МакедонијаДржавна матура - Вибер група со решенија од тестот повторно „исплива“ меѓу ученицитеИако матурантите годинава наместо во училниците државната матура ја полагаа во училишните холови и спортските сали, со цел да се намали можноста од препишувања, сепак тоа не се случи.Исто како и лани, на Вибер група со речиси 7000 членови се споделуваа решенијата од испитот по мајчин јазик. До редакцијата на Канал 5 пристигнаа фотографии од групата на кои, според тајмингот, се гледа дека учениците уште пред почетокот на испитот го фотографирале тестот, а неколку часа подоцна почнале да се споделуваат и одговорите. Од Државниот испитен центар потврдуваат дека тие се споделените прашања, но не можат да потврдат дали тестот е пробиен претходно или по почетокот на полагањето кога ученици го фотографирале и го препратиле во вибер групата. Директорката на центарот Билјана Михајловска најголем дел од одговорноста за протекувањето на тестот ја гледа во самите тестатори. - Некогаш се случува да носат повеќе од 1 телефон, еден телефон да го остават на местото каде што треба а другиот да го задржат кај себе. Работа на тестаторот е да го забележи тоа. Мислам дека тука има многу улога и тоа тестаторот како ја завршил својата работа бидејки мене ми е неверојатно да некој човек е задолжен да надгледува 15 ученици и воопшто да не забележи некој ученик го извадил телефонот, го фотографирал тестот, па добил текст, па го препишал цел текст од телефон, а притоа тоа да не се забележи воопшто. . Измените во просториите за полагање на државната матура, доаѓаат откако и лани група средношколци преку Вибер група ги споделуваа тестовите и одговорите на прашањата.. Испитот по мајчин јазик започна во 10 часот утринава и траеше 3 ипол часа. Го нагледуваа околу 2000 тестатори и 250 набљудувачи. Следниот испит ќе биде на 8ми јуни, а првичните резултати се очекуваат најдоцна до 8 јули. Но каде потоа се гледаат средношколците? - Дали ја гледаш иднината овде во Македонија или можеби некаде во странство? -Да ја гледам. -Планирам да се запишам на Технички факултет дали ФИНКИ или ФЕИТ сеуште размислувам. - Да, но изгледа нема да останувам во Македонија. - Апсолутно сметам дека секој што има талент и е надарен треба да остане во државата за да може своите способности да ги донесе тука и да направи вистинска промена. Планирам да се запишам на економски факултет на УКИМ. - Ќе видиме и двете се опција дефинитивно. -На Американ колеџ ќе се запишам. Оние матуранти кои во јунската сесија нема да ја положат држаната матура, вклучувајќи ги и оние чии тестови би биле поништени поради препишување, ќе имаат можност да се пријават и повторно да ги полагаат во августовската сесија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
МакедонијаМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо нивоПремиерот Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот.Премиерот Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот, но и разговори со финансиски институции и компании за конкретни проекти во енергетиката, високата технологија и воената индустрија. Мицкоски со владината делегација прво оди во Вашингтон, а потоа оттаму ќе заминат во Њујорк каде ќе учествуваат на годинешното Генерално собрание на Обединетите нации. Премиерот најави дека една од средбите во главниот град на САД ќе биде со претставници на финансиската инстутиција ДФЦ, која, потсети, е веќе присутна во земјава преку инвестицијата во проектот „Крстовдол“, кој во јавноста е познат како „Амтимон“. Според него, оваа институција пројавила интерес и за други проекти во енергетиката и напредната технологија.Прашан во вечерашното интервју дали на агендата е можеби и состанок со бугарската делегација, премиерот одговори дека до овој момент таква средба немаат во план.на дополнително прашање дали има информации за носење уставни измени со одложено дејство со цел одблокирање на интегративниот процес, тој рече дека не може да сподели такви информации во јавноста.Тагови: САД Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
МетеоСончево со мала облачност, попладне локално дождВремето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени. До крајот на работната седмица ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност. Утре во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. аместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Утре ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а од среда ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСообраќај по суви коловози и без поголеми задржувања на граничните премини.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ.Умерена фреквенција на патиштата надвор од градовите, а на граничните премини нема подолги чекања. Охрид–Ресен преку Галичица е отворен за возила до 3,5 тона. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата. Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Патниот правец Охрид–Ресен, преку Националниот парк „Галичица“, е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тони.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17