ЕвропаХаос во Торино: Повредени се над 100 полицајци во насилните протести (Вознемирувачко видео) Во протести организирани во Торино поради затворањето на левичарски културен центар се повредени повеќе од сто припадници на безбедносните сили, објавија властите.Десет лица се приведени вчера по судир меѓу полицијата и демонстрантите. Досега нема официјални податоци за бројот на повредени меѓу демонстрантите, но се издадени налози за апсење на двајца демонстранти. Протест против затворањето на културниот центар на левицата Протестите беа организирани поради спротивставување на иселувањето на културниот центар Аскатасуна, кој со децении беше место за состаноци на левичарската сцена во Торино. Објектот беше затворен непосредно пред Божиќ. 🇮🇹 #Italy: Protests have turned violent as clashes have erupted a few hours ago between antifascists and Italian riot police in Turin. It is reported that hundreds of protesters initially marched through Turin to protest the government's decision to evict and seal off the… pic.twitter.com/4R4K8pMkRL — POPULAR FRONT (@PopularFront_) February 1, 2026 Околу 15.000 луѓе вчера маршираа низ центарот на градот, при што многумина истакнуваа палестински знамиња, а протестот на крајот се претвори во немири. Од толпата беа фрлани камења и други предмети кон полицијата, беа користени молотови коктели, а беа запалени и канти за ѓубре. За време на немирите беше запалено и полициско комбе. Безбедносните сили одговорија со употреба на солзавец и водни топови во обид да ги растераат демонстрантите. Еден демонстрант беше однесен со повреди на главата. Во видео што кружи на социјалните мрежи, може да се види млад полицаец како лежи на земја додека маскирани демонстранти го клоцаат и некои го удираат со чекан. Quanto accaduto oggi a Torino, durante il corteo degli antagonisti contro lo sgombero dello stabile Askatasuna, è grave e inaccettabile. Uno sgombero legittimo di un immobile occupato illegalmente è stato usato come pretesto per scatenare violenze, incendi, lanci di bombe carta… pic.twitter.com/AtVLzMVxfD — Giorgia Meloni (@GiorgiaMeloni) January 31, 2026 Властите соопштија дека 29-годишниот полицаец претрпел сериозни, но некритични повреди. „Напад врз државата“ Италијанската крајно десничарска влада ги осуди немирите, нарекувајќи ги „напад врз државата“, а премиерката Џорџија Мелони ги обвини учесниците во немирите за обид за убиство. In Italy, the government is cracking down on social clubs whose members are generally from left to extreme left, recently they closed the Askatasuna, which was the main social club in Turin. The people did not like this, they're now engaging in clashes with the police. pic.twitter.com/YmTbozUslT — MedManOG (@MedManOG) January 31, 2026 Левичарските активисти постојано ја обвинуваат администрацијата на премиерката дека се справува со левичарските институции, истакнувајќи дека властите не реагирале во случаи кога десничарските групи окупирале одредени згради.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Сидни Свини никогаш по провокативна Жежок спектакл со една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание. Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција. Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд. Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време. „Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници. Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови. На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето. Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги. Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира. Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаВселенско летало по осум години стигна до Меркур Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност. Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка. Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време. По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата. Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата. Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08