Федералниот судија Пол Бајрон во посета на Уставниот суд: Транспарентноста е една од најмоќните алатки за градење доверба
Три значајни медали за Јулијана Петровска од Ѓорче Петров на Европско првенство на Специјална олимпијада во Малта
1Федералниот судија Пол Бајрон во посета на Уставниот суд: Транспарентноста е една од најмоќните алатки за градење доверба
2Три значајни медали за Јулијана Петровска од Ѓорче Петров на Европско првенство на Специјална олимпијада во Малта
3Петрушевски: Филипче со багажот од криминални тендери и десет илјади мртви за време на короната, не може реално да расудува за ништо
3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ЖивотДонел масичка на проценка, не можел да поверува дека вреди 120.000 фунти (ВИДЕО)Експерт за антиквитети во долгогодишното британско шоу „ Antiques Roadshow“ бил многу возбуден кога требало да процени масичка што сопственикот ја купил за 7000 фунти.Популарната викенд-емисија емитувала епизода од шкотски Ершир, каде парче мебел било прогласено за најскап стар предмет во серијата. Сопственикот им открил на продуцентите дека масичката ја купил на американска онлајн аукција. Тој вели дека ја нарачал од Бостон и со испораката го чинела 7.000 фунти. Масичката, иако не е во совршена состојба, експертите ја процениле на неверојатни 55.000 фунти. Тие рекле дека масичката изгледа дека е од западна земја, но всушност е кинеска. Тие веруваат дека можело да биде украдена од Царската палата во 1860-тите за време на опиумската војна. Додаваат дека таквата масичка на аукција во Хонг Конг може да достигне цена од 80 до 120 илјади фунти. Се разбира, сопственикот бил многу задоволен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29
МакедонијаФедералниот судија Пол Бајрон во посета на Уставниот суд: Транспарентноста е една од најмоќните алатки за градење довербаПретседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со Пол Бајрон, судија во Федералниот окружен суд на САД за Средниот округ на Флорида (U.S. District Court for the Middle District of Florida), кој денеска го посети УставниотПо средбата со претседателот Костадиновски, судијата Бајрон оствари средба и со сите судии на Уставниот суд, на која се разговараше за актуелни прашања и предизвици со кои се соочува уставното судство, како и за улогата на судовите во заштитата на уставноста и човековите права и градењето доверба кај граѓаните. Претседателот Костадиновски го информираше судијата Бајрон за процесот на унапредување на транспарентноста на Уставниот суд, особено за воведувањето директни преноси на седниците на Судот, со што граѓаните имаат можност непосредно да ја следат работата, дискусиите и аргументите на судиите. Костадиновски посочи дека довербата во судството не може да се разгледува како одговорност единствено на судската власт. „Овој состав на Уставниот суд, почнувајќи од 1 септември 2024 година, направи сериозни реформи во функционирањето на Судот, со посебен фокус на транспарентноста и ефикасноста на постапките. Довербата се гради со храбри и бескомпромисни одлуки, отвореност, но за довербата во судството не може да биде одговорно само судството. Многу пати во мои јавни излагања сум го посочил овој факт, одговорноста мора да ја споделуваат власти. Ако судството има 2% доверба и тоа е состојба што трае со децении, каде биле тогаш останатите две власти? На годишен одмор? Така што, не би се согласил дека има ниска доверба во судството, тоа е пресликано кон целиот државен апарат и за тоа се потребни револуционерни решенија и храброст“, истакна претседателот Костадиновски. На средбата беа разменети искуства и за притисоците со кои се соочуваат судиите во различни демократски системи. Судијата Бајрон го поздрави воведувањето на директните преноси на седниците на Уставниот суд, оценувајќи ја транспарентноста како една од клучните алатки за градење доверба кај јавноста. „Една од најмоќните алатки е транспарентноста, како одговор на сите напади и притисоци. Да бидеме јасни и подготвени на јавноста да ѝ објасниме што сме одлучиле. Со емитувањето во живо на дискусиите имате одлична алатка во рацете , на граѓаните да им покажете колку сте подготвени за седниците и да имате јасни и добро аргументирани образложенија. На тој начин граѓаните можат директно да ве видат и слушнат и да разберат за што се залагате. Нема поголема придобивка од довербата на граѓаните“, истакна Бајрон. На средбите во Уставниот суд присуствуваа сите судии на Уставниот суд, како и претставници на Амбасадата на САД- Стив Мајгрант, федерален обвинител од Портланд, Орегон, и Каролајн Баденхаген, директорка на Канцеларијата за меѓународни наркотици и спроведување на законот (INL) во Амбасадата на САД. Судијата Пол Бајрон е федерален окружен судија во Средниот округ на Флорида, со седиште во Орландо. Во 2001 година, бил избран да работи како обвинител во Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг, Холандија, работел во Министерството за правда во Меѓународниот оддел на Единицата за одземање имот и перење пари, како експерт за банкарски надзор и спречување на финансирање тероризам. Во 2005 година, судијата Бајрон станал партнер во адвокатска канцеларија специјализирана за спорови поврзани со одговорност за производи и штети предизвикани од изложеност на токсични материи.Тагови: Уставен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот„Трчаме со срце“ - 290 тркачи, едно срце и една повисока целГрадскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух.На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка. По повод 25 години СОС Детско село, годинешната трка под мотото „Трчаме со срце“ за првпат ги обедини не само компаниите од ИТ-заедницата, туку и индивидуални тркачи. На патеката долга четири километри и во форма на срце трчаа 160 тимски тркачи од 21 ИТ компанија и 130 индивидуални учесници. Но, трката беше многу повеќе од трчање. Од раните утрински часови, Градскиот парк беше исполнет со позитивна енергија, поддршка и насмевки. Тркачите се бодреа едни со други, семејствата и пријателите навиваа, а целата атмосфера потсетуваше дека кога се обединуваме околу добра цел, резултатот е многу поголем од кој било пласман. Посебно место на настанот имаше Детското катче, кое беше исполнето со најмладите посетители. Тие цртаа, твореа и оставаа свои пораки и на тој начин дадоа свој белег на оваа хумана приказна. Големо внимание привлече и донаторското катче „Мече на грижа“, каде што посетителите донираа и добиваа брендирано СОС меченце. Ова катче стана едно од најпосетените места на настанот и уште еден убав пример дека понекогаш и едно мало добро дело може да носи голема порака. Сите кои беа дел од трката имаа своја причина да трчаат, но заедничко им беше тоа што дојдоа со срце. Некои трчаа со своите тимови, некои со своите семејства и пријатели, а сите за една повисока цел – ниту едно дете да не расте само. „Кога ја замислувавме оваа трка во годината во која одбележуваме 25 години, сакавме околу една иста цел да сплотиме што повеќе луѓе. Благодарение на ИТ-компаниите кои повторно застанаа зад нас и на сите индивидуални учесници кои годинава ни се приклучија, на стартот видовме голем број хумани луѓе кои покажаа дека грижата за децата не е само наша мисија, туку нешто околу кое можеме да се обединиме како заедница“, велат од СОС Детско село Македонија. СОС Хуманитарната трка powered by IT4Charity оваа година е дел од низата настани со кои се одбележуваат 25 години СОС Детско село - 25 години посветени на создавање сигурна и поддржувачка средина за децата и младите и на зајакнување на семејствата кои се соочуваат со сериозни животни предизвици. Преку своите програми, СОС Детско село Македонија досега има поддржано повеќе од 6.090 деца, млади, згрижувачи и семејства. За некого таа поддршка значела сигурна грижа кога не можел да расте со своите родители, за друго семејство - помош да остане заедно, а за млад човек – поддршка на патот кон самостоен живот. И токму затоа, на 19 септември не се трчаше само по патеката во Градскиот парк. Се трчаше за секое дете да има некого покрај себе. Се трчаше за грижа, сигурност и можност за подобра иднина. Се трчаше со срце!Тагови: СОС Детско село Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29
МакедонијаТри значајни медали за Јулијана Петровска од Ѓорче Петров на Европско првенство на Специјална олимпијада во МалтаГрадоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ја пречека шампионката Јулијана Петровска, која од Европското првенство на Специјалната олимпијада во Малта се врати со три медали и со уште еден голем спортски успех за Македонија.Јулијана освои сребрен и два бронзени медали, меѓу кои и историскиот бронзен медал во штафетата 4×50 метри. -Нејзиниот успех е резултат на огромниот труд, посветеност, истрајност и љубов кон спортот, но и доказ дека кога постојат волја и силен дух, границите не постојат - рече Стојкоски на средбата со Петровска. Општина Ѓорче Петров, додаде Стојкоски, е горда што меѓу своите жители има спортистка која со своите резултати го промовира Ѓорче Петров и Република Македонија и испраќа силна порака дека спортот е простор во кој сите можат да ги остварат своите соништа и потенцијали.Тагови: Општина Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook