3Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
БалканДодик: РС ќе стане независна држава, бидејќи БиХ не може да биде дел од „Отворениот Балкан“ Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека РС ќе стане независна држава, бидејќи Босна и Херцеговина не може да биде дел од регионалните иницијативи, како што е „Отворен Балкан“.Додик оцени дека „Отворен Балкан“ е добра иницијатива, но дека Босна и Херцеговина не мисли така. „Бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Денис Беќиревиќ, штом ќе се разбуди наутро, веднаш ги мрази Србите. Но, ние живееме во таква земја, каде што некои амбасади вежбаат врз нас, но и тоа ќе помине еден ден“, напиша Додик на својот Твитер профил. Според неговите зборови, БиХ е „невозможна земја, која е полигон за обука на американскиот амбасадор. Но, и тоа ќе помине“, рече Додик. Тој повтори дека Србите „не извршиле геноцид и дека тој бил измислен“. Високиот претставник во Босна и Херцеговина Крисатијан Шмит вчера ги повика надлежните институции да ги истражат и гонат лицата кои го негираат геноцидот во Сребреница. Република Српска ће постати независна држава јер у БиХ не можемо бити дио регионалних иницијатива које би нам могле бити од користи. "Отворени Балкан" је добра иницијатива, али у Сарајеву не мисле тако. Денис Бећировић чим се пробуди, одмах мрзи Србе. Али живимо у немогућој земљи… pic.twitter.com/wauI6ddbKk — Милорад Додик (@MiloradDodik) April 7, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаЛишени од слобода осум возачи за „безобѕирно управување возило“Тројца возеле без положен возачки испит, четворица под дејство на алкохол, а еден возел со активна забрана.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, три лица управувале возило без положен возачки испит и тоа Е.Л.(21), Д.С.(53) и Н.И.(24) сите од Скопје. Под дејство на алкохол патничко возило управувале А.С.(28) и И.Б.(61) двајцата од Скопје, Ј.К. (36) од Крива Паланка, И.Ј. (54) од село Клечовце, кумановско, додека Џ.М.(45) од село Калково, валандовско управувал возило за време на изречена забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоциклиВо септември констатирани 1.803 прекршоци, 132 случаи на безобѕирно возење и одземени 88 мотоцикли.Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При спроведените контроли констатирани се вкупно 1.803 прекршоци, од кои најголем дел, односно 1.478, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига). Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Скопје – 437, потоа на подрачјата на СВР Битола – 233, СВР Велес – 213, СВР Струмица – 201 и СВР Тетово – 168. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 154 прекршоци, додека останатите се евидентирани на подрачјата на СВР Штип, СВР Охрид и СВР Куманово. Во рамки на контролите евидентирани се и 132 случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, додека согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се 88 мотоцикли. Дополнително, констатирани се и 5.034 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на мопеди и мотоцикли задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и да избегнуваат ризично однесување во сообраќајот, со цел заштита на сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Тагови: Зајакнати контроли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
СветВладимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките нападиРускиот претседател Владимир Путин ѝ наложи на владата да одобри програма за обновување на објектите на трговската и логистичката инфраструктура оштетени во терористичките напади и да обезбеди нејзино спроведување.Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август, објави РИА Новости. Програмата треба да вклучува и употреба на современи технолошки решенија. Владата е должна да го достави првиот извештај за спроведувањето до 1 ноември 2026 година, а потоа еднаш на секои три месеци.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook