини на две тркала, позната е и цената (ВИДЕО) - Канал 5

Дукати понуди Ламборџини на две тркала, позната е и цената (ВИДЕО)

Мотоциклот е инспириран од новиот модел на Lamborghini.

Дукати понуди Ламборџини на две тркала, позната е и цената (ВИДЕО)

Погодувате, токму Revuelto беше модел во креирањето на овој мотоцикл за избраните. Накратко, Ducati понуди мотоцикл кој најдобро опишува што треба да биде Lamborghini на две тркала.

Како што сугерира името, Ducati Panigale V4 Lamborghini е базиран на новиот модел Panigale V4 S. И да, цената надминува некои спортски автомобили. Имено, додека Panigale V4 S започнува од 34.790 евра, за верзијата Lamborghini треба да се издвојат значително повеќе, дури 74.400 евра. За утеха да кажеме дека верзијата Tricolore Italia е уште поскапа и чини 85.000 евра.

Заслугата за високата цена оди на новиот, уште поатрактивен оклоп. Направен е од карбон, а го следи уникатен заден дел со ново седиште и алуминиумски бандажи инспирирани од Revuelt. Точката на i е титаниумскиот издув на Акрапович и системот за сува спојка.

Мотоциклот тежи 185 kg или 2,3 kg помалку од оригиналниот модел. Од друга страна, се уште зборуваме за моторот 1.1 со 218,5 КС и 122,1 Nm.

И за крај уште едно појаснување. Ducati ќе произведе 630 примероци од овој модел на две тркала, но на сопствениците на Lamborghini ќе им понуди уште поспецијална верзија на Panigale V4 Lamborghini Speciale Clienti. Овој ќе чини над 92.000 евра.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Важни избори за членови на Претставничкиот дом на САД за два дена

Во вторник, на 3 ноември, Американците ќе излезат на гласање за конгресните избори, кои ќе го одредат односот на силите во Вашингтон во текот на последните две години од мандатот на претседателот Доналд Трамп. 

Важни избори за членови на Претставничкиот дом на САД за два дена

Повеќе од 200 милиони граѓани имаат право на глас на овие избори, кои доаѓаат по две години одбележани со високи трошоци за живот, војни и обвинувања за корупција.

Гласачите ќе ги изберат сите 435 членови на Претставничкиот дом на САД – кои имаат двогодишен мандат – како и 35 од 100-те американски сенатори, кои се избираат со шестгодишен мандат. Американците, исто така, ќе избираат гувернери во 36 сојузни држави, членови на државните законодавни тела, а ќе одлучуваат и за бројни прашања ставени на гласање.

Изборите во средината на мандатот традиционално се сметаат за референдум за поддршката на претседателот и неговата партија. На овие избори, партијата на претседателот често губи пратенички места, а промената на мнозинството во Конгресот може значително да го ограничи просторот за политичко маневрирање на претседателот.

Според најновиот просек од анкетите на „RealClearPolitics“ (RealClearPolitics), Демократите имаат предност во испитувањата за тоа која партија гласачите би ја поддржале на изборите за Конгресот. Кон крајот на октомври, овој просек изнесуваше 51,5 отсто за Демократите и 43,1 отсто за Републиканците.

На изборите одржани пред две години, гласаа приближно 155 милиони луѓе. На претходните избори во средината на мандатот, на гласање излегоа околу 122 милиони од вкупно повеќе од 240 милиони регистрирани гласачи. Излезноста на ваквите избори е традиционално помала отколку на претседателските избори.

Интересот за овогодинешните избори е очигледен и преку предвременото гласање. До завршната фаза од кампањата, десетици милиони Американци веќе го искористија своето право на глас, при што бројот на предвремени гласови се приближува до 50 милиони, според податоците објавени од „Асошиејтед прес“.

Претседателот Трамп, исто така, веќе гласаше. Во текот на целата кампања, тој ги повикуваше гласачите од Републиканската партија да се однесуваат како тој самиот да е на гласачкото ливче.

Сепак, претседателот не се кандидира на овие избори.

Демократите моментално имаат 214 места во Претставничкиот дом, додека републиканците го држат мнозинството. За да се обезбеди контрола врз овој дом, кој брои 435 пратенички места, потребни се најмалку 218 места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар Богојески

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни

Според УХМР времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²).

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност од денес до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има во недела и во вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m². Од среда и во деновите потоа ќе се задржи стабилно време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер