ДУИ: Ги осудуваме обидите за меѓуетнички тензии како параван за неспособноста на Мицкоски - Канал 5

ДУИ: Ги осудуваме обидите за меѓуетнички тензии како параван за неспособноста на Мицкоски

Демократската унија за интеграција (ДУИ) по трагичниот пожар во Кочани, во кој животот го загубија 60 млади лица, ја нагласува итната потреба за одговорност и обезбедување почитување на сите стандарди за да се спречат вакви трагедии во иднина.

ДУИ:  Ги осудуваме обидите за меѓуетнички тензии како параван за неспособноста на Мицкоски

За жал, по оваа катастрофа, граѓаните се сведоци на загрижувачко однесување од актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Мицкоски.

Наместо да преземе брза и решителна акција и да ги повика на одговорност оние кои се вистински виновни, владата се вклучи во активности за бегање од одговорност на актуелните функционери и се оддаде на создавање непотребни етнички тензии.

Во моментов Мицкоски со неосновано апсење на албанци се обидува да предизвика меѓуетнички тензии, како параван за неуспесите на владата и како алатка за предизвикување етнички раздор.

ДУИ најостро ги осудува неодамнешните апсења на поединци кои немаат врска со трагедијата, како средство за оттргнување на вниманието од вистинските виновници.

Овие постапки без докази покренати од институциите на Мицкоски, служат за насочено таргетирање на поединци за политички цели.

Очигледно е дека додека се користат поединци како жртвени јагниња, оние на моќни позиции, вклучително актуелни министри и директори, остануваат на слобода и покрај нивната целосна одговорност за оваа трагедија.

Ги повикуваме институциите:

1. Да не работaт по “Законот на Мицкоски”, туку да ја потврдат својата посветеност за почитување на владеењето на правото и заштита на правата на сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност.

2. Да спроведе темелна и транспарентна истрага за трагедијата во Кочани, базирана врз докази, со тоа обезбедувајќи гаранции дека вистински одговорните лица ќе ги сносат последиците, без разлика на нивната политичка определба.

3. Да се фокусира на решавање на легитимните барања на сите погодени од оваа трагедија и на пошироката јавност која бара правда, за што е неопходно да се истражат темелно сите факти кои предизвикале да се случи оваа хаварија која однесе 60 животи, за истото никогаш да не се повтори.

Мицкоски да престане со селективниот пристап и апсења без соодветни докази, да ги ослободи оние кои биле незаконски приведени без доказен материјал или соодветна постапка.

ДУИ останува посветена на правдата, еднаквоста и благосостојбата на сите граѓани и ја повикува меѓународната заедница и локалните граѓански организации да се придружат во застапувањето за правично и праведно решавање на оваа еднострано наметната криза во која вистински одговорните ги водат постапките и со тоа влијание се обидуваат да се изолираат од одговорност, се наведува во партиското соопштение.

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс.

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс рече дека сигурно би добила 20 годишна суспензија и одземање на сите освоени грен слем титули доколку би била позитивна на допинг тест како во случајот со светскиот рекет број еден Јаник Синер минатата година.

Синер прифати тримесечна забрана во февруари по договорот со Светската антидопинг агенција, која ја оспори одлуката на независен суд да го ослободи од вината по двата позитивни теста за анаболниот агенс клостебол.

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс, која се пензионираше во 2022 година откако освои 23 грен слем трофеи.

„Синер е одличен за овој спорт, потребен му е на машкиот тенис. Но, да го направев тоа јас, ќе добиев 20-годишна казна“, додаде таа.

Синер, чија забрана истекува на 4 мај, отсекогаш тврди дека е виновен, иако неговиот случај иницира прашања за тоа дали добил повластен третман од спортските федерации./МИА

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

 Се очекува тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти да ја напушти клупата на шпанскиот гигант по финалето на Купот на кралот, што ќе се одигра на 26 април против Барселона во Севиља, дознава „Скај Спорт“.

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

Анчелоти дополнително ги подгреа сомнежите околу неговата иднина во Реал вчерашната елиминација од Арсенал во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Според „Скај Спорт“, 65-годишниот италијански стратег ќе остане на клупата на Реал до финалето на домашниот Куп, но се очекува потоа да го напушти клубот.

Анчелоти сè почесто се споменува и како најсериозен кандидат за нов селектор на Бразил, а оваа вест би можела и официјално да биде потврдена пред крајот на сезоната.

Фото: ЕПА

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје, прецизирајќи дека извршил безброј „отворени и прикриени“ акции кои ја уназадиле иранската нуклеарна програма за „речиси една деценија“.

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Ова е прва изјава на Нетанјаху за Иран откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги почна преговорите со Техеран во обид да склучи нов ирански нуклеарен договор.

- Како што многупати изјави премиерот – Израел нема да дозволи Иран да се здобие со нуклеарно оружје, се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.

- Премиерот предводеше безброј акции, отворени и прикриени, во борбата против иранската нуклеарна програма, без која Иран денес би имал нуклеарен арсенал. Тие акции ја вратија иранската нуклеарна програма речиси една деценија назад, се додава во соопштението.

Западните земји, предводени од САД, се сомневаат дека Иран сака да се здобие со нуклеарно оружје. Техеран ги отфрла тие обвинувања и го брани правото на нуклеарна енергија за цивилни цели, особено за енергија.

Иран и САД, кои немаат дипломатски односи од 1980 година, минатата сабота ги одржаа првите разговори, со посредство на властите во Оман, за иранската нуклеарна програма.

Втората средба на официјалните претставници на двете земји е закажана за в сабота во Рим./МИА

притисни ентер