Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“
1Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“
3На дното на Средоземното Море се пронајдени остатоци од брод, стар 2.100 години- археолозите изненадени од товарот
ЖивотДокторите збунети : Британец се излекувал од ХИВ со терапија против рак (ВИДЕО)Адам Кастилејо од Лондон е втората личност на светот што се излекува од ХИВ.Како што е објавено во научното списание Lancet HIV , Кастилеjo, по повеќе од 30 месеци од прекинувањето на антивирусната терапија, сè уште нема ХИВ во неговото тело што со децении е неизлечива болест. Но, Кастилeјо не бил излекуван со лек за ХИВ, туку со терапијата со матични клетки што ја добивал затоа што истовремено страдал од карцином. Донаторите на овие матични клетки имале необичен ген кој му давал заштита од ХИВ, и така нивните клетки го штителе и 40-годишниот Британец, кој решил да го открие својот идентитет затоа што сака да стане „амбасадор на надеж“. Првиот човек што се излекува од ХИВ е Тимоти Браун, познат како „пациентот од Берлин“. Тој беше излечен во 2011 година, три и пол години откако поминал слична терапија. Трансплантираните матични клетки отпорни на ХИВ се чини дека ја спречуваат можноста на вирусот да се реплицира во организмот. Проф. Равиндра Кумар Гупта, водечки истражувач на универзитетот Кембриџ, изјави за Би-Би-Си: „Ова е речиси сигурно лек за ХИВ“. „Нашите откритија покажуваат дека успехот во трансплантацијата на матични клетки како лек за ХИВ, кој првпат беше пријавен пред девет години кај пациент од Берлин, може да се реплицира“, рече проф. Гупта Но, овој метод не може да се користи за сите луѓе кои имаат ХИВ, бидејќи е високо ризичен. Проф. Гупта вели дека може да се искористи само како последно средство за пациенти со ХИВ кои имаат опасни по живот малигни заболувања. Тековно достапните лекови за ХИВ се сеуште недоволно ефикасни за пациентите да продолжат да живеат непречено , иако го имаат вирусот.Но, терапијата со матични клетки предизвикува надеж дека во иднина ќе се појави лек со употреба на генска терапија. Како функционира терапијата со матични клетки? ХИВ-1 најчесто го користи рецепторот CCR5 за да влезе во човечка клетка. Но, има многу малку луѓе кои се отпорни на ХИВ затоа што имаат две мутирани копии на тој рецептор. Поради ова, вирусот не може да навлезе во клетките на телото. Научниците велат дека е можно да се користи генска терапија за таргетирање на CCR5 рецепторот кај лица со ХИВ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина откако во рускиот бомбашки напад вчера загинаа најмалку 35 лица на исток, со што бројот на жртви од руските напади во последните два дена се зголеми на над 70.Неколку часа по нападот на два автобуса во градот Краматорск, Зеленски ги критикуваше напорите на Вашингтон да воспостави економски врски со Русија. Зборувајќи со новинарите во Прилуки, украинскиот лидер ги повика САД да се согласат со неговите барања за проширување на пристапот на Украина до сателитската услуга „Старлинк“ за да ѝ помогнат во таргетирањето на руските лансери на балистички ракети. - Го отворивте кога му одговаравте на Иран... Јас реков сосема отворено - дајте ни го, помогнете ни да го одбраниме нашето небо и да доминираме таму. А потоа Путин ќе седне на преговарачката маса“, рече тој во емотивна изјава. Пред Москва да нападне, високи руски и американски претставници, вклучувајќи го и специјалниот претставник на Сад Џаред Кушнер, разговараа за привлекување американски инвеститор во гасоводите „Северен тек“ што испорачуваа руски гас во Германија објави Ројтерс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
МакедонијаО. Карпош: Отстранување на хаварисани возила во Карпош 3Општина Карпош продолжува со редовната акција за подигнување и отстранување на отпадни и хаварисани возила од јавните површини на територијата на општината. Акцијата, која ја спроведува Секторот Инспекторат, во соработка со колективниот постапувач „ГРЕЕН РОАД“ ДООЕЛ – Скопје, започна во реонот на УЗ Карпош 3. Во рамки на акцијата беа подигнати стари отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно биле спроведени соодветни инспекциски постапки. Со отстранувањето на хаварисаните возила се ослободуваат јавни површини и паркинг-простори, а воедно се придонесува кон подобрување на комуналниот ред и квалитетот на животната средина. Акцијата ќе продолжи во наредниот период, сè до отстранување на отпадните возила за кои се исполнети условите за подигнување. Општина Карпош апелира до граѓаните на совесно и одговорно однесување и заеднички придонес кон почист, поуреден и побезбеден Карпош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
МакедонијаОбвинителството не нашло докази за шпионажа во кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова Затворена е предистражната постапка за наводниот неовластен пристап до компјутерскиот систем во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. ОЈО ГОКК утврдило дека немало основ за натамошно јавнообвинителско постапување. Во текот на постапката била обезбедена компјутерска опрема, врз која биле извршени информатичко-форензички анализи, а биле анализирани и податоци од мобилни уреди и земени известувања од лица запознаени со случајот. Според извештаите на секторот за компјутерски криминал при МВР, не биле пронајдени дигитални траги или други форензички показатели за неовластено навлегување во системот, ниту докази дека биле снимани или прибирани класифицирани податоци. Биле констатирани одредени безбедносни и административни слабости во конфигурацијата на системот, кои можеле да претставуваат потенцијален ризик, но обвинителството оценило дека нема докази за извршување на пријавените кривични дела, соопштија од обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook