Дознале дека се женети со иста жена - и станале најдобри пријатели! - Канал 5

Дознале дека се женети со иста жена - и станале најдобри пријатели!

Крис Томас и Питер Шерат имаал многу заеднички особини - имаат слична смисла за хумор, добро се разбираат, а едно време имале и иста жена, бигамистката Карен Шерат! Сега таа е надвор од нивните животи, но тие останале најдобри пријатели!

Дознале дека се женети со иста жена - и станале најдобри пријатели!
- Може на некои да им е чудно зошто сме толку блиски, но имаме заедничка сопруга, делиме исти искуства. Таа на двајцата имаше фрлено магија и од тоа произлезе нашето пријателство - вели Крис.

Откако била фатена во бигамија, Карен летово е осудена на 4 месеци затвор. Крис и Питер не смееле да комуницираат додека траело судењето, но по изрекувањето на пресудата се запознале и сфатиле дека се многу слични, па се здружиле!




Карен веќе била еднаш разведена кога во 2005-та го сретнала Питер. Му раскажала дека е самостојна и способна жена која постигнала многу во кариерата и дошла до позицијата менаџер во компанија за храна. Тој бил работник во фабрика. За една година, тие се венчале, а плановите за венчавката ги направила Карен.

- Набргу нашите заеднички сметки почнаа да се празнат, таа многу трошеше, а кога ја прашував каде е цел ден ми кажуваше куп мали лаги. Ако ја прашав каде ги троши парите стануваше студена кон мене. За една година ја напуштив, не можев да живеам со жена која е неискрена со мене - вели Питер.

По 6 години Карен преку сајт за запознавање го запознала Крис. Бргу го освоила, исто како и Питер. Само по три и пол месеци ја запросил. Се венчале во август 2013-та. Иако била разделена од Питер таа никогаш не се развела од него, а Крис немал поим дека жената која се мажи со него веќе е мажена!

- Секогаш имав чувство дека нешто крие но се правев дека не гледам бидејќи ја сакав - вели тој.

Во декември минатата година тој во нејзината чанта нашол барање за развод од Питер и сфатил дека таа е уште во легален брак со него.

- Во тој момент сфатив дека нашата врска била лага и којзнае уште за колку работи ме лажела !

Крис направил копија од барањето за развод на Питер и го оставил на масата во кујната, а потоа се спакувал и си заминал.

- Кога заминав ме молеше да се вратам, велеше дека ме сака и не сфатила колкава грешка прави. Но, многу бргу забележав дека повторно почнала да бара партнер преку сајтот за познанства. Тогаш повикав полиција - вели Крис.

Карен е осудена на 4 месеци затвор за бигамија. Крис и Питер почнале да се дружат и да зборуваат за своето искуство со неа, и сега се пријатели. Питер веќе има нова жена во која е вљубен, а Крис е се уште повреден од Карен. вели - единственото добро од бракот со неа е што го запознав Питер!/ извор: Мирор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на Партизан за Карлик Џонс: Не е на продажба!

„Не е на продажба“, првиот човек на евролигашот Партизан од Белград, Остоја Мијаиловиќ реагираше на шпекулациите за трансферот на најдобриот кошаркар на црно-белите Карлик Џонс.

Претседателот на Партизан за Карлик Џонс: Не е на продажба!

Остоја Мијаиловиќ зборуваше за Карлик Џонс и потврди дека плејмејкерот останува во Партизан.

На социјалните мрежи се појавија шпекулации за можното заминување на Карлик Џонс од Партизан во Олимпијакос, наводно како замена за повредениот Жан Монтеро.

Поради сето ова, првиот човек на „црно-белите“ се огласи и ги демантираше тие наводи.

„Карлик Џонс има загарантиран договор со Партизан за оваа и за следната сезона, без клаузула за раскин. Тој е нашиот најдобар играч и сметаме на него за остварување на нашите спортски цели оваа сезона. Клубот нема интерес да го продаде“, напиша на социјалните мрежи, Остоја Мијаиловиќ.

Претходно, „црно-белите“ издадоа соопштение во кое потврдија дека Жоан Пењароја и стручниот штаб ја имаат целосната поддршка од раководството на клубот. Дополнително, беше обелоденето дека Сани Бечировиќ е новиот директор на клубот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема полициска операција во Србија. Уапсени се шест лица за детска порнографија, спасени се девет деца

Во Србија се уапсени шест лица, а спасени се девет деца во рамките на голема полициска операција насочена против сексуалното злоставување на деца преку интернет.

Голема полициска операција во Србија. Уапсени се шест лица за детска порнографија, спасени се девет деца

Веста ја потврди Министерството за внатрешни работи на земјата.

Меѓународна операција „Мозаик“ Меѓународната операција, со кодно име „Мозаик“, ја спроведоа припадници на српската Управа за технологија и Службата за борба против високотехнолошкиот криминал.

Тие постапуваа по налог на Посебното одделение за борба против високотехнолошкиот криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград. Полициските сили од земјите учеснички спроведоа вкупно 42 претреси и идентификуваа 48 осомничени лица.

Досега се идентификувани и спасени девет деца – жртви на сексуално злоставување. Надлежните соопштија дека српската полиција идентификувала и уапсила шест лица од вкупно 48-те осомничени.

Во Белград, Нови Сад, Зрењанин, Ниш, Смедерево и Бор беа извршени претреси во домови и други простории што ги користат осомничените. Притоа беа пронајдени компјутери и друга електронска опрема кои содржеле материјали што прикажуваат сексуална експлоатација на деца.

Постои сомневање дека лицата преземале, чувале и споделувале таква содржина преку интернет. Според досега собраните информации, некои од осомничените користеле лажни профили на социјалните мрежи и апликации. Тие се претставувале како млади девојчиња и стапувале во контакт со малолетници, со цел да ги принудат да испратат фотографии и видеа од сексуална природа. Полициска соработка и апел до родителите Операцијата „Мозаик“ се спроведува во рамките на европската платформа EMPACT.

Таа опфаќа соработка меѓу полициските служби на земјите од Западен Балкан, Унгарија и Хрватска, со поддршка од Европол. Министерството за внатрешни работи на Србија упати апел до родителите и старателите да разговараат со своите деца за ризиците поврзани со комуникацијата со непознати лица на интернет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сопруга на фудбалер на Динамо Киев бара само 1000 долари месечно за удобен живот?!

Сопругата на фудбалер на Динамо Киев, Назар Волошин, атрактивната Лиза шокираше со изјавата за пари!

Сопруга на фудбалер на Динамо Киев бара само 1000 долари месечно за удобен живот?!

Лиза Волошина која е шест години повозрасна од својот сопруг повторно го привлекува внимание на јавноста со своите скандалозни изјави и провокативни фотографии.

Интересно е тоа што оваа убава бринета се појавува во украинските медиуми под името Јелисавета Кандиба, додека по стапувањето во брак го користи презимето Волошина.

Љубовната приказна меѓу Лиза и Назар трае веќе неколку години. Поточно, пред да стапат во брак летово на 11 јуни во Киев тие биле заедно пет години.

Свадбената прослава ја организираа во кругот на семејството и пријателите. Според украинските медиуми, Лиза е шест години постара од фудбалерот. Оваа убава бринета често позира во елегантни и привлечни модни комбинации, објавува фотографии од разни фотосесии, а прикажува и прошетки, посети на ресторани, шопинг и патувања.

Лиза дојде во центарот на вниманието на украинската и европската јавност во ноември 2024 година. Тогаш таа го привлече вниманието на медиумите изјавувајќи дека ѝ се потребни 1.000 американски долари месечно за удобен живот во Киев.

Исто така, истакна дека заработката на нејзиното момче не ѝ е најважната работа, туку неговите цели и амбиции. За време на разговор со еден блогер, Лиза одговараше на прашања за скапите подароци што ѝ ги купил Назар, како и за тоа колкава сума пари смета дека е доволна за пристоен живот во Киев.

Таа откри дека фудбалерот ѝ подарувал скапи прстени и чанти, но нагласи дека парите никогаш не биле пресудни во нивната врска. Додаде и дека нејзината омилена марка автомобили е BMW.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер