Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Шоу бизДуетот Сузана Гавазова и Љубчо Ѓоргиев се победници на „Фолк фест Валандово 2025“Дуетот Сузана Гавазова и Љубчо Ѓоргиев се победници на синоќешното, 38. издание на „Фолк фест Валандово 2025“, со песната „Љубовта да расцути“ од Миле Барбаровски, по текст на Ѓорѓи Барбаровски, а аранжманот е на Дарко Илиевски. Тие добија најмногу гласови од стручното жири и од публиката, со чии гласови беше избран победникот. Второто место му припадна, исто така, на дуетот Василија Петрова и Благоја Грујовски кои ја исполнија песната ,,Што си ветивме“, додека третото место го освои Смиља Митреска која ја отпеа песната „Дојди“. За најдобар дебитант е прогласен Чеде Спасиќ кој ја испеа песната „Наздрави пријателе“, а наградата за најдобра интерпретација и беше доделена на Јованка Јо која настапи со песната „Што љубов беше“. Награда за животно дело постхумно му беше доделена на Гоце Арнаудов за се што создал на македонската музичка сцена и вредноста што ја оставил зад себе, а во ревијалниот дел настапи доајенот на македонската фолк песна, Перо Христов. Инаку, на Фестивалот се натпреваруваа 22 композиции созададени во духот на македонската фолк музика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамТакси без возачи од денес на улиците на ЗагребЗагреб влезе во нова фаза на тестирање на автономно возење: Верне и кинеската компанија Пони.аи започнаа тест возења на роботакси без возач и без оператор за безбедност во возилото.Автомобилите моментално возат на делница од 22 километри што ја поврзува деловната зона Бузин со аеродромот Фрањо Туѓман. Компаниите наведуваат дека ова е прв тест од ваков вид на јавни патишта во Европа. Досега, роботаксито на Верне имаше присутен оператор за безбедност за време на комерцијалните патувања кој можеше да ја преземе контролата. Сега тој го нема, но возилото го управува систем за автономно возење, додека операторите на Верне го следат возилото од далечина, објавува Јутарњи лист. Важно е да се напомене дека оваа фаза сè уште не е достапна за корисниците. Не е можно да се нарача возење без оператор преку апликациите Верне или Убер. Ова е тест што постепено ќе се прошири на подрачјето каде што Верне веќе обезбедува услуги во Загреб. Тројно партнерство Вернe е компанија од екосистемот на Матe Римаc, додека технологијата за автономно возење ја обезбедува кинеската Пони. Убер е трет партнер, а неговата апликација треба да овозможи нарачување роботски такси во иднина. Верне објави дека неговите возила поминале повеќе од 200.000 километри во неколку илјади патувања со корисници од почетокот на комерцијалното работење во април. Просечната оценка на патниците е 4,7 од 5. Компанијата тестира и нова конфигурација на кабината. Совозачкото седиште е отстрането, ослободувајќи дополнителен простор за багаж и голем екран. Функциите на возилото и кабината се контролираат преку централен екран на допир помеѓу задните седишта. Целосно автономното возење засега е во фаза на тестирање, но неговото воведување претставува важен чекор кон комерцијални роботски такси без човек зад воланот.Тагови: Загреб роботакси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКривична пријава за 48-годишен скопјанец поради напад врз поранешна партнеркаНа 09.09.2026 година, во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, В.С. физички ја нападнал неговата 46-годишна поранешна партнерка.Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против В.С. (48) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик. На 09.09.2026 година, во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, В.С. физички ја нападнал неговата 46-годишна поранешна партнерка. По преземени мерки и активности, од страна на судија на претходна постапка му е определена мерка притвор во траење од осум дена.Тагови: кривична пријава Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗасилени сообраќајни контроли за лесни електрични возила и мотоцикли - констатирани 185 прекршоциВо текот на контролата констатирани се и 443 прекршоци од друг вид.Вчера (10.09.2026), Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, во периодот од 17:00 до 21:00 часот, спроведе засилени акциски контроли на целата територија на државата за санкционирање на прекршоците што ги чинат возачите на лесни електрични возила, велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. Во рамки на засилените контроли, констатирани се 152 прекршоци кај возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, при што најголем дел, односно 120 прекршоци, се однесуваат на некористење заштитен шлем. При контролата на лесните електрични возила констатирани се 33 прекршоци најголем број поради некористење велосипедска патека, велосипедска лента или патека наменета за велосипедисти. Од вкупниот број прекршоци, најголем дел се констатирани на подрачјето на СВР Битола – 45, потоа СВР Тетово – 26, СВР Велес и СВР Струмица по 25, СВР Охрид – 20, СВР Штип – 13, СВР Скопје – 12, СВР Куманово – 10 и девет од Мобилната единица за безбедност во сообраќајот. Во текот на контролата констатирани се и 443 прекршоци од друг вид. Поднесени се и пет кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook