СветДоживотен затвор за мајката која што си ги уби децата и избега од државата- нивните тела беа најдени во куфери Новозеланѓанката Хакиунг Ли (45) е осудена на доживотен затвор за убиството на нејзините две деца, чии тела подоцна беа пронајдени во куфери.Ли е прогласена за виновна за убиствата на осумгодишната Џун Џо и шестгодишната Минву Џо во 2018 година, кратко по смртта на нејзиниот сопруг, објави денеска Би-Би-Си. Според пресудата, Ли мора да отслужи најмалку 17 години затвор пред да има право на условна слобода. Телата на децата беа откриени во куфери во 2022 година, кога еден пар ја купи содржината на напуштен магацин во Окленд на аукција. За време на судењето, одбраната тврдеше дека Ли била ментално нестабилна во времето на убиствата поради влошување на менталното здравје по смртта на нејзиниот сопруг. Тие рекоа дека Ли се обидела да се самоубие и ги убила децата давајќи им антидепресиви измешани со сок, но дека погрешно ја проценила дозата. Обвинителството, од друга страна, тврдеше дека тоа бил себичен чин да се ослободи од товарот на самохраното родителство. По злосторството, Ли го променила името и избегала во Јужна Кореја, каде што е родена, а била уапсена во септември 2022 година и екстрадирана во Нов Зеланд. На судот биле прочитани емотивни изјави од семејството, вклучувајќи ја мајката на обвинетата и роднините на нејзиниот покоен сопруг, кои ја изразиле својата болка поради загубата на децата. Судијата Џефри Венинг во образложението за пресудата нагласи дека менталното здравје на Ли играло улога, но дека нејзините постапки биле пресметани. Тој препорачал Ли да се третира како „специјален пациент“ за време на нејзиниот престој во затвор, со оглед на нејзината ментална состојба.Тагови: куфери Мајката Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Пејачка го покажа бујното деколтеПопуларната пејачка Лидија Бачиќ Лили, позната по својата енергија и активната комуникација со обожавателите, повторно го привлече вниманието со својата најнова објава на Инстаграм. По серијата летни концерти долж крајбрежјето, пејачката сподели неколку фотографии со кратка и едноставна порака, откривајќи интересен моден избор. Облечена во црн горен дел од бикини од тантела и тексас-здолниште со висок струк, пејачката позираше потпрена на една голема карпа, прикажувајќи опуштена летна комбинација. Нејзината објава, проследена само со краткиот поздрав „Здраво“, предизвика лавина реакции, а фановите, како и обично, ја опсипаа со комплименти и емотикони во форма на оган и срце. Атрактивната пејачка и претходно објави фотки во бикини кои со воодушевување беа прифатени од нејзините фанови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗа излез од Македонија на Богородица и Дојран се чека три часаПовеќе од 17000 лица ја напуштиле македонија во последните 24 часа преку ГП Богородица и ГП Дојран кон Грција.Во истиот период во земјава влегле околу 16000 птници, покажуваат податоците на министерството за внатрешни работи. Преку Богородица во Македонија влегле 5864 македонски државјани а изглегле 5948, од странски државјани влегле 10249, а излегле 11648. На Дојран се евиндентирани 399 влегувања и 1104 излегувања на македонски државјани , странци 1295 влегле, 1174 излегле. Поради големената фреквенција на двата гранички премини се создадени долги колони возила, најголем метеж беше забележан на Дојран, каде колоната возила се протегаше низ целиот Стар Дојран. Од МВР велат дека се ангажирани сите расположливи човечки и технички ресусри за побрз проток на патниците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе запали автобус на „Дурмо Турс“ на автопатот Тетово ГостиварАвтобус на компанијата „Дурмо Турс“ денеска се запали на автопатот Тетово Гостивар, предизвикувајќи вознемиреност кај патниците и останатите учесници во сообраќајот. На социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се гледа како автобусот е зафатен од пламен, додека густ чад се издига над коловозот. Според првичните информации, возачот навреме го запрел автобусот, по што сите патници безбедно биле евакуирани. Засега нема информации за повредени лица, а на местото на настанот интервенирале противпожарни екипи кои го локализирале пожарот. Надлежните институции вршат увид за да се утврдат причините за избувнувањето на огнот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter