КултураДрамски со две претстави гостува на Фестивалот на монодрама во БитолаДрамски театар Скопје вечерва и утре гостува на 27. Интернационален фестивал на монодрама во Битола (2026). Под мотото „Огледало на вистината“ од 23 до 29 април, фестивалската Битола повторно е на мапата на светска театарска сцена каде што „Еден актер. Една сцена. Една вистина.“ се доволни да се создаде цел универзум од емоции, приказни и трансформации. Вечерва во официјалната фестивалска програма се игра „Драми на принцезите - Џеки“ на Драмски театар Скопје. Претставата е монодрама на режисерката Жива Бизовичар од Словенија, работена по текст на австриската авторка Елфриде Јелинек, која за романот „Пијанистка“ во 2004 година ја добива Нобеловата награда за литература. Во програмската белешка за претставата се истакнува дека во драмскиот текст „Драми на принцезите“ Елфриде Јелинек ја користи фигурата на Џеки Кенеди како културен и медиумски конструкт, а не како приватна, историска личност. Таа е симбол на жената претворена во икона преку траумата, жената чија болка е јавно експонирана, естетизирана и консумирана од масовната култура. Џеки Кенеди во текстот не постои како субјект со сопствен глас, туку како тело и слика врз кои се проектираат машките, политичките и медиумските наративи. Смртта на сопругот не е само лична загуба, туку спектакл, историски момент кој ја замрзнува во улогата на „вечната вдовица“. Јелинек ја проблематизира токму таа позиција: жената која мора да биде достоинствена, убава и тивка додека светот ја набљудува нејзината траума. Премиерата на претставата „Драми на принцезите - Џеки“ се играше на 13 февруари, а вечерашното учество на фестивалот ќе биде нејзина 6. изведба. На утрешното свечено затворање и доделувањето на наградите и наградата гран при на фестивалот, ревијално ќе се игра претставата „Гидионовиот јазол“. Претставата ќе им биде посветена на наградените и на театарската публика што веќе трета деценија го следи фестивалот кој годинава се реализира под слоганот „Огледало на вистината. Еден актер. Една сцена. Една вистина.“ „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претставата работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска. Улогите ги играат актерите Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Ања Митиќ. Режисерката Драгана Милошевски-Попова во програмската белешка истакнува дека претставата „Гидионовиот јазол“ е моќна и вознемирувачка приказна за вината, одговорноста, тагата и сложениот однос во комуникацијата, како и состојбите во образовниот систем, проблемите со кои се соочува детето низ периодот на детството. На училишна средба меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, кој се случува по еден трагичен настан, преку деликатен, емотивно исполнет/напнат дијалог, се отвораат прашањата за детската креативност, слободата на изразување, за уметноста, за одговорноста на наставниците и за родителите, за социјалните мрежи, за врсничкото насилство, за осаменоста, преку кои постепено се разоткрива длабоката болка и се бара, па и се посочува можниот виновник. Премиерата на „Гидионовиот јазол“ беше во мај 2025 година и досега има 18 изведби на матичната сцена и на фестивалите РУТА - Сараево, „Скопско лето“ и фестивалот „Ристо Шишков“ во 2025 година, каде што актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Корин Фел ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. На претставувањето на програмата на 27. Интернационален фестивал на монодрама во Битола, директорот на НУ Центар за култура - Битола, Сашо Илковски и селекторот на фестивалот Благој Мицевски, најавија дека на годинашниот фестивал публиката ја има можноста да проследи 13 монодрамски претстави од 10 држави: Ерменија, Полска, Литванија, Грузија, Киргистан, Шпанија, Казахстан, САД, Израел и Македонија. Во рамките на програмата беа селектирани три македонски претстави, со што фестивалот продолжува да ја поддржува и афирмира домашната театарска продукција. Покрај официјалната натпреварувачка програма, фестивалот и оваа година понуди и OFF- програма, која вклучува ретроспективна изложба „Лауреати на фестивалот“, уличен перформанс „Статуи“ на Широк Сокак, како и неколку тематски работилници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп изјави дека веќе нема напади врз енергетски цели, Русите погодија бензинска во КиевРуски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко .Руски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко – само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се договориле да не ја напаѓаат енергетската инфраструктура на другата страна. Во нападот е повредено едно лице, а погодени се и магацини во друг дел од градот, соопшти Кличко на Телеграм. Сведок на Ројтерс слушнал експлозија во Киев. Погодени бензинска пумпа и магацини, Русија неодамна почна да ги напаѓа бензинските пумпи во Киев, со што го прошири опсегот на своите цели. russian terrorists have already attacked two gas stations in Kyiv this morning. This is the fucking “nuclear power” the world is so afraid of. A country 28 times larger, reduced to terrorizing gas stations in Ukraine’s capital. This is russia’s “great power.” https://t.co/eSi7IISRBL — UAVoyager🇺🇦 (@CrimeanVoyager) September 15, 2026 Според украинските власти, Русија погодила околу 300 бензински пумпи во изминатите неколку месеци, главно во областите долж или во близина на линијата на фронтот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеникКумановското обвинителство ќе спроведе истрага против 40-ет годишен кратовец заради напад со нож на полициски службеник при интервенција.Според обвинителството, осомничениот на 11 септември нападнал службени лица при вршење работи на јавната безбедност поврзани со спречување кривично дело. Кога двајца полицајци употребиле сила за да ја отворат заклучената врата од собата во која се наоѓал осомничениот, тој ги нападнал. При нападот, на еден од полициските службеници со нож му нанел тешки телесни повреди, меѓу кои прободна рана и посекотина. Поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо нивоПремиерот Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот.Премиерот Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот, но и разговори со финансиски институции и компании за конкретни проекти во енергетиката, високата технологија и воената индустрија. Мицкоски со владината делегација прво оди во Вашингтон, а потоа оттаму ќе заминат во Њујорк каде ќе учествуваат на годинешното Генерално собрание на Обединетите нации. Премиерот најави дека една од средбите во главниот град на САД ќе биде со претставници на финансиската инстутиција ДФЦ, која, потсети, е веќе присутна во земјава преку инвестицијата во проектот „Крстовдол“, кој во јавноста е познат како „Амтимон“. Според него, оваа институција пројавила интерес и за други проекти во енергетиката и напредната технологија.Прашан во вечерашното интервју дали на агендата е можеби и состанок со бугарската делегација, премиерот одговори дека до овој момент таква средба немаат во план.на дополнително прашање дали има информации за носење уставни измени со одложено дејство со цел одблокирање на интегративниот процес, тој рече дека не може да сподели такви информации во јавноста.Тагови: САД Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook