Голема полициска операција во Србија. Уапсени се шест лица за детска порнографија, спасени се девет деца
2Голема полициска операција во Србија. Уапсени се шест лица за детска порнографија, спасени се девет деца
3Басани од Светската банка: Народната банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски сектор
МЗ: Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене
1МЗ: Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене
ХороскопДневен хороскоп за 17. мај 2023 годинаДневен хороскоп за среда, 17. мај 2023 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе посакате да внесете предизвик вовашата врска, па ќе се обидете малку да ја испровоцирате саканата личност, секако со добри намери. Кариера Доколку ви приговараат дека не сте ја завршиле добро работата , не го земајте тоа при срце. Видете што може да се поправи. Здравје и совет Мала емотивна напнатост. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашата љубезност ќе изгледа како да е лажна , зашто зад неа криете интерес за да завладеете се саканата личност. Кариера Новите работи што се појавуваат на работното место ќе ги вознемират оние ки ви работеле зад грб или во тајност. Здравје и совет Ќе се насмеете. Рак 22.6-22.7. Љубов Компромиси во односите ќе најдете со помош на вашите пријатели. Тие ќе знаат да видадат совет и насока. Кариера И натаму одите кон подобро , но вложувате се повеќе напор.Служете се со знаење , хумор и шеги за да си олесните. Здравје и совет Треба убаво да се наспиете. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе бидете конструктивни во своите дискусии со партнерот , што на крај ќе резултира со вашите хумористични заклучоци. Кариера Многумина ќе се трудат за да се изразат на вистински начин или она што долго сте го подготвувале ќе излезе на виделина. Здравје и совет Ќе успеете во своите намери. Девица 23.8.-23.9. Љубов Пред вас е ден во кој ќе имате шанса за да ја докажете својата смисла за практичност во секојдневниот живот. Кариера Ќе бидете задоволни од напредокот на работите. Денеска средувате некои ситни работи и тоа не ви оди лошо. Здравје и совет Мали дигестивни проблеми. Вага 24.9.-23.10 Љубов Додека саканата личност ќе ве поттикнува на отвореност , дури и преку провокации , вие ќе имате потреба за да зсе повлечете. Кариера Одлично ќе ви одат сите работи за кои треба да ја активирате интуицијата или уметничките способности. Здравје и совет Читајте меѓу редови. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Додека вие сонувате за нежност и внимание, партнерот ве изненадува со откачен предлог што ви носи немир. Кариера Ќе има минливи проблеми во усогласувањето на мислењата меѓу вас и вашите деловни партнери. Здравје и совет Треба да бидете трпеливи. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Попустливост во комбинација со зголемена самодоверба , ќе биде доказ дека вашите лични односи добро се развиваат. Кариера Ќе ги игнорирате неважните работи и ќе си дозволите малку поопуштено темпо на работење. Но , тоа ќе потрае само денеска. Здравје и совет Проверете си ја крвната слика. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе се чувствувате многу сигурнио во своите лични односи. Они кои уште се сами ќе соберат храброст за да направат нешто во освојувањата. Кариера Продолжувате да работите посветено и темелно. Упорни сте , а резултатите се веќе видливи. Тоа ве радува. Здравје и совет Ќе бидете среќни и мирни. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Поврзаноста со друштвото и пријателите денеска ќе ви биде поважн аотколку врската со саканата личност. Кариера Со помош на други , може да тргнете во деловно претприемништво. Сами малку ќе може да направите. Здравје и совет Пребројте ги калориите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Со хумор ќе ги победувате емотивните фрустрации , што денеска ќе бидат засилени во однос на претходните денови. Издржете. Кариера Ќе ги игнорирате барањата на своите претпоставени и ќе работите по свое. само делумно сте во право. Здравје и совет Заморот ве стигнува. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата позитивна љубовна страна продолжува преку пријатни разговори и засилено движење меѓу луѓе. Кариера Денеска ќе ви биде интересно на работното место. освежувањето ќе го донесат новите соработници , со кои ќе комуницирате. Здравје и совет Ќе бидете добро расположени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНајдобрите фудбалери против Кипар за опстанок во Б дивизијата од Лигата на нацииМакедонија оспатанокот во Б сегментот од Лигата на нации ќе се обиде да го избори во два меча против селекцијата на Кипар. Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија попладнево денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион го дозна противникот во баражот за опстанок во Б-Лигата на нации. „Црвено-жолтите“ по катастрофалниот настап и шесте порази на исто толку натпревари, за опстанок во овој сегмент за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Кипар. Нашите најдобри фудбалери осптанокот во Б дизивијата ќе се обидат да го изборат на домашен терен, бидејќи првиот натпревар избраниците на Седлоски го играат на 25 март следната година на Кипар, а реваншот е закажан за 28 истиот месец во Скопје. БАРАЖ ПАРОВИ: КИПАР – МАКЕДОНИЈА ЕСТОНИЈА – РОМАНИЈА ФАРСКИ ОСТРОВИ – ГРУЗИЈА БЕЛОРУСИЈА – ИЗРАЕЛКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеМЗ: Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во ЕдренеМинистерот за здравство Сашо Клековски и ректорот на Универзитетот Тракија од Едрене, проф. д-р Мустафа Хатиплер, денеска во Скопје потпишаа протокол за соработка во областа на здравството, со важност од пет години.Протоколот е потпишан во рамки на проектот „Мостови на братството“ — балканска соработка во здравството и обука во текот на работата, што Универзитетот Тракија го спроведува со поддршка на Министерството за здравство на Република Турција. Македонија е третата земја вклучена во проектот, по Косово и Бугарија. Соработката предвидува: стручни престои и практична обука на македонски здравствени работници на Медицинскиот факултет и во Универзитетската болница во Едрене; размена на знаење и клиничко искуство меѓу стручните тимови; заеднички научни истражувања и стручни настани; институционална соработка што, покрај медицината, ги опфаќа и стоматологијата, фармацијата и здравствените науки. Протоколот е продолжение на меморандумот за разбирање во областа на здравството што министерот Клековски го потпиша со министерот за здравство на Република Турција, проф. д-р Кемал Мемишоглу, во октомври годинава во Истанбул, каде што стручната размена и специјалистичката едукација беа определени како приоритетни области. Во делегацијата на Универзитетот Тракија беа и проректорот и декан на Медицинскиот факултет проф. д-р Седат Устундаг, деканот на Факултетот за стоматологија проф. д-р Али Јилмаз и директорот на Универзитетската болница проф. д-р Алкин Чолак. „Договорите вредат онолку колку што од нив ќе почувствува корист еден пациент. Со овој протокол нашите здравствени работници добиваат место каде ќе се доусовршуваат, а знаењето што ќе го донесат останува тука“, изјави министерот Клековски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПожар на ортопедија во ГОБ 8 СептемвриПожар избувнал утрово во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје, на Одделот за ортопедија, поради што дел од пациетите морале да бидат евакуирани.Засега нема официјални информации каде точно избувнал пожарот, ниту која е причината за неговото настанување. Пожарот е локализиран и, според информациите од надлежните служби, нема опасност од негово понатамошно ширење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45