МакедонијаДОМ: Закон за градење по мерка на граѓанитеДОМ со загриженост го следиме начинот на решавање на предизвиците во областа на градежништвото. Неодамнешното укинување на членот 62-а од Законот за градење може да послужи како пример зошто е важно да се пристапи кон системски реформи, наместо кон парцијални интервенции. Членот 62-а имаше за цел да им овозможи на граѓаните да го изразат своето мислење во врска со нови градби кои можат да влијаат на нивниот живот и имот. Неговото укинување отвора прашања за начинот на заштита на правата на граѓаните во иднина. Веруваме дека за стабилен и праведен развој на градежништвото, потребни се темелни и долгорочни решенија, вградени во сеопфатни законски рамки. Свесни сме дека постојат подготвени нацрт-текстови за нов Закон за градење и Закон за заштита на културното наследство, кои нудат можност за создавање на таква рамка. Апелираме до Владата и Собранието : * Да го преиспитаат пристапот на парцијални измени и да се фокусираат на донесување на нов Закон за градење и Закон за заштита на културното наследство на здрава основа, користејќи ги како појдовна точка веќе постоечките нацрт-текстови. * Да обезбедат транспарентен и инклузивен процес на подготовка и донесување на овие закони, со цел да се создаде правна рамка која ќе ги штити правата на граѓаните, ќе обезбеди одржлив развој и ќе ја унапреди правната сигурност во областа на градежништвото. * Во рамките на новите законски решенија, да се обезбедат механизми за заштита на правата на граѓаните во однос на влијанието на новоградбите. Веруваме дека преку заеднички напори и фокусирање на системски решенија, можеме да создадеме подобро законско опкружување за сите. Демократска обнова на МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Анима бара итна истрага: Во Бутел пронајдени повеќе мртви кучиња, кои веројатно биле отруениНад осум тела на мртви кучиња биле пронајдени на јавен простор во скопската населба Бутел. Од здружението „Анима Мунди“ се сомневаат дека кучињата биле отруени и дека станува збор за кучиња од исто леглно и се пронајдени на исто место. Од здружението бараат поведување на истрага за овој случај и веруваат дека убиените кучиња имаат и сопственик. Од полицијата за Канал 5 потврдија дека нема официјлна потврда за овој случај, исто и од Агенцијата за храна и ветеринарство. По објавувањето на снимките инспектори од АХВ излегле на терен да го проверат целиот случај. Но, мртвите тела на кучињата ги нема, а засега не потврди ниту една институции дека ги тргнала кучињата од местото каде биле најдени мртви. Од Анима Мунди објаснуваат дека најголем проблем со негрижата кон милениците води кон создавање на улични кучиња, а труењето е проблем и за луѓето, особено за децата. Според, Член 233 од Кривичниот законик се предвидува парична казна или затвор до три години за неоправдано усмртување, грубо злоупотребување или мачење животно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска ќе има средба со студентите за нов модел на студентски оброкДополнителен попуст од 20 проценти за студентите, не само за субвенционираниот оброк, туку и за сите други производи што ќе ги купуваат со сопствени средства кај оператори кои ќе ги избере Владата. Ова го предвидува новиот модел што го подготвува Министерството за образование, а кој ќе функционира преку електронска апликација. Сепак, конечен договор сè уште нема. Министерката Весна Јаневска денеска најави средба со новиот претседател на Студентското собрание на УКИМ, по што ќе следуваат разговори и со студентските претставници од сите универзитети. ,, Сè додека немаме конечен став од студентите, ние го разработуваме овој модел. Она што е важно е дека ќе станува збор за електронска апликација преку која студентите, кај сите оператори што ќе ги избере Владата, ќе добиваат 20 отсто попуст со картичката за студентски оброк, односно со е-апликацијата или ваучерот за студентски оброк. Попустот ќе важи за она што ќе го купат со тие средства, но и за сè друго што ќе го купат кај избраниот оператор. Ваква мерка во ваква криза навистина е нешто што укажува дека особено многу внимаваме на студентите и дека водиме голема грижа за младите луѓе во земјата,, – Весна Јаневска, министерка за образование и наука Покрај повисоката финансиска поддршка за исхрана, Владата подготвува и поширок пакет поволности за студентите, кој ќе опфати и други производи и услуги. Според премиерот Mицкоски станува збор за иновативен модел кој досега не бил применет во ниту една друга држава. Надлежните институции веќе работат на решението, а конкретните детали ќе бидат соопштени наскоро. Владата претходно предложи месечната вредност на студентскиот оброк од околу 3.500 да се зголеми на 4.500 денари, односно околу 180 денари дневно за 25 субвенционирани дена, наместо досегашните 140 денари, и да оди преку ваучери. Студентските претставници пак побараа дневниот износ да се усогласи со стапката на инфлација и да нема ограничување каде да ги користат средствата за исхрана. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаАндоновски: Македонија напредна за 16 места на индексот на ОН за е-влада за 2026Наскоро нови услуги од МВР и ФЗО.Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Македонија се искачила за 16 места на светската ранг-листа за развој на е-влада на Обединетите нации и најави дека се очекуваат нови услуги од МВР и Фондот за здравство на националниот портал. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter