До 15 часот во Струга излезност 27,5 проценти, а во Вевчани 51 отсто

Изборниот процес во општините Струга и Вевчани тече мирно. Заклучно со 15 часот во Струга гласале 27, 5 проценти од 61.437 гласачи, а во Вевчани 51, 25 отсто од регистрираните 2.075 гласачи, потврдија претседателите на општинските изборни комисии.

Според Минир Жута, претседател на ОИК Струга, освен проблемите со апаратите за отпечаток, кои се појавиле на почетокот на гласањето, други нарушувања немало.

– Гласањето тече мирно во сите 101 избирачко место. Сабајле имаше проблеми со апаратот за отпечаток, но тоа е надминато, изјави Жута, потенцирајќи дека не се регистрирани агитирања на избирачките места.

Мирен изборен ден, како што информира претседателката на ОИК Менка Кукоска, има и во Вевчани. Во оваа општина се гласа на три избирачки места, каде на почетокот од изборниот процес имало ситни проблеми со апаратите за отпечаток, но, според неа, за кратко биле надминати.с

Муцунски:Спортскиот центар во Ново Лисиче ќе го носи името на младиот ракометар Марко Божиновси

Од денес и официјално Спортскиот центар во Ново Лисиче имаме чест и задоволство да носи име Спортски центар – Марко Божиновски.

Марко Божиновски е едно младо момче пример за млад човек, спортист, добар другар и пријател, кој што пред шест месеци трагично почина.

Заедничка одлука на моја иницијатива, но заедничка одлука на сите советници во Советот на Општина Аеродром, и од ВМРО-ДПМНЕ, и од СДСМ, и од Левица, е овој Спортски центар да го носи токму неговото име.

Одлучивме да инвестираме во реновирање на спортската инфраструктура која што ја гледате позади вас. Дел од таа инвестиција е на општина Аеродром, но и самото семејство на Марко Божиновски, пријатели нивни, се активно вклучени во подобрување на условите кои што ќе ги има овој Спортски центар.

Во чест на Марко Божиновски, кој што треба да биде пример на сите исти млади генерации, успешен млад ракометар, добар другар и искрен, верен пријател, сакаме да функционираме и таков однос да воспоставиме спрема сите други млади луѓе во општина Аеродром, да бидат како Марко Божиновски.

И во таа смисла ќе продолжиме и следната година, ние како општина да инвестираме во спортската инфраструктура, да инвестираме во младите спортски таленти.

Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром

Реакција на Трипуновски на прес-конференцијата на заменик-министерот Димковски

Над 50 милиони евра помалку за земјоделците за догодина, и СДСМ пак се фали дека работат за народот и земјоделците. Дали навистина мислите дека некој ви верува?

5 години по ред нема сигурен откуп ниту нормални откупни цени за земјоделските производи.

Власта не се потруди да обезбеди откуп. 5 години по ред јаболката завршуваат во Преспанско езеро, праските во депониите, пиперките на буниште, оризот скапува во амбарите, тутунот го палат или продаваат по мизерни цени.

Не гледам ниту една мерка, која владата ја планира, а е насочена кон обезбедување на сигурен откуп. Нема. И годинава што доаѓа ќе гледаме како земјоделците нема каде да си го продадат родот свој.

Со хидроакумулациите не знаат како да управуваат. Вода нема ниту за земјоделците, ниту за производство на струја. Во нови капацитети не се инвестираше 5 години.

Од пресот се гледа безидејност и незнаење. Затоа колку побргу си заминат толку подобро за Македонија, само така ќе имаме можност да ги исправиме работите.

Цветан Трипуновски, член на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Видео: Силна ерупција на вулкан во Индонезија

На островот Јава во Индонезија, активен вулкан еруптираше по втор пат за неколку месеци.

Локалните жители бегаат од огромниот облак од пепел од вулканот Семеру.

Се уште нема извештаи за жртви, евакуацијата е во тек.

Надзорното тело издаде предупредување до авиокомпаниите за облак од пепел што се издигнува до 15.000 метри.

Последен пат вулканот еруптираше во јануари.

притисни ентер