Дописот од владата за кандидатите за државен јавен обвинител сè уште патува до Советот на ЈО - Канал 5

Дописот од владата за кандидатите за државен јавен обвинител сè уште патува до Советот на ЈО

Советот на јавни обвинители во законскиот рок од 15 дена ќе даде позитивно или негативно мислење за сите пет кандидати за државен јавен обвинител, но откако ќе го добие барањето од Владата со што и почнува да тече законскиот рок .

Дописот од владата за кандидатите за државен јавен обвинител сè уште патува до Советот на ЈО

Иако во јавноста се познати имињата на кандидатите, претседателот на советот Башким Бесими засега не сакаше да коментира ниту еден од нив.

-До овој момент не се пристигнати кандидатите пријавени на огласот, кога ќе пристигнат во законски рок од 15 дена ќе дадеме одговор на кандидатите. Во принцип ги знаеме сите кандидати кои се пријавени, ќе ги разгледаме и на седница ќе одлучиме и ќе ја известиме владата во законски рок,- изјави – Башким Бесими – Претседател на Совет на ЈО.

Од владата потврдија дека на последната седница е донесен заклучок процедурата околу јавниот обвинитѕел да премине во следната законска фаза – доставување на комплетната документација до Советот на јавните обвинители. За позицијата се кандидираа актуелната в.д државна обвинителка Анита Тополова – Исајловска и обвинителките од скопско обвинителство Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ. Кандидати освен нив се и судијата од Кривичен, Ненад Савески и разрешениот судија и поранешен претседател на овој суд, Владимир Панчевски.

Според Законот за јавно обвинителство, Владата до Собранието ќе предложи еден кандидат кој добил позитивно мислење од Советот.

-Владата е последна алатка што дава предлог до Собранието. Ние е ве и во пракса да дадеме и за три кандидати, Владата согласно закон еден кандидат треба да даде до Собранието со позитивно. Ако дадеме негативно мислење тоа се подразбира Владата не може тој кандидат да го даде до Собранието,- изјави – Башким Бесими – Претседател на Совет на ЈО.

Инаку денешната седница на Советот на јавни обвинители беше одложена бидејќи отсуствуваа повеќе членови. Една од точките на дневен ред која требаше да се разгледа беше известувањето на обвинителката Ристоска за наводите на премиерот Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешка сообраќајка во Италија: Татко и двете мали ќерки загинаа, мајката се бори за живот (ВИДЕО)

Тешка семејна трагедија се случи во Италија, кога 53-годишен татко и неговите две ќерки, на возраст од само 8 и 14 години, загинаа во ужасна сообраќајна несреќа.

Тешка сообраќајка во Италија: Татко и двете мали ќерки загинаа, мајката се бори за живот (ВИДЕО)

Несреќата се случила кратко пред 8 часот наутро на државниот пат Јонио-Тирено број 682, помеѓу раскрсниците Меликучо и Росарно. Автомобилот во кој се наоѓало четиричленото семејство се судрил со камион.

Мајката на девојчето исто така била тешко повредена во несреќата и била однесена во болница во Полистена на лекување, објавува „Раи њуз“.

Полицијата, екипите на брзата помош и пожарникарите веднаш пристигнале на местото на трагедијата. Сообраќајот на овој дел беше запрен за да може полицијата да спроведе истрага, а екипите да го поправат патот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цана: Опаѓа бројот на пациенти со западнонилска треска, двајца се критично

Бројот на пациенти со нилска треска почна да опаѓа со воведените мерки со прскање против комарци и чистење на каналите. 

Цана: Опаѓа бројот на пациенти со западнонилска треска, двајца се критично

Бројот на пациенти со нилска треска почна да опаѓа со воведените мерки со прскање против комарци и чистење на каналите. Двајца пациенти се критични се уште, вели доктор Фадил Цана директор на Клиниката за инфективни болести во Вести Плус на Канал 5..

Морбилите се идна епидемија во Македонија. Од морбили умираат деца, вакцинацијата е единствен спас, објасни д-р Цана.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО: Приведен висок функционер со обележани 17 500 евра

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа.

ОЈО: Приведен висок функционер со обележани 17 500 евра

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа кај кого се пронајдени обработени парични средства во износ од 17.500 евра.

Според првичните сознанија парите биле побарани како поткуп со цел во две постапки пред Царинската управа да го употреби своето реално влијание и наводно да помогне.

Детали од настанот обвинителството ќе сподели во текот на утрешниот ден, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер