Добротворната Фондација „Фајрворк“ на Кејти Пери - успешна приказна - Канал 5

Добротворната Фондација „Фајрворк“ на Кејти Пери - успешна приказна

Поп-ѕвездата Кејти Пери неодамна откри дека како дете живеела во сиромаштија, и покрај тоа што сега „тежи“ 530 милиони долари.

Добротворната Фондација „Фајрворк“ на Кејти Пери - успешна приказна

- Дали сакате да говориме за боновите за храна? Можам да зборувам за боновите. Сакате да проговориме за дарувањето храна? Можам да зборувам и за тоа, изјави пејачката раскажувајќи за тешките години.

Таа, имено, говореше за својот оскуден дом, каде што често била гладна, а нејзините родители морале со бонови за храна да сврзат крај со крај. Сè тоа влијаело на намерите за добротворна дејност. Затоа, Кејти, заедно со нејзината постара сестра Ејнџела Хадсон, ја основаа Фондацијата „Фајрворк“, со цел да им се овозможи пристап до уметноста и до образованието на сиромашните деца, пред сè.

- Тоа често ја потсетува дека и ние не потекнуваме од богато семејство. Кејти не е родена во музичко семејство кое го имаше тој пристап. Таа работеше напорно толку многу години, за да стигне таму каде што е денес, истакна нејзината сестра Ејнџела во една прилика.

Фондацијата и кампот веќе имаат значително влијание. Повеќе од 400 средношколци имаа можност да се запознаат со текстописот, кореографијата и музиката преку низа активности. Кејти и самата учествува во работата на кампот бидејќи сака да го промени животот на младите на позитивен начин, како што самата истакнува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Во четврток и во петок попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната температурата ќе биде во постепен пораст.

УХМР

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги.

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до привремен прекин во остварувањето на правата од здравственото осигурување.

По преземените активности, состојбата е нормализирана и овозможено е непречено користење на правата од здравственото осигурување за вработените во Министерството за внатрешни работи.

МВР и Фондот за здравствено осигурување ќе продолжат со координирани активности за изнаоѓање системско решение кое ќе овозможи во иднина непречено функционирање на здравственото осигурување и навремено остварување на правата од здравственото осигурување за сите вработени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андраш Бака, судијата што му се спротивстави на Орбан е нов претседател на Унгарија

Унгарскиот парламент попладнево го избра поранешниот претседател на Врховниот суд, Андраш Бакa, за нов претседател на земјата..

Андраш Бака, судијата што му се спротивстави на Орбан е нов претседател на Унгарија

Бака беше избран на оваа претежно церемонијална позиција со гласовите на владејачката десничарска партија тиса, а пратениците од опозициската ФИДЕС не гласаа. Претседателската функција остана празна минатиот месец по разрешувањето на Тамаш Суљок, кој беше голем сојузник на Орбан. Бака во 2012-та беше разрешен од позицијата прв човек на Врховниот суд, откако јавно го критикуваше потегот на тогашниот премиер за намалување на старосната граница за пензионирање на судиите. Западните медиуми пишуваат дека неговиот мандат претставува симболичен чекор во напорите на премиерот Петер Маѓар да ги демонтира упориштата на моќта на Орбан.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер