Татко ја избодел 15 – годишната ќерка поради „правило на чест“- ужас во Виена - Канал 5

Татко ја избодел 15 – годишната ќерка поради „правило на чест“- ужас во Виена

Петнаесетгодишно девојче е тешко повредено откако нејзиниот татко ја избодел во Виена, објавија медиумите.

Татко ја избодел 15 – годишната ќерка поради „правило на чест“- ужас во Виена

Според полицијата, таткото (50) прво го претепал петнаесетгодишното девојче со тупаници, а потоа ја избодел со кујнски нож.

Девојката имала убодни рани во вратот, главата и грбот.

Успеала да избега и отишла во лекарска ординација. Се струполила пред ординацијата, а внуката на докторот го пронашла девојчето и веднаш го повикала.

Докторот препознал дека девојчето е тешко повредено и веднаш ѝ пружил помош.

„Сè уште можеше да зборува, ми кажа дека сè ја боли“, изјавил за Хојте докторот кој ѝ го спасил животот на девојчето.

Откако ѝ помогнал, девојчето со хеликоптер било пренесена во болница каде што ѝ била извршена итна операција.

Австриските медиуми објавија дека мотивот за нападот бил обид за убиство од чест.

Тој наводно не се согласувал со нејзината врска и сметал дека нејзината врска со момче е голем срам за нивното семејство.

Во судбоносната вечер, тој се скарал со својата ќерка, а во еден момент физички ја нападнал. По нападот, таткото бил уапсен и е во притвор. Оружјето, кујнски нож, било пронајдено на местото на настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Проблемот со водата во Гостивар не е нов, ниту од вчера, тој е последица на децениска негрижа на СДС, ДУИ и Таравари

Опозиционерот Венко Филипче се обидува да држи лекции за здравството и јавното здравје, но граѓаните не забораваат кој со години раководеше со Министерството за здравство и кој беше на власт кога се случуваа проблемите.

ВМРО-ДПМНЕ: Проблемот со водата во Гостивар не е нов, ниту од вчера, тој е последица на децениска негрижа на СДС, ДУИ и Таравари

РЕАКЦИЈА НА СДС

За разлика од некои минати времиња кога водата во Гостивар не била исправна, а никој не дал препораки и насоки да не се пие, сега согласно резултати се даваат препораките, а за скандалот се води постапка и има одговорност

СДС наместо да се засрами и да повика на одговорност во сопствените редови и од коалиционите партнери, продолжува со хистеријата и демагогијата.

Тоа што СДС не се навикнати за одредени случаи секој да е крив туку само вистински одговорните, не. Како што беше и трагедијата со модуларната болница во Тетово, каде дури кабелот беше крив, но Венко Филипче како министер за здравство кој ја подготвил и потпишал тендерската документација, не бил крив.

За тоа и сега кога за случајот со водата за пиење во Гостивар, се води постапка, истрагата е во тек, се испитува целата документација и целиот случај, а најодговорните се приведени. Значи се преземаат сите потребни мерки целосно расчистување на случајот, а во зависност од резултати на направените анализи навремено се даваат насоки и упатства за граѓаните.

За разлика од едни минати времиња на власт на СДС, министер за здравство Венко Филипче, локална власт во рацете на нивните партнери ДУИ и Таравари, кога направените анализи на водата во Гостивар покажувале присуство на бактерии и на неисправна вода за пиење, не се најде никој да даде препораки до граѓаните за да не ја користат.

Оттука, разликите во пристапот се евидентни и на СДС и порачуваме ако сакаат некој да им поверува дека се грижат за здравјето на граѓаните, а не само за политички поени, нека го повикаат на одговорност и нека побараат оставка од градоначалникот Валбон Лимани, кој тие го поддржаа за да станат дел од локалната власт во Гостивар.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Власта си игра со здравјето на луѓето - Водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење

Во над 50 населени места водата не е исправна за пиење.

СДСМ: Власта си игра со здравјето на луѓето - Водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење

Народот се труе а одговорни нема за тоталниот колапс на институциите.

Вчера и официјално беше соопштено дека водата во Гостивар сѐ уште не е за пиење.

Продолжува хиперхлорирањето. Во повеќе примероци сѐ уште се пронаоѓаат бактерии.

Ова е скандалозно.

Хиперхлорираната вода не е наменета за постојана употреба. Додека концентрацијата на хлор е висока, водата не смее да се користи ниту за капење.

Високото ниво на хлор предизвикува иритација на кожата, очите и дишните патишта.

Особено е опасно при топол туш.

А што најавуваа досега?

Мицкоски најави дека водата ќе биде технички исправна и врз основа на таа изјава граѓаните ја користат водата за капење.

Министерот Клековски најави дека до крајот на минатата недела водата ќе биде безбедна за пиење.

Пред два дена Мицкоски повторно изјави дека „за првпат по многу години“ водата ќе биде бактериолошки исправна.

Во исто време, додека министерот најавуваше вода за пиење, Мицкоски рече дека не може - затоа што се појавила нова бактерија.

Ова се случува кога нестручни лица даваат објаснувања.

Секој ден различни упатства.

Граѓаните се збунети, а последиците по здравјето можат да бидат катастрофални.

Сѐ што прават е за политички поени. Резултати нема - само медиумска пропаганда.

Сѐ уште не знаеме кој потпишал дека водата е технички исправна и безбедна за капење.

Ако некој го потпишал тоа, а сега се докаже дека водата не била ни технички исправна, тој мора кривично да одговара.

Тоа што Владата деновиве не го покажува официјалниот документ, наведува на сомнеж дека документ воопшто нема.

Сѐ се работи по налог на Мицкоски, во служба на неговата кампања, а на штета на здравјето на граѓаните на Гостивар.

Не можете да си играте со здравјето на граѓаните.

Сите ќе одговарате!

Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан, Форум на жени

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Возиња пристигна во својот нов клуб, навивачите создадоа незаборавна атмосфера

Возиња пречекан како ѕвезда во новиот клуб .

Возиња пристигна во својот нов клуб, навивачите создадоа незаборавна атмосфера

40 годишниот голман на Зеленортските Острови, Возиња е нов член на чилеанскиот клуб Коло-Коло.

Возиња пристигна во својот нов клуб, навивачите создадоа незаборавна атмосфера. Извонредните одбрани на Светското првенство го исфрлија во преден план во светот на спортот.

Искусниот голман од Зеленортските Острови, Возиња, доживеа спектакуларен пречек во Чиле, каде што ќе ја продолжи кариерата во дресот на локалниот гигант Коло-Коло.

По неговите импресивни настапи на Светското првенство во 2026 година, 40-годишниот голман стана вистинска светска сензација и икона – како во својата татковина, така и низ целиот свет.

Неговите брилијантни одбрани на Светското првенство го лансираа во самиот врв на спортскиот свет, а неговиот профил на Инстаграм доживеа невиден раст, скокајќи од скромни 50.000 следбеници на речиси 30 милиони.

Навивачите на „Коло-Коло“ во огромен број излегоа да го пречекаат на аеродромот, приредувајќи му ентузијастички пречек каков што обично им е резервиран на најголемите светски ѕвезди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер