МакедонијаДонација во опрема од Турската агенција ТИКА за потребите на Хидробиолошкиот завод во ОхридСтанува збор за донација во опрема, за која беше истакнато дека не е насочена само кон зајакнување на капацитетите на Институтот, туку претставува инвестиција во науката, во заштитата на природното наследство и во иднината на водните еко-системи.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид присуствуваше на свечената церемонија на примопредавањето на вредната донација од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) за потребите на Јавната национална установа „Хидробиолошки завод“ од Охрид. Станува збор за донација во опрема, за која беше истакнато дека не е насочена само кон зајакнување на капацитетите на Институтот, туку претставува инвестиција во науката, во заштитата на природното наследство и во иднината на водните еко-системи. Со поддршка на турскиот народ целосно се реновирани и опремени одделенијата за фито за зоопланктон на Институтот, современ микроскоп со микроскопска камера за потребите на двете одделенија, како и ново теренско возило. Претседателката Сиљановска-Давкова во обраќањето пред присутните изрази задоволство што само три месеци кога на одбележувањето на 90-годишнината од основањето на Хидробиолошкиот била најавена донацијата, денеска веќе ја има својата реализација. - Оваа донација уште еднаш покажува и докажува дека науката и етиката се неразделни и овој потег на ТИКА го сметам за етички потег. За разбирање што значи науката, не само за вработените, туку и за мене и за сите. Очекувам дека токму преку донацијата на ТИКА од пријателска Турција да се надминат големите проблеми со кои се сочува Хидробиолошкиот завод од Охрид. Вредна донација, вредна инвестиција со која ТИКА уште еднаш докажа на дело голема поддршка, не само на Институтот туку на македонските граѓани и на македонската држава, рече таа изразувајќи уверување и за идни проекти во повеќе области, сето во насока на зацврстување на потврденото пријателство на двете држави и народи. Директорот на ТИКА, Абдула Ерен, рече дека Агенцијата веќе дваесет години реализира бројни проекти во многу области во Македонија. - Досега се реализирани над 1300 проекти во повеќе области. Главна цел на тие проекти е зацврстување на постоечките односи меѓу Република Македонија и Република Турција, рече тој. Амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој, изрази уверување дека денешната донација ќе даде придонес во напорите на природните убавини на прекрасната Македонија, особено на Охридското Езеро како светско природно наследство заштитено од УНЕСКО. - Ние секогаш сме биле на страната на нашиот пријател и сојузник – Северна Македонија, со која споделуваме заеднички историски, културни и човечки врски уште од нејзината независност. Така ќе биде и во иднина...рече амбасадорот Улусој. Заблагодарувајќи се на вредната донација, директорката на Хидробиолошкиот завод, Орхидеја Тасеска, истакна дека добиената донација е израз на довербата во науката и институциите што се грижат за највредното што го имаме - нашето природно наследство. - За нас оваа донација претставува нов импулс за натамошна посветена, одговорна и соверемена научна работа. Со донацијата се создаваат услови за уште попрецизни истражувања, подобар мониторинг и поефикасна заштита на Охридското Езеро. Тоа е вложување не само во простор и опрема туку и во знаење, стручност и иднина, рече таа заблагодарувајќи се за вредната донација. Претходно делегацијата од Турција присуствуваше и на церемонија на врачување на уште една донација. Во употреба беше предаден Здравствениот дом во селото Пласница, целосно реновиран и опремен со средства обезбедни преку Агенцијата ТИКА.Тагови: Сиљановска – Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Европа„Да не наседнеме на нивниот блеф“- прва реакција на Финска по барањето од Русија да излезат од НАТО Руските барања НАТО да го намали своето присуство во земјите на источните граници на алијансата се тест за решителноста на САД и Европа во преговорите, изјави финскиот министер за одбрана Анти Хаканен.„Русија сака европските членки на НАТО да ги ограничат своите активности за да им служат на руските интереси, а такви работи не се предмет на преговори“, изјави Хаканен за новинарите во Хелсинки. Неговата изјава дојде откако германскиот весник „Билд“ објави дека Русија предложила нов европски безбедносен поредок кој, меѓу другото, би вклучувал повлекување на Финска од НАТО и отстранување на воените бази на алијансата од балтичките држави. „Самата идеја за предлагање нешто вакво е апсолутно скандалозна. Русија го знае тоа“, рече финскиот министер за одбрана. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес ги отфрли тврдењата дека Москва поставила услов за повлекување на Финска од НАТО. „Не знам ништо за тоа. Не, такви услови не се поставени. Дефинитивно не е дискутирано“, нагласи Песков. Одлуката за приклучување кон НАТО беше донесена по руската инвазија на Украина Финска, која беше дел од Руската империја пред повеќе од еден век и водеше две војни против својот источен сосед за да ја зачува својата независност, се приклучи на НАТО во 2023 година. Одлуката за приклучување кон Алијансата беше донесена малку повеќе од една година откако рускиот претседател Владимир Путин ја започна инвазијата на Украина. Со влегувањето на Финска во НАТО, Алијансата значително ја прошири својата граница со Русија, а финско-руската граница денес сочинува повеќе од половина од вкупната копнена граница на НАТО со Русија. „Јасно гледаме дека Русија не е сериозна во врска со мировните преговори“ „Русија очигледно се осмели да ги тестира САД и Европа во последните денови за да види колку се подготвени да попуштат“, рече Хакканен, осврнувајќи се на дводневните разговори меѓу Русија и Украина во Абу Даби. Според него, руските барања покажуваат дека Москва не е сериозна во врска со мировните преговори. „Јасно гледаме дека Русија не е сериозна во врска со мировните преговори, туку всушност ги проширува своите барања од војната во Украина до промена на европскиот безбедносен поредок за да биде поповолен за Русија“, рече тој. Финскиот министер, исто така, предупреди дека ваквите потези не се нови во преговарачката стратегија на Русија. „Сите западни носители на одлуки треба да забележат дека ова е дел од психолошката стратегија на Русија што се спроведува со децении, постојано поместувајќи ги границите на барањата во преговорите, така што нивниот исход е неповолен за нас“, рече Хаканен. „Не треба да наседнеме на нивниот блеф“, заклучи тој.Тагови: НАТО Финска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветСе урна зграда во Најроби- најмалку тројца загинати, се пребаруваат урнатините за преживеани Шест лица загинаа откако се урна осумкатна зграда во изградба на автопатот Момбаса, во близина на терминалот на железницата Стандарден гауџ (SGR) во Најроби, Кенија.Зградата се урна околу 9:52 часот наутро по локално време, додека градежните работници наводно биле на местото, објави Ројтерс. Според прелиминарниот извештај од Тимот за итни случаи и спасување на округот Најроби, горната бетонска плоча се урнала, предизвикувајќи дел од структурата да се сруши и работниците да бидат закопани под урнатините. Досега пет лица се извлечени живи и итно префрлени во болница за медицинска помош, додека шест смртни случаи се потврдени. Три тела беа пронајдени за време на првичните утрински операции за спасување, додека уште три тела, сите мажи на средна возраст, подоцна беа извлечени од урнатините. „Точниот број на работници на местото во моментот на уривањето сè уште се утврдува. Тимовите за пребарување и спасување активно ги пребаруваат урнатините за евентуални преостанати заробени лица“, се вели во извештајот, меѓу другото. Спасувачките тимови, вклучувајќи ја Противпожарната бригада на округот Најроби и тимот за урбано пребарување и спасување (USAR), продолжуваат да ги пребаруваат урнатините како дел од операцијата за пребарување и спасување. Властите на округот Најроби апелираа до граѓаните и возачите што го користат автопатот Момбаса во близина на терминалот SGR да се оддалечат од непосредната област на несреќата за да им се овозможи на службите за итни случаи да извршат спасувачки операции.Тагови: зграда Најроби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЕвропаКошта бара европските преговарачи да имаат заеднички став за Украина на преговорите со Русија и САД Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска во Даблин изјави дека Европа мора да зборува со еден глас во мировните преговори за завршување на војната во Украина. Тој истакна дека ова не е во спротивност со договорот според кој Европа ќе биде претставена во преговорите од повеќе луѓе. „Претседателот на САД, Доналд Трамп, исто така, има двајца претставници, има три или четири лица во украинската делегација“, рече Кошта на прес-конференцијата. Тој го коментираше договорот според кој Европа ќе биде претставена во преговорите од институциите на Европската Унија и пет земји од таканаречената група Е5 - Германија, Франција, Обединетото Кралство, Италија и Полска. „Важно е да се има тим и да се зборува со еден глас и тоа е она што се согласивме да го направиме“, рече Кошта. Европа се согласи кој ќе ја претставува во преговорите Договорот беше постигнат по дводневни дискусии во Даблин. Лидерите на педесет европски земји се собраа таму вчера на самитот на Европската политичка заедница, а во петокот на неформалниот самит на Европската Унија. Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф разговараа со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, а потоа во Даблин со украинскиот претседател Володимир Зеленски. По средбите, тие изјавија дека Русија се согласила со вклучување на европски претставници во следната рунда мировни преговори, кои се водат со американско посредништво. Сепак, сè уште нема потврда од Москва дека Русија е подготвена за учество на европски претставници во преговорите. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека прво треба да се утврдат вистинските намери на Европејците и дали сакаат да придонесат во мировните напори. Дури потоа, рече Песков, ќе биде можно да се донесе одлука за преговори во проширен формат.Тагови: Антонио Кошта Преговорите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook