3ВМРО-ДПМНЕ: Преку општините во Македонија се реализираат 1.200 проекти кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните
Веб ТВДревните Бугарите биле во врска со Атлантида но и прво крвно ниво со Исус?!?Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаАктивни пожарите во Ресен, Зелениково, Боговиње и Македонски БродСедум пожари се уште се активни, еден е ставен под контрола, а 16 изгаснати информираа од центарот за управување со кризи.Активни се пожарите на потегот меѓу селата Бела Црква и подмочани во општина Ресен, каде гори борова шума и ниска вегетација, како и меѓу селата Копаница и Радуша во општина Сарај, каде е зафатена нискостеблеста шума и ниска вегетација. Активни пожари има и над селото Палиград во општина Зелениково, над селото Нежилово на месноста сватови во општина Чашка, кај селото урвич во општина Боговиње, кај селото Градец во општина Врапчиште и кај селото Драгов Дол во општина Македонски Брод.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаСДСМ: Мицкоски не смее да побара одговорност од Стоилковиќ, затоа што мисли како негоХристијан Мицкоски молчи за својот пулен во Владата, Иван Стоилковиќ, по величењето на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.Мицкоски не смее ниту да го спомене Стоилковиќ, а камоли да побара негова одговорност. Луѓе кои величаат осудени воени злосторници и релативизираат воени злосторства не треба и не смеат да извршуваат јавни функции. Особено што во конкретниот случај постои и кривично дело согласно Кривичниот законик, што се однесуваат на одобрување или оправдување геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства. Мицкоски мора јавно да одговори: Дали се согласува со ставовите на својот министер Иван Стоилковиќ? Дали Ратко Младиќ е и негов „генерал“? Ако не се согласува, тогаш нека ги осуди ваквите ставови и нека ги разреши Стоилковиќ и Китановиќ. Или не смее, бидејќи нема дозвола за Стоилковиќ? СДСМ подолго време предупредува дека ваквите провокации не се изолирани инциденти. Тие се вклопуваат во поширока политика од операцијата “Талог“ на создавање тензии, поделби меѓу граѓаните и етнички провокации, која Мицкоски ја спроведува по налог на Вучиќ. Стоилковиќ навредува пратеници во Собранието и го велича Ратко Младиќ. Паралелно, во јавниот простор Латас води кампањи исполнети со навреди, етикетирање и дехуманизација на политичките противници. Влегува српска медиумска маншинерија преку преку Еуроњуз и Ало, на сомнителен начин и со заобиколување на законите. Ништо не е случајно. Ова е свесна политика на Мицкоски и неговата криминална група – да ја држат Македонија далеку од ЕУ, во изолација а поблиску до авторитарни сили и источни влијанија. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Преку општините во Македонија се реализираат 1.200 проекти кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓанитеМакедонија денес е едно големо градилиште. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира сериозен инвестициски циклус во општините, со кој се надминуваат деценискиот недостаток на инвестиции и запоставеноста на локалната инфраструктура. Низ општините во целата држава во моментот се реализираат околу 1.200 инфраструктурни проекти со поддршка од Владата. Тоа се конкретни проекти кои директно го подобруваат квалитетот на живот за граѓаните со нови и реконструирани патишта, водоводи и канализации, подобра животна средина, модерни училишта, спортски терени, културни објекти и подобри јавни услуги. Преку два јавни повици, Владата на општините им стави на располагање средства од унгарскиот кредит, кои денес се преточуваат во конкретни капитални инвестиции со кои се развива локалната инфраструктура, но истовремено се поттикнува и домашната економија. Само преку ресорот транспорт и врски се реализираат 814 проекти во вкупна вредност од над 11 милијарди денари. Од нив, 382 се целосно реализирани, додека 432 се во напредна фаза на реализација. Во областа на животната средина се реализираат 183 проекти, во вредност од над три милијарди денари. Од нив, 45 се целосно завршени, а 138 се во фаза на реализација. Додека за ресорот образование одобрени се 55 проекти, со кои се инвестира во нови училишта, реконструкција на постојните објекти, училишни спортски сали и спортски терени. Седум проекти се целосно завршени, а на 48 интензивно се работи. 36 проекти во вредност од близу 770 милиони денари се одобрени за македонскиот спорт, од кои 10 проекти се целосно завршени, а 26 се во реализација, а Владата одобри и 18 проекти во културата вредни над 822 милиони денари, додека за социјалната политика се реализираат 10 проекти во вредност од над 771 милион денари. Вкупно 80 општини добија финансиска поддршка од Владата за развој и капитални инвестиции насочени кон патната инфраструктура, детските градинки, спортските терени и комуналната инфраструктура. Поддршката е видлива во секој дел од државата. За општините Гази Баба и Прилеп, вкупната поддршка од двата јавни повици за капитални проекти достигна 12 милиони евра, за Велес се обезбедени 9 милиони евра, додека за Неготино обезбедени се над четири милиони евра за 12 проекти, во Дебар се финансираат 26 проекти, во Битола 81, во Струмица 13, во Крива Паланка пет проекти. Тоа што е важно да се напомне е дека зад инвестициите во образованието стојат подобри услови за учениците, зад инвестициите во спортот стојат подобри услови за младите и спортските клубови. Зад проектите во животната средина стојат решени децениски комунални проблеми, додека зад инвестициите во инфраструктурата стојат подобри патишта. Инвестициите во културата значат зачувување на македонското културно наследство, додека проектите во социјалната политика значат подобри услови за граѓаните кои зависат од јавните услуги. Ова е разликата меѓу празни ветувања и работа. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во цела Македонија, затоа што развојот и подобрите услови за живот треба да стигнат до сите граѓани без разлика на нивното место на живеење. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter