Неколку стотици исчезнати во ненадејни поплави и лизгање на земјиштето во Непал, на границата со Тибет
2Неколку стотици исчезнати во ненадејни поплави и лизгање на земјиштето во Непал, на границата со Тибет
3Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
1Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница
СветГардијан: Оптичките дронови го менуваат текот на војната во Украина На украинскиот фронт се појавува нова закана – оптички дронови поврзани со команден центар преку кабли долги до 20 километри, кои не користат радио сигнали и со тоа стануваат речиси невозможни за попречување по електронски пат.Овие таканаречени „жичени камикази дронови“ предизвикуваат сериозни промени во начинот на борба, а украинските и руските сили сè почесто ги користат, пишува Гардијан. Капетанот Јуриј Федоренко од украинската дрон-единица „Ахил“ вели дека станува збор за одговор на сè посилното попречување на конвенционалните ФПВ дронови. „Ако пилотите се искусни, можат да летаат ниско, меѓу дрва, каде што стандардните дронови губат сигнал“, објаснува тој. Руските сили моментално имаат предност во користењето оптички дронови, пред сè благодарение на подобриот пристап до кабли. Тие особено се истакнаа за време на контраофанзивата кај Курск, кога со овие дронови уништија значајни украински позиции. На фронтот, борците и медицинските тимови веќе ги чувствуваат последиците. Во регионот Покровск, дневните евакуации на ранетите станаа речиси невозможни поради неможноста за попречување на дроновите. „Тоа сега е главниот проблем на првата линија“, вели еден воен болничар. Експертите проценуваат дека дроновите, вклучувајќи ги и оптичките, учествуваат во 70 до 80 проценти од сите воени загуби на фронтот. Оптичките дронови, според аналитичарот Самуел Бенедето, први влегуваат во напад бидејќи не се подложни на електронско попречување. Тие ги нишанат противничките системи за попречување и со тоа го отвораат патот за стандардните дронови. Во импровизирани работилници, како една во Харков, украинските сили изработуваат стотици дронови, од кои сè повеќе се опремени со оптички кабли. Проблем остануваат цената и обуката – каблите се чувствителни, а на пилотите им треба посебна обука поради поинаквото управување. Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави забрзување на производството. - Од почетокот на годината развиени се повеќе од 20 сертифицирани модели на овие дронови. Единаесет домашни фирми веќе ги произведуваат, рече тој. Командантот на армијата, генерал Олександар Сирски, извести дека се погодени „77.000 непријателски цели“ со дронови, вклучително и оние со домет до 20 километри. Во исто време, украински дронови погодија фабрика за производство на оптички кабли во Саранск, длабоко во територијата на Русија. Руски извори тврдат дека тоа била единствената таква фабрика во земјата. Сепак, и за оптичките дронови постојат противмерки. Освен мрежи кои ги фаќаат каблите, украинските сили експериментираат со техники за пресекување на жиците. „Сите прашуваат дали може кабелот да се уништи. Ќе кажам само дека е многу цврст, но работиме на тоа“, вели Федоренко, наведува Гардијан. Фото: ГардијанТагови: дронови украина Гардијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Поради смртта на Доли Партон, знамињата во САД една недела на половина копјеАмериканскиот претседател Доналд Трамп нареди во чест на американската кантри пејачка и актерка Доли Партон, која почина вчера, знамињата во САД да се спуштат на половина копје во текот една недела.Ова е вистинска загуба за милиони луѓе. Никогаш немало никој како неа, ниту некогаш ќе има. Почивај во мир, Доли. Светот те сака, напиша Трамп на социјалните мрежи. Легендарната американска пејачка, текстописец и икона на кантри музиката почина на 80-годишна возраст, а дел од медиумите објавија дека таа се борела со канцер. Партон освои 11 греми награди, меѓу кои и за животно дело. Со 160 милиони продедени албуми се сметаше за една од најуспепните кантри пејачки на сите времиња. Тагови: Доли Партон Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНеколку стотици исчезнати во ненадејни поплави и лизгање на земјиштето во Непал, на границата со ТибетСтотици луѓе се водат за исчезнати, од кои околу 300 странски државјани и туристи, во ненадејните поплави кои го зафатија регионот на границата меѓу непал и тибет.Непалските власти проценуваат дека загинале неколку десетици луѓе, а дека трагаат по речиси 400, повеќето странци. Министерот за надворешни работи на непал соопшти дека причина за поплавите бил земјотрес, кој предизвикал големи свлечишта и масивни лизагања на земјиштето. Би-Би-Си објави дека најголем дел од исчезнатите биле индиски државјани, но и 12-мина британски. This is seriously scary. CCTV footage from Gyirong Port in Tibet, China, directly opposite Nepal’s Rasuwa district. This flash flood hit here first and later caused massive havoc in Nepal. Can’t even imagine someone surviving this. Prayers for everyone affected. 🙏 https://t.co/o805P8KGSu pic.twitter.com/31QzZ64aBD — Nikhil saini (@iNikhilsaini) August 26, 2026 Тагови: Непал тибет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПет пожари се активни, од вкупно 14 што избувнале денеска, соопшти ЦУКДо 13 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи.Од нив, се уште активни се пет пожари, три се ставени под контрола, а шест се целосно изгаснати. Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково, каде огнот зафаќа мешана шума во реонот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале. Пожар е активен и во реонот на селото Трново во општина Гостивар, со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод. Таму гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат. Во општина Росоман активен е пожар кај селото Манастирец, каде се зафатени лозови и овошни насади. Пожар има и кај селото Тисовица во општина Зелениково, каде гори мешана шума и ниска вегетација, како и над селото нежилово во општина Чашка, во месноста Сватови, каде се зафатени ниска вегетација и смреки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter