Додека шведската репрезентација игра на Европското, Ибрахимовиќ „брои палми“ на Мајорка (ВИДЕО)

Шведска одлично се пробива на Европското без најдобриот стрелец во историјата и има четири бода од првите два натпревари, но нејзините играчи и навивачи би сакале со нов да биде и Златан Ибрахимовиќ.

Сепак, Златан за тоа време ужива во Мајорка. Тој на Инстаграм објави видео на кое тој е гол и без раце вози велосипед на патека покрај морето. Тоа видео доби милион лајкови.

За потсетување, стрелецот на 62 гола за Шведска се врати во репрезентацијата пред три месеци по скоро пет години.

На два квалификациски натпревари за СП, тој постигна два гола и стана најстариот (39) репрезентативец во историјата на неговата земја.

Ќе одеше на Европското првенство доколку не го повредише коленото додека играше за Милан непосредно пред објавувањето на списокот на репрезентативци.

Па така, наместо да оди на ЕП, тој тргна на крстарење по Медитеранот со својата јахта вредна 20 милиони евра.

Бојан Миовски: Убаво е чувството кога одново сме заедно

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија го оддржа вториот тренинг во турска Анталија како подготовка за контролните натпревари против Молдавија и Црна Гора. 

Репрезентацијата денеска ќе биде во комплетен состав со приклучувањето доцна попладне на Бојан Димоски.

Нашиот напаѓач, Бојан Миовски смета дека овој период е одличен за подготовка на тимот и се надева на позитивни резултати против Молдавија и Црна Гора.

- „Секогаш е одлично чувството кога одново сме во репрезентативниот дрес. Убаво е да се видиме после подолг временски период и гледаме позитивно на натпреварите кои ни следуваат.

- Доколку целта е да играме на големо натпреварување треба да играме со одлични репрезентации и на конторлни натпревари. Молдавија и Црна Гора, а потоа и Хрватска во јуни се одличен тест за нас, треба да дадеме се од себе, да ги слушаме насоките на селекторот, да се фокусираме на стратегијата и се разбира, да се воигруваме за следниот циклус.

- Секогаш давам 200 % за клубот и репрезентацијата, секако ќе ми биде многу драго да почнам да погодувам и во националниот дрес, различно е чувството кога даваш гол за репрезентацијата и се надевам и се надевам дека ќе ја искористам шансата ако ми се укаже“.

Во Подгорица средба на Милатовиќ и Спајиќ со Ескобар

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ вчера во Подгорица се сретна со заменик помошникот на американскиот државен секретар и специјален пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар, јавија денеска црногорските медиуми.

На средбите биле потврдени одличните односи помеѓу двете земји и беше истакната силната поддршка од САД за реформските процеси во Црна Гора.

Ескобар повтори дека САД ќе продолжат да го поддржуваат европскиот пат на Црна Гора, „особено во областа на зајакнување на владеењето на правото и независноста на институциите, нагласувајќи ја улогата на Црна Гора како кредибилен НАТО сојузник“.

Ескобар, по средбата со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, повтори дека ја поддржува Црна Гора на нејзиниот пат е кон ЕУ.

Нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина за ЗСО и забраната за динари во Косово

 Нова рунда од дијалогот Белград - Приштина ќе се одржи денеска во Брисел. Делегацијата од Белград ја предводи директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.

Петковиќ рече дека ќе има разговори на техничко ниво за сите прашања важни за деескалација, вклучително и Заедница на општини со мнозинско српско население (ЗСО) и укинувањето на динарот.

-Темата секако е ЗСО, како прва и основна тема, но и други важни прашања за деескалација, а во рамките на нив, пред се, прашањето за динарот и забраната Србите да земаат плати, пензии во Косово, и се тоа води до хуманитарна катастрофа, изјави Петковиќ.

Претходната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел се одржа на крајот на февруари. /МИА

притисни ентер