Дождовите ја заматија водата за пиење во Кавадарци и Демир Капија, да се преврива пред употреба

 Дождовите ја заматија водата за пиење во Кавадарци и Демир Капија, се препорачува таа да се преврива пред употреба.

-Од Центар за јавно здравје Кавадарци стигна известување дека поради долготрајните врнежи е предизвикано заматување на водата. Затоа се молат граѓаните пред употреба задолжително да се преврива, се до воспоставување на нормална состојба, информираат од кавадаречкото Јавно претпријатие ,,Комуналец".

Од Јавното комунално претпријатие ,,Бошава" ги известуваат сите граѓани на Демир Капија и околните села, водата за пиење во наредните неколку дена да се преврива, поради можно заматување на водата од поројните дождови.

– Ова известување е превентивно, се додека не пристигнат меродавните хемискофизички анализи од Центарот за јавно здравје, за што ќе следи благовремено известување, информираат од демиркапиското комунално претпријатие.

притисни ентер