Добива смртни закани ,откако јавно покажала колку се здебелила поради короната (ВИДЕО) - Канал 5

Добива смртни закани ,откако јавно покажала колку се здебелила поради короната (ВИДЕО)

Корисничката на TikTok, Клои Ксандрија, сакала преку видеото да покаже дека е нормално да се здебелиш неколку килограми додека светот е во пандемија, а спортските сали се затворени.

Добива смртни закани ,откако јавно покажала колку се здебелила поради короната (ВИДЕО)

Нејзиното видео собра со милиони прегледи, но имало и такви кои биле длабоко навредени од она што го виделе.

Клои во видеото признава дека порано се борела со нарушување во исхраната, но денес е многу поздрава. Таа посочи дека е време да се нормализираат природните тела на човекот.

Додека многумина ја фалеа за пораката, други ја навредуваа дека е дебела, па дури и се закануваа дека ќе ја убијат.

"Добив бројни смртни закани затоа што ги објавив тие снимки, и покрај тоа, многумина ме навредуваат мене и моето семејство. Затоа ги исклучив коментарите на тоа видео. Сакам да им се заблагодарам на сите што ми дадоа поддршка и љубов, ќе продолжам да се борам за нормализирање на сите облици на телото “, рече таа.

На видеото таа покажа како изгледа денес, и како изгледала на почетокот на оваа година.

@chloe_xandria

#normalizenormalbodies #bodypositive #bodypositivity #normalizeallbodies #MakeItMagical

♬ 2020 glow up - Katie Clark

"Во некои моменти, храната ми беше единствената утеха. Пробувањето нови рецепти ми олесни да се справам со тешките моменти", рече таа.

Таа заклучува дека поважно од бројката на вагата е она што вашето тело го прави за вас и како ве носи низ животот.

@chloe_xandria

#normalizenormalbodies #bodypositive #bodypositivity

♬ im a big gurl - 🍒𝖘𝖚𝖕𝖗𝖊𝖒𝖊 𝖖𝖚𝖊𝖊𝖓🍒

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански остров

Советот на шпанскиот остров Ел Иеро соопшти дека прогласил вонредна состојба за справување со миграциската криза, откако повеќе од 8.000 мигранти пристигнале на островот во Канарскиот архипелаг во последните пет недели.

Прогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански остров

Со декретот се бара и од владата на Канарските Острови и од шпанската држава да обезбедат дополнителен персонал и да спроведат систем на ротација за да им овозможат на членовите на Поморската служба за спасување, Здравствената служба на Канарските Острови, Државните безбедносни сили и Црвениот крст да бидат соодветно одморени, објави RTVE.

Претседателот на островскиот совет, Кабилдо, Алпидио Армас, рече дека вонредната состојба е прогласена за да „гарантира рамка за соработка со институциите за обезбедување на основните права“ и за пристап до буџетските ресурси потребни „за справување со овие непредвидени ситуации“.

Армас рече дека практично сите мигранти на островот доаѓаат од Сенегал.

Претседателот на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, рече дека шпанскиот премиер Педро Санчез се обврзал итно да свика Комисија за имиграција и да ги зајакне ресурсите за здравствена заштита преку Државниот секретаријат за миграција. Декларацијата, исто така, предвидува воспоставување протоколи за координиран трансфер на мигранти на други острови со поголем капацитет и зајакнување на објектите за првичен прием на мигранти на островот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!

Вчеравечер беше одбележана 130 годишнината од постоењето на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Скопје. 

Ѓорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!

„Вечерва одбележуваме 130 години од изградбата на некогашниот Соборен храм.

Дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски.

Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ.

Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце.

Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци.

За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм.

Им благодарам од срце на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ.

Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви.

Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила.

Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“!

За многу години!“, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер