Договорот од Преспа помина на Комисија, утре на пленарна седница во грчкиот Парламент

По дводневната расправа, вкупно 12 часа и обраќањето на 38 пратеници и двајцата известувачи Комисијата за надворешни работи и одбрана на грчкиот Парламент го усвои нацрт-законот според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа.

,,Како што произлегува од дискусијата и изнесените ставови на членовите на Комисијата и на присутните членови, нацрт-законот од Министерството за надворешни работи на Грција „Ратификација на конечниот договор за решавање на разликите, прекинување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните" со мнозинство е усвоен и во секој член и во целост, рече претседателот на Комисијата, пратеникот од СИРИЗА, Костас Дузинас.

По усвојувањето, комисијата ќе состави извештај што ќе биде доставен до Парламентот, а веќе целото внимание се насочува кон пленарната седница што започнува утре, во 10 часот наутро по локално време, а гласањето ќе биде во четврток вечер.

Денешната расправа траеше континуирани шест и пол часа, а пратениците, во зависност од тоа која е нивната матична партија зазедоа став, позитивен или негативен, за Договорот од Преспа.

Со говор, седницата ја затвори алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос кој говореше за успешен договор и рече дека „очекува одговорност, чувство за национална одговорност и искреност од сите политички сили".

Позитивно за договорот говореа пратениците од СИРИЗА, како и независниот пратеник Данелис и Мавротас од Река.

– Македонија не е една и грчка. Грчката Македонија е грчка. Постојат многу Македонии. Македонии и на другите, кои јасно се одредуваат со Договорот од Букурешт со нашиот потпис, со грчки потпис. Па така, кога слушаме „Македонија е една и грчка", тоа се сфаќа како иредентизам, рече пратеникот од СИРИЗА, Никос Филис кој објасни дека Македонија стана грчка.

Пратеникот Спирос Данелис, кој поради позитивниот став за договорот беше избришан од пратеничката група на Река, рече дека „вистинскиот патриотизам бара самодоверба и почитување на патриотизмот на другите".

Опозициските партии, Нова демократија, Демократска алијанса, Златна зора, Независни Грци, Сојуз на централисти и Комунистичката партија на Грција, заедно со независниот пратеник Димитрис Каменос, се против договорот.

Голем дел од пратениците од Нова демократија, во нивните говори го споменаа завчерашниот протест, како одговор на граѓаните во однос на Договорот од Преспа. Пратеникот Атанасиос Кавадиас од опозициската партија рече дека 7 од 10 Грци не се согласуваат со договорот и ја повика владата да ги слушне граѓаните.

Василис Кегероглу од Демократска алијанса рече дека договорот бил донесен без национален консензус, а „решението го зајакнува иредентизмот на другата страна".

Независниот пратеник Димитрис Каменос кој е против договорот на членовите на комисијата им ја прочита македонската химна, коментирајќи дека „соседите се горди на Македонија, а не на Северна Македонија".

Комисијата за национална одбрана и надворешни работи, како што веќе објави МИА, ја сочинуваат 56 членови, од кои 27 од СИРИЗА, 14 од Нова демократија, четири од Демократска алијанса (Демократска левица- ПАСОК), три од Златна зора, исто толку од Комунистичка партија на Грција, а по еден претставник имаат Независни Грци, Река и Сојуз на централисти, додека, пак, учествуваат и двајца независни пратеници.

Во усвоениот нацрт-закон првиот член е потпишаниот договор во целост, вториот член се однесува на подигањето на нивото на Канцеларијата за врски во Скопје во амбасада и на Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат. Третиот член објаснува дека законот стапува на сила по објавувањето во Службен весник, а договорот по ратификацијата согласно членот 20.

Нацрт-законот со датум 18 јануари 2019 е потпишан од грчкиот премиер Алексис Ципрас и министрите од неговата влада. /МИА

Фото: Сексипилната сопруга на поранешниот втор пик на НБА драфт, контроверзниот Миличиќ

Најдобро рангираниот кошаркар од овие простори на некој НБА драфт, српскиот центар Дарко Миличиќ пред скоро две децении беше избран од Детроит од втората позиција.

Иако сите очекуваа тој да направи завидна кариера во најсилната лига сепак тоа не се случи. Контроверзниот Дарко наместо по игрите во дресот на Детроит на кошаркарскиот терен беше запаметен по неговите екцеси и испади.

Поранешниот центар на Детроит сега живее мирен живот на огромниот имот во близина на Нови Сад во Србија и многу често се појавува во балканските медиуми каде раскажува за своите инциденти. За како што тој самиот вели „глупостите што ги правел и за трошењето пари на скапи автомобили“.

„Лудиот “ Дарко дури влезе во во рингот за да се проба и во боксот???.

Но на јавноста и е интересна и сопругата на Дарко, атрактивната Зорана Миличиќ.

Сопругата на Дарко Миличиќ, кој неодамна во големо интервју зборуваше за „глупостите што ги правел“ и трошењето пари на скапи автомобили „за да биде забележан“, објави серија предизвикувачки фотографии на Инстаграм.

Зорана која на Дарко му роди два сина и една ќерка, е вистинска спортистка и многу активно се занимава со фитнес и екстремни спортови, поради што има истакнати стомачни мускули и тело на кое би позавиделе двојно помладите девојки.

На Инстаграм ја следат повеќе од 100 000 следбеници кои се воодушевени од нејзиниот изглед и од нејзиното совршено тело.

Дарко заработи милиони настапувајќи за НБА екипите на Детроит, Минесота и Бостон иако не ги достигна височините кои од него се очекуваа, кои сега му обезбедија мирен и луксузен живот заедно со една од најубавите и најатрактивни соприуги на некој спортист од Балканот, велат воодушевените следбеници на Зорана.

Скопје одржа свечена празнична поворка по повод празникот на Лазаревото Воскресение

Сите случајни минувачи со воодушевување и се приклучуваа на поворката.

Голем број деца, заедно со своите родители ја започнаа својата музичка обиколка од Плоштад „Македонија“, продолжувајќи кон Градскиот Трговски Центар па се до Diamond Mall. Со пеење, свирење на традиционални инструменти и весели гранчиња во рацете, ги ослободија срцата на секој случаен минувач.

Ова музичко патување, воедно и вистинско празнично изкуство, не само што означи почетокот на Воскресението Христово, туку ги исполни сите со радост и веселие, истакнувајќи го духот на православните празници.

Пеењето на најрадосните каланди, што се одржа во Скопје, Кичево и Реканскиот крај, во најсоодветен дух го најави најголемиот православен празник - Воскресението Христово.

Видео: Новак Ѓоковиќ ќе биде новиот Џејмс Бонд?

Најдобриот и најтрофејниот светски тенисер во историјата, мегапопуларниот  Новак Ѓоковиќ, неодамна по петти пат во кариерата ја освои престижната награда Лауреус наменета за најдобриот светски спортист.

По тој повод Новак доби интересно прашање.

Имено, на изјавата дека „многу се зборува за тоа дека тој ќе биде новиот Џејмс Бонд“, односно по конкретното прашање „Дали си ти следниот Џејмс Бонд?“, славниот Ноле изјави:

- Дали сум јас? Зарем не е очигледно? Не знам зошто им требаше толку време, но ако ова е официјална понуда - подготвен сум! Го сакам мојот лик на Новак Ѓоковиќ, мислам дека уживам во него, се забавуваме, но веројатно би го оставил Новак за Џејмс Бонд. Мислам дека е време да ја подигнам мојата актерска кариера на повисоко ниво – изјавил Ноле со насмевка на лицето.

https://www.instagram.com/reel/C6LUlS5NUCp/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

притисни ентер