3Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани
БалканДрама во Грција: Мајка од Албанија ја претепала бремената ќерка (14) од што абортирала- со мртвото бебе ја пријавила во полицијаНезамислива трагедија се случи во Мениди, Грција, кога 14-годишно девојче од Албанија, кое било бремено, било толку брутално претепано од нејзината мајка по што доживеало спонтан абортус.Девојката наводно отишла во полициската станица носејќи го фетусот во кеса, објавува Прототема. Хоророт се случил во четврток, 27 ноември, кога полицијата добила повик за инцидент во семејството. Тие веднаш излегле на местото на настанот, каде што ја уапсиле мајката (54) за семејно насилство и нанесување тешки телесни повреди. Според медиумите, мајката, од причини кои засега се непознати, брутално ја претепала својата малолетна и бремена ќерка, што предизвикало девојчето да има спонтан абортус. Според полициски извори, девојчето потоа го зело фетусот, го ставило во кеса и го однело во полициската станица. Сега за неа се грижи Центарот за социјална работа.Тагови: ќерка мајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРаспишана потерница за Александар Лазаров – Цуната што им избега на полицајците низ прозорецМинистерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров викан „Цуната“, кој што во петокот избега од полициската станица во Кочани, каде што бил на распит откако бил фатен со дрога..Според информациите, тој го отворил прозорецот и се дал во бегство и уште не е пронајден. Директорот на БЈБ, Александар Јанев, објави дека бил во полициската станица во Кочани за лично да се информира за сите детали и околности поврзани со настанот, кој, како што вели, сериозно ја наруши довербата во полициската служба. -Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности и преземање на соодветни мерки. Сакам јасно да порачам: ова е недозволиво. Доколку се утврди намерно постапување, помагање, прикривање или несовесно извршување на службените задачи, ќе има одговорност. – објави Јанев.. Опозиската СДСМ преку соопштени ја обвини власта дека намерно го пуштала Лазаров и побараа оставка од министерот Панче Тошковски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаОгромен пожар му се заканува на Париз: Наредена евакуација, 400 пожарникари на терен Пожарникарите се борат со пожар од невидени размери што беснее во шумата Фонтенбло, југоисточно од Париз, што ги стави службите за итни случаи во состојба на готовност.Во неделата, пожарот предизвика делумно затворање на автопатот А6, главниот пат во Франција што ги поврзува северниот и јужниот дел од земјата, и го наруши сообраќајот на клучните железнички линии. Парискиот регион останува под највисоко ниво на предупредување за топлотен бран. „Овој исклучителен предел е зафатен од пламен; никогаш не сме виделе вакво нешто“, изјави тој за локалната телевизиска станица „ICI Paris Île-de-France“. Претставници на противпожарните служби изјавија дека може да поминат од неколку дена до неколку недели пред пожарот целосно да се стави под контрола, истакнувајќи дека тој е исклучително агресивен. NOW: A dangerous forest fire is approaching residential areas in the Fontainebleau Forest, Seine-et-Marne, Île-de-France, near Paris, France, with evacuations now underway. More than 800 hectares have already burned. For the first time in the Paris region, two Canadair water… pic.twitter.com/CnrHlSE0TT — Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 13, 2026 Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека се евакуирани околу 900 домаќинства, но дека досега не изгореле куќи и нема повредени лица. Тој додаде дека е во тек истрага за да се утврди причината за пожарот. „Пожарот избувна на околу десет различни локации доцна вчера попладне, што може да укажува на тоа дека е предизвикан намерно. Нема да кажам ништо повеќе за тоа бидејќи истрагата е во тек“, рече Нуњез.Тагови: Париз пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настаниВладеачкото мнозинство во парламентот го изгласа новиот владин кабинет. За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на ВРЕДИ, за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од Движењето ЗНАМ, за нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од ВРЕДИ, за министер за здравство Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ, за нов министер за туризам и култура Седат Сулејмани од ВРЕДИ, за министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ, за министер за локална самоуправа Иван Стоиљковиќ од ДПСМ, а за министер без ресор Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Мицкоски синоќа на крајот од расправата, непосредно пред гласањето на новиот, реконструиран владин кабинет, упати извинување за, како што рече, случувањата во Собранието, изразувајќи надеж дека такви настани нема да се повторат. Пратеничката група на СДСМ претходно ја напушти седницата и на вонредна прес-конференција рече дека премиерот и старо-новиот министер, Иван Стоилковиќ, за време на расправата ги навредиле пратениците на СДСМ, Фатмир Битиќи и Митко Трајчулески. Сепак, револтирани поради тоа што не го добија бараното извинување и од кандидатот за министер Иван Стоилковиќ, пратениците на Социјалдемократскиот сојуз Демократската унија за интеграција и Алијансата за албанците ја напуштија седницата. Веднаш по ова, пратениците гласаа за реконструираниот владин кабинет, а осумтемина нови министри добија поддршка од 69-те присутни пратеници, без гласови против и без воздржани.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55