Драги Ѓоргиев vs Париските Мировни Договори од 1947 год.

„Може да се користат термините окупација, инвазија, па дури и анексија, меѓутоа не и терминот бугарска фашистичка окупација, зашто Бугарија не била фашистичка земја, профашистичка да, меѓутоа фашистичка не“, вели за РСЕ Драги Ѓоргиев.

Во денешното интервју за Радио Слободна Европа, копретседателот на заедничката комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев зборува за начинот како да се приближат ставовите со бугарските колеги, но дава и интересни одговори за тоа како термино „заедничка историја“ се толкува од страна на Бугарија, при тоа потенцирајќи дека за нив „заедничко“ значи Бугарско , па вели:
„Тие подразбираат дека станува збор за историја на еден народ, односно на бугарскиот народ која започнала кон средината на деветтиот век кога првото бугарско средновековно царство ја освојува територијата на Македонија“
Дополнително, професорот Ѓоргиев „открива“ еден сосема нов, и од правен но и од историски аспект, термин - профашистичка земја, па вели дека Бугарија во Втората Светска Војна не била Фашистичка земја туку ПРОфашистичка:
„Според мене, Бугарија не може да ја дефинираме како класична фашистичка земја, како што може да се каже за тогашна фашистичка Италија или нацистичка Германија. Ние може да ја третираме Бугарија како пронацистичка, профашистичка земја, меѓутоа Бугарија не е фашистичка земја во тоа време. Според мене, оној термин кој овде може да се користи, за кој треба да се дебатира, повторно ние не може тоа со наша одлука да го наметнеме се разбира, е да се користат термините окупација, инвазија, па дури и анексија, затоа што овие простори би биле анектирани кон Бугарија доколку победеле силите на оската, меѓутоа не и терминот бугарска фашистичка окупација. Профашистичка да, меѓутоа фашистичка не. Бугарија не е фашистичка земја, според мене, но и според видувањата на голем број научници на запад, нема фашистичко уредување во Бугарија. Постои еден авторитарен режим на Цар Борис таму, кој го суспендира работењето на бугарското собрание, меѓутоа Бугарија нема фашистичко уредување“ вели тој за РСЕ.

Апсолутно е точно дека не е историски коректно да се наречат една цела држава и сите граѓани кои живееле во тоа време во Бугарија , фашистичка или фашисти, од единствена причина што постоел фашистички режим воден од Царот Борис и премиерот на владата на Бугарија, Богдан Филов.
Тој Филов е „познат“ по својот говор во Бугарскиот Парламент од 19 април 1941 год. во кој меѓу другото вели дека бугарскиот народ два огромна благодарност до Германија зошто таа помогнала директно во „ослободувањето“ на Македонија, и помогнала во остварување на бугарските идеали за држава од Дунав до Егејско Море, од Охрид до Црно Море.

Да видиме што пак вели Парискиот Мировен Договор потпишан со Бугарија во 1947 год. кој е единствен валиден историски документ за актерите во Втората Светска Војна и нивната улога, како и последователните консеквенции за истите:
Во преамбулата на Договорот со Бугарија од 10 Февруари 1947 год., стои:
„Сојузот на социјалистички републики, Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Соединетите Американски Држави, Австралија, Белоруската Советска Социјалистичка Република, Чехословачка, Грција, Индија, Нов Зеланд, Украинската Советска Социјалистичка Република, Сојузот на Јужна Африка и Народна Федеративна Република Југославија, како држави кои војуваат со Бугарија и активно водеа војна против европските непријателски држави со значителни воени сили, во натамошниот текст „Сојузничките и придружните сили“, од еден дел, и Бугарија , од другиот дел;

„Со оглед на тоа што Бугарија, откако стана сојузник на Хитлеристичка Германија и учествуваше на нејзина страна во војната против Сојузот на Советските Социјалистички Републики, Обединетото Кралство, Соединетите Американски Држави и другите Обединети нации, го сноси својот дел од одговорноста за оваа војна

Дополнително во чл.1 од овој договор ( види фотографии ) се вели:
Границите на Бугарија, како што е прикажано на картата приложена кон овој договор (Анекс I), ќе бидат оние што постоеле на 1 јануари 1941 година.

А во членот 4 пак се вели:
Бугарија, која во согласност со Договорот за примирје презеде мерки за распуштање на сите организации од фашистички тип на бугарска територија, без разлика дали се политички, воени или паравоени, како и други организации кои вршат пропаганда непријателски настроени кон Обединетите нации, нема да дозволи во иднина, постоењето и активностите на организации од таа природа кои имаат за цел да им ги ускратат на луѓето нивните демократски права.“

Линк до интервјуто на проф. Драги Ѓоргиев за РСЕ
Линк до оригиналните Париски Мировни Договори од 1947 год.

Иван С. Мирчевски

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер