Домаќините на МАС: “Очекуваме спектакл, славиме музика и разновидност!” - Канал 5

Домаќините на МАС: “Очекуваме спектакл, славиме музика и разновидност!”

Долгоочекуваниот МАС 2020 во Штарк арената се ближи, а за атмосферата на регионалното доделување на музичките награди на 27 јануари да биде на највисоко ниво, ќе се погрижат најпрепознатливите ТВ лица во регионот.

Домаќините на МАС: “Очекуваме спектакл, славиме музика и разновидност!”

Преносот во живо на МАС килимот почнува во 19:30 часот, а на црвениот килим ќе прошетаат повеќе од 400 познати од шесте земји учеснички: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Словенија. Со нив, за возбудата пред најголемата регионална манифестација и очекувањата, како и за свечените тоалети, на црвениот тепих ќе разговараат водителите Николина Пишек, Бошко Јаковљевиќ и Тамара Пауновиќ.

„МАС е единственото признание кое, освен што го покрива целиот регион, носи искрен вкус на публиката, без вклучување на професијата или критичарите. Искрена лакмус-хартија од она што публиката го сака, без никакви филтри. “ - вели Николина Пишек, додавајќи: „ Доза на омилени изведувачи во гламурозно издание пред очите на оние кои чекаат да ги видат. И сите на едно место! “

Бошко Јаковљевиќ беше на црвениот тепих и на претходниот МАС.

„Минатата година, јас исто така бев и имав можност да присуствувам на настан кој продукциски беше направен според светските стандарди. Јас генерално сакам музика, а МАС е единствена можност , таму да сретнам некои одлични луѓе од тоа поле на уметноста. “ - вели Бошко.

Преносот на манифестацијата почнува во во 21 часот, а домаќини на вечерта во Арена ќе бидат Галеб Никачевиќ, Ана Радишиќ и Тамара Тодевска.

Шармантната водителка на ТВ РТЛ од Хрватска, Ана Радишиќ, вели дека многу се радува на овогодинешниот МАС:

„На секој кој ја следи и создава музиката, чест му е да биде дел од овој музичко - продукциски телевизиски спектакл. Прекрасно е на едно место да имате цел музички регион и сите најголеми музички sвезди од сите жанрови! Минатата година бев воодушевена од сè што видов и доживеав таму, а наградата која што стигна во рацете на организацијата доказ е за големината на манифестацијата. Импресивно е, и чест ми е да ја споделувам сцената со сите овие имиња. Возбудена сум и среќна! Ветувам дека ќе бидам вистински домаќин на сите во Штарк арена, но и пред малите екрани пред милионската публика “.

Тамара Тодевска и Галеб Никачевиќ ќе ги здружат силите со неа на сцената.

„Алтернативна уметност, за да биде алтернативна, таа мора да биде во врска со нешто. По правило, тоа би било мејнстрим. Популарната уметност ги поставува темелите, не само за здрав пазар, туку и за здраво општество и фактот дека ние полека, но сигурно се движиме кон остварување стабилен пазар на популарна култура и се оддалечуваме од нормативниот дискурс во кој луѓето се поделени на оние кои слушаат ова или она, истовремено е чекор поблизу кон остварување на култура на дијалог што е предуслов за прогресивна заедница. " - вели Галеб и додава: „Овие промени, се разбира, не се случуваат одеднаш. Тие се постепени и навидум незабележителни, но фактот дека денес може да се организира ваков спектакл во кој се наоѓаат сите слоеви на културниот хабитус на едно место е доказ за овој напредок, кој пред десет, петнаесет или дваесет години едноставно не беше можен “.

Тамара Тодевска вели дека е многу среќна што е дел од MAC: „Тоа е ноќ кога ја славиме музиката, разновидноста и што е најважно неверојатниот талент на нашите регионални музички уметници“.

Гледачите од Србија ќе можат да ја следат манифестацијата на ТВ Пинк, во Хрватска на ТВ РТЛ, во Црна Гора на РТЦГ, во Македонија на Канал 5, во Босна и Херцеговина на РТРС и ФТВ и во Словенија на ТВ3.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јакната на Мајкл Џексон од спотот „Трилер“ е проценета на астрономска цена (ФОТО)

Јакната на Мајкл Џексон од музичкото видео „Трилер“ би можела да достигне цена од повеќе од 10 милиони долари на претстојната аукција во Обединетите Арапски Емирати, објавува „Шпигел“.

Јакната на Мајкл Џексон од спотот „Трилер“ е проценета на астрономска цена (ФОТО)

Црвената кожна јакна беше продадена на аукција во 2011 година за 1,8 милиони долари, а нејзината вредност за следната аукција во декември е значително поголема.

Огромниот успех на филмот „Мајкл“

Некои други предмети поврзани со починатиот музичар ќе бидат продадени на аукција во Абу Даби на крајот од годината.

Кариерата на Џексон долго време беше проследена со обвинувања за злоупотреба на деца, а оваа година, биографскиот филм „Мајкл“ постигна огромен успех, објавува германскиот весник.

Тоа е една од причините зошто, околу 17 години по смртта на Мајкл Џексон, едно од најпознатите парчиња облека во историјата на поп-музиката би можело да достигне рекордна цена.

Американската аукциска куќа „Џулиенс аукшнс“ објави дека проценетата вредност на јакната надминува 10 милиони долари.

Други предмети на аукција

Црвена јакна од телешка кожа со црни детали и V-форма на линијата преку градите е дизајнирана од сопругата на режисерот Џон Лендис, Дебора Лендис.

Покрај јакната, на аукција ќе бидат понудени и други предмети што потсетуваат на Џексон.

Тука е и ракавица со светки што ја носел за време на неговата позната „Месечева прошетка“ до „Били Џин“ на Мотаун Гала во 1983 година.

Последен пат беше продадена на аукција во ноември 2009 година за рекордни 430.000 долари, на бизнисмен од Хонг Конг.

Аукциската куќа сега ја проценува нејзината вредност на 800.000 долари.

Дополнително, на продажба се нудат и два пара црни кожни чевли на пејачот, проценети помеѓу 60.000 и 80.000 долари, додека вредноста на неговите влечки од видеото „Трилер“ се проценува помеѓу 30.000 и 50.000 долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сѐ повеќе Германци одбиваат да одат во војска- три пати е зголемен бројот на приговори

Бројот на барања за приговор на совеста во Германија нагло се зголеми, со повеќе од 12.000 поднесени барања во првите осум месеци од оваа година, според бројките од Федералната канцеларија за семејни работи и граѓанско општество (BAFzA).

Сѐ повеќе Германци одбиваат да одат во војска- три пати е зголемен бројот на приговори

Вкупно 12.102 барања се примени помеѓу јануари и крајот на август, објавија медиумските групи Funke и RND, повикувајќи се на портпаролка на институцијата, според новинската агенција DPA.

Тоа е повеќе од три пати повеќе од 3.879 барања поднесени во целата 2025 година. Бројот на барања, исто така, нагло се зголеми во последните месеци, повеќе од двојно од 5.862 на крајот на јуни.

Наглото зголемување доаѓа во време на зголемени безбедносни загрижености и откако новиот закон за воена служба во Германија стапи на сила на 1 јануари.

Тој се заснова на задолжителен медицински преглед за млади Германци родени во 2008 година и подоцна, со цел регрутирање волонтери за проширување на вооружените сили.

Доколку не се исполнат целите за регрутирање, парламентот може да одлучи да воведе регрутирање врз основа на потребите на војската.

Задолжителната воена служба е суспендирана од 2011 година, но сè уште постои како уставна одредба во Основниот закон на Германија. Правото на одбивање на извршување вооружена воена служба врз основа на приговор на совеста, исто така, останува на сила.

Агенцијата соопшти дека евидентира голем број погрешно поднесени апликации кои не можеле да бидат прифатени и морале да им бидат вратени на подносителите на барањето без обработка.

Ова го обвини за повторени дезинформации, вклучително и оние што се ширеле на социјалните медиуми, за тоа како треба да се поднесуваат апликациите и што треба да содржат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Каскадерски потег на полицаец: Скокна на кров на џип- шверцери го возат 40 километри со 95 км/час (ВИДЕО)

Полициски наредник од индиската држава Тамил Наду се држел за шипките на покривот на џип кој возел со голема брзина повеќе од 40 километри за време на потера по тројца осомничени шверцери на тутун.

Каскадерски потег на полицаец: Скокна на кров на џип- шверцери го возат 40 километри со 95 км/час (ВИДЕО)

Необичната потера се случила во недела, 27 септември, во округот Коимбаторе. Според полицијата, полицаецот се качил на возилото откако осомничените се обиделе да го возат возилото кон полицајците на патарина, објави Ројтерс.

Тие го возеле 40 километри!

Потоа џипот се оддалечил со голема брзина. Според полицијата, се движел со брзина од над 95 километри на час, додека полицаецот цело време се држел за шипките на покривот.

Потерата поминала низ неколку области пред полицајците да успеат да го сопрат џипот во близина на раскрсницата Мангалам во Тирупур. Тројцата осомничени потоа биле уапсени. Полицаецот не бил повреден.

Полицијата го запленила возилото, како и околу 250 килограми супстанца за која се сомнева дека е гутка, производ од тутун без чад чија продажба е забранета во Индија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер