Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)
1Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)
СветЗеленски: Украина е подготвена за директни разговори со Русија Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот.„Подготвени сме и да забележиме дека, по прекинот на огнот, подготвени сме да седнеме во кој било формат“, им изјави украинскиот претседател Зеленски на новинарите на брифингот, објави Инсајдер. Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев. Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура. „Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот, за што двете страни се обвинуваа меѓусебно.Тагови: зеленски путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаИзгасната е климата во зградата на ЕК поради топлотниот бран- на катовите на функционерите, работиПоради топлотниот бран што ја зафати Европа, седиштето на Европската комисија вчера беше принудено да го исклучи системот за климатизација на долните катови.Вработените што работат во зградата Берлејмонт добија СМС-порака напладне: „БЕРЛ - ИТНО - Поради екстремни временски услови, системот за климатизација од 1-ви до 7-ми кат е принуден да се исклучи до крајот на денот“. Во тринаесеткатната зграда се наоѓаат канцелариите на претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен, нејзините 26 комесари и околу 3.000 вработени. Белгија и поголемиот дел од Европа беа погодени од топлотен бран минатата недела со рекордно високи температури, пишува Политико. „Како во феудализмот“ Одлуката предизвика незадоволство кај дел од персоналот бидејќи горните катови, каде што се наоѓаат канцелариите на комесарот и претседателката фон дер Лајен, го одржуваа климатизацијата. „Ова е како феудализам“, изјави за Политико во петокот функционер на Комисијата од пониско ниво, зборувајќи под услов да остане анонимен. Друг функционер се согласи дека тоа е „срам“. Трет вработен кој работи на осмиот кат рече дека дури и со вклучен клима уред, температурата во канцеларијата била 25,7 степени. Претходни упатства и поширок проблем Европската комисија издаде упатства за своите вработени претходно оваа недела, препорачувајќи избегнување на излегување во најжешкиот дел од денот, редовно пиење вода и започнување на работниот ден порано. Сепак, тој совет ги налути некои вработени кои работат во згради без климатизација, како што се оние во Генералниот директорат за земјоделство (DG AGRI), според интерните комуникации што ги виде Политико. Топлотниот бран повторно ја разгоре дебатата за недостатокот на климатизација во домовите и канцелариите низ Европа, каде што само една петтина од домаќинствата имаат климатизација. Во Белгија, една петтина од возовите немаат климатизација, поради што националната железничка компанија беше принудена да откаже голем број линии во шпицот. Проблеми и во Европскиот парламент Европскиот парламент, исто така, се соочи со проблеми оваа недела, каде што имаше прекин во снабдувањето со електрична енергија поради зголемена потрошувачка предизвикана од зголеменото работење на системот за ладење.Тагови: Европска комисија топлотен бран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаАлбанец од Британија се бори за живот по страшната повреда на одмор во МарбејаАрди Балиу (27), Албанец од Велика Британија, се бори за живот по трагичната несреќа за време на одмор на популарна плажа во Марбеја, Шпанија, каде што доживеал фрактура на 'рбетот, објавува „The Mirror“.Според весникот, Балиу никогаш повеќе нема да може да оди откако сериозно го повредил 'рбетот кога скокнал на глава во морето за време на одморот и не успеал да излезе на површина. Балиу, од Нортхемптон, Англија, пристигнал на одмор во Марбеја, на Коста дел Сол во Шпанија, само пред неколку дена, кога тој и еден пријател решиле да го посетат познатиот залив Кало де Моро, место кое често го посетуваат туристите. Сепак, откако Арди скокнал на глава во водата, неговиот пријател се загрижил кога 27-годишникот не се вратил на површина. Тој викал и барал помош од луѓето што биле во близина. Други пливачи успеале да го извлечат од водата и да го донесат на брегот. Штом бил извлечен на плажата, Арди им рекол на луѓето што му помогнале дека не ги чувствува нозете. Потоа со хеликоптер бил префрлен во болница. Градежниот работник сега се бори за живот, додека неговото семејство собира пари за да го вратат во Велика Британија, каде што досега се собрани повеќе од 34.000 фунти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУапсени се 11 возачи, од нив осуммина немале возачка дозволаЛишени од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило, од нив осуммина возеле без возачка дозвола.Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, осуммина (четворица во Скопје и по еден во Прилеп, Гостивар, Велес и кавадаречко) управувале возило без возачка дозвола. Поради возење под дејство на алкохол лишени до слобода се двајца возачи (Куманово и Кавадарци), а еден возач во Скопје возел и покрај тоа што за него имало изречена забрана за управување. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter