Добила бесплатна софа и ја сместила во детската соба: Се запрепастила кога сфатила за што служи - Канал 5

Добила бесплатна софа и ја сместила во детската соба: Се запрепастила кога сфатила за што служи

Кара сè уште не знае што да прави со ова парче мебел.

Добила бесплатна софа и ја сместила во детската соба: Се запрепастила кога сфатила за што служи

Купувањето нов мебел е голем финансиски трошок, па многумина, особено млади парови, се снаоѓаат на разни начини за да го обезбедат потребното по најповолни цени. Во светот, но и кај нас сè почесто се подарува користен и сочуван мебел.

Кара Томсон (29) е медицинска сестра и мајка на две мали деца. Нејзиниот сопруг работи на селектирање ѓубре и се зачудил кога здогледал софа во одлична состојба, па решил да ја донесе дома. Кара била воодушевена кога ја видела и веднаш ја сместиле во детската соба, за нивните деца, покрај креветот за спиење, да имаат и софа на која ќе си играат.

Меѓутоа, ѓаволот не ѝ давал мир, па почнала да истражува за што служи оваа софа.

- Се запрепастив кога сфатив дека таа софа е наменета за сексуални игри за возрасни. Веднаш ја преселивме од детската соба во нашата спална соба и сега размислуваме што да правиме со неа – вели таа во видеото што го споделила на социјалните мрежи, а пренесува „Сан“.

- Мебелот секогаш го чистиме и проверуваме пред употреба. Етикетата од страна ми го привлече вниманието, побарав информации за неа на Гугл и се запрепастив кога сфатив за што всушност служи. Не ни беше пријатно да имаме такво нешто, за таква намена, во детската соба. Сè уште не сме решиле што ќе правиме со него, најверојатно ќе го донираме - изјавила таа.

Таа го сподели своето непријатно искуство на Инстаграм, предупредувајќи ги луѓето да го проверат она што го добиваат пред да го прифатат, па дури и да се работи за бесплатен мебел.

- Перничето се откопчува за да се сокријат „играчките“. Има и ремени. Бевме згрозени - додава Кара.

Нејзиното видео стана вирално, а следеа и бројни коментари.

- Помислив дека сте откриле стеници, а не дека е наменет за „лудории“ за возрасни.

- Не сум знаела дека прават кауч за таква цел??? Се чувствувам толку невино.

- Мислев дека предупредувањето е со цел да се повлече поради безбедност или отровни материјали.

Кара објасни дека мислењата се поделени, некои сметаат дека е несоодветно мебелот да биде во детската соба, а додека други ги наговараат да го задржат каучот. Таа изјавила дека софата не им пречи и дека може да остане во нивниот дом, но дека веќе имаат своја и не сакаат да ја заменат со ваква контроверзна софа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест лица уапсени по пукањето во Краков: Го величале напаѓачот

Шест лица се приведени по масовното пукање на Главниот плоштад во Краков. Меѓу приведените има пет полски државјани и еден државјанин на Украина, соопшти полското Министерство за внатрешни работи.

Шест лица уапсени по пукањето во Краков: Го величале напаѓачот

Според портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Каролина Галецка, апсењата уследиле по откривањето на содржини на интернет кои би можеле да укажуваат на закана за други лица.

Полицијата истражува можни „имитатори“ на напаѓачот, кој усмрти шест лица.

По нападот што се случи во саботата во центарот на Краков, органите на редот спроведуваат операции низ целата земја.

Централното биро за борба против сајбер-криминалот приведе шест лица на возраст меѓу 15 и 36 години.

„По нападот во Краков, Централното биро за борба против сајбер-криминалот и полицијата остануваат крајно будни во однос на можни имитатори“, нагласи Галецка.

Портпаролката објасни дека полициските службеници, меѓу другото, анализирале објави во кои се величало злосторството извршено во Краков од страна на Михал Оксињски.

Полицијата следи не само јавно достапни содржини на социјалните мрежи, туку и информации што се појавуваат на „darknet“ – дел од интернетот достапен само преку специјализиран софтвер.

Според Централното биро за борба против сајбер-криминалот, приведените признале дека објавувале лажни информации. Некои од нив своите постапки ги оправдале тврдејќи дека „само се шегувале“, додека властите допрва треба да утврдат дали приведените планирале нов напад, пренесе „Newsmax Polska“.

Лажни вести се шират по пукањето

По нападот во Краков, интернетот беше преплавен со лажни вести. Полицијата предупреди дека некои од лицата кои стојат зад овие објави се обиделе да ги искористат драматичните настани за да стекнат популарност на социјалните мрежи.

Заменик-премиерот Кшиштоф Гавковски изјави дека лажни информации за нападот почнале да кружат само неколку минути по инцидентот.

Гавковски додаде дека надлежните органи утврдиле вмешаност на руски ботови и тролови во ширењето на лажни информации поврзани со нападот.

На 7 ноември, напаѓачот – 24-годишниот Михал Оксињски – со автомобил влегол на Главниот плоштад во Краков и почнал да пука кон случајни минувачи. Шест лица загинаа, додека 15 повредени се задржани во болница – меѓу нив и двајца полицајци, од кои едниот, според информациите, е во тешка состојба.

Во домот на напаѓачот беа пронајдени уште три тела, за кои се верува дека се на неговите родители и сестра.

Напаѓачот беше ранет за време на полициска интервенција и почина рано утринава во болница во Краков. Истрагата за нападот продолжува, и покрај смртта на сторителот.

Обвинителството ги одзеде неговите телефони и електронска опрема. Меѓу другото, во моментов се испитуваат и мотивите на напаѓачот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња

Истрагата опфаќа 1,2 милиони возила на „Ford“ во САД.

Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња

Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) денеска започна прелиминарна истрага за повеќе од 1,2 милиони возила на „Ford“, по добиени извештаи за ненамерно активирање на страничните воздушни перничиња, што резултирало со сериозни изгореници кај патниците.

Како што пренесува Ројтерс, агенцијата соопшти дека примила осум поплаки и четири извештаи за инциденти поврзани со возила од моделот „Ford Explorer“, произведени во периодот од 2021 до 2026 година.

Според податоците на „NHTSA“, возачите, патниците на предните седишта, како и некои полициски службеници – кои го користеле моделот „Explorer Police Interceptor“ – се здобиле со изгореници од втор и трет степен откако се активирале страничните воздушни перничиња вградени во седиштата.

Покренувањето на прелиминарна истрага претставува прва фаза од регулаторниот процес, во текот на која „NHTSA“ го проценува обемот на проблемот и утврдува дали е потребно дополнително испитување или евентуално повлекување на возилата.

Од „NHTSA“ наведуваат дека прелиминарната проценка обично трае до осум месеци. Доколку се појават дополнителни докази, агенцијата може да ја прошири истрагата и, на крајот, да наложи повлекување на возилата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваат

Бројот на загинати во експлозија во челичарница во Измир се искачи на најмалку 16, а пријавени се и 13 повредени, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по работници заробени под урнатините.

Експлозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваат

Во изјава по состанокот на кабинетот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека 16 лица ги загубиле животите, а 13 се повредени – од кои двајца потешко – во експлозија во фабрика за железо и челик во Измир, пренесува агенцијата Анадолија.

Тој изјави дека одговорните за каква било небрежност во Измир ќе сносат одговорност.

Претходно, тој добил извештај за несреќата од министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, кои отпатуваа во Измир.

Според „ТРТ Хабер“, во Измир пристигнал и министерот за труд и социјална сигурност, Ведат Ишикхан. Тој најави дека Институцијата за социјална сигурност назначила главен инспектор за истражување на околностите под кои се случила несреќата.

Министерот за правда, Акин Ѓурлек, изјави дека е започната истрага и дека на случајот се ангажирани четворица обвинители од Јавното обвинителство во Менемен.

Турските власти изразија сочувство до семејствата на жртвите и посакаа брзо закрепнување на повредените, напоменувајќи дека спасувачките операции се во тек, а околностите околу несреќата се истражуваат. Експлозијата се случила за време на леење на стопен челик.

Експлозијата се случила денеска околу пладне во погон на компанијата „Хабаш“ во областа Бозкој, предизвикувајќи пожар и густ чад над фабриката.

Противпожарните екипи го изгаснаа пожарот, додека на местото на настанот беа испратени полиција, медицински персонал и спасувачки тимови.

Според првичните информации, до експлозијата дошло за време на леење на стопен челик, кога кран се откачил и паднал во електрична печка.

Во соопштение од регионалните власти се наведува дека осум работници останале заробени под урнатините, поради што спасувачките екипи започнале интензивна операција за нивно пронаоѓање.

Повредените се пренесени во блиските болници, а едно лице со хеликоптер е префрлено во болница во Измир. Компанијата Хабаш соопшти дека несреќата се случила за време на планирани работи за одржување на една од печките со електричен лак, додавајќи дека повредените добиле итна помош и биле пренесени во болници.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер