Дневен хороскоп за 17. јануари 2023 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 17. јануари 2023 година

Дневен хороскоп за вторник, 17. јануари 2023 година. 

Дневен хороскоп за 17. јануари 2023 година

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Речиси е сигурно дека денот ќе го поминете дома во друштво на саканата личност. Ќе ви биде убаво и без поголеми љубовни активности.

Кариера

Стигнува предлог за една соработка што не сте ја очекувале.Малку сте збунети , но ќе реагирате бргу и ќе се снајдете.

Здравје и совет

Имате право да се опуштите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете способни да читате меѓу редови , како и да детектирате и она што е најскриено во односот со личноста која ја сакате.

Кариера

Ќе влијаете на работите и луѓето околу себе, понекогаш и несвесно.Ќе забележувате и повеќе отколку што очекувате.

Здравје и совет

Подобрување и инспирација .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе ја поврзете саканата личност со вашето друштво и пријателите. Ќе ви биде пријатно и драго поради тоа.

Кариера

Не се двоумите да вложите енергија во работата. Секој труд кога-тогаш ќе се исплати.

Здравје и совет

Што сте замислиле, остварете го.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Фантазијата ќе ве води низ патеките на срцето , па нема да бидете целосно реални. Отуѓувањето што е започнато , ќе ве оддалечи.

Кариера

На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. работете енергично , а анализирајте полека.

Здравје и совет

Нерасположение без вистинска причина.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Денеска е ден кога во љубовните прашања ќе ги мешате скромноста и високите идеали. Резултат ќе биде збунетост од другата страна.

Кариера

Многумина ќе се насмеат на можноста за една соработка , зашто ќе ви се чини дека не е реална. Сепак , размислете.

Здравје и совет

Мали главоболки.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Имате доволно самодоверба . Врските добро се развиваат , а ако сте уште сами , не чекајте туку излезете. Се е можно.

Кариера

Повеќето од вашите деловни активности ќе се одвиваат соо помош или поддршка на други. Покажете дека тоа го цените.

Здравје и совет

Ќе имате доволно време за дружба.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можело да се најдете на ново место со стари познајници или навики.

Кариера

Вашето знаење и стручноста се неспорни , но ќе ви се чини дека не ви придаваат доволно внимание и дека заслужувате повеќе.

Здравје и совет

Не може ништо да се прескокне.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно ќе бидете повеќе посветени кон партнерот , кој ќе биде почувствителен од вообичаеното. Бидете внимателни.

Кариера

Излегуваат на виделина добрите финансиски резултати. Задоволни сте и ги контактирате колегите за нови деловни потфати.

Здравје и совет

Пуштете да ве води интуицијата.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска ќе дадете се од себе за да ја збогатите својата врска. Предлозите ќе бидат необични , но интересни.

Кариера

Срцето ве влече меѓу луѓето , но ако треба да се сработи уште нешто , направете го тоа без приговор.

Здравје и совет

Јадете повеќе овошје и зеленчук.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Со фантазија и креативност ќе ги надминете фрустрациите кои се попречуваат меѓу вас и саканата личност.

Кариера

Ќе покажете дека имате свежи идеи , кои ќе бидат изненадување за некои од соработниците. Слободно презентирајте ги.

Здравје и совет

Би било добро да се наспиете.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Како што ќе минува денот , вие ќе бидетге подложни на посилно искажување на емоциите , а инспирациите за љубов нема да ви недостигаат.

Кариера

Сите работи поврзани со луѓе добро ќе се одвиваат . Комуницирајте , отворете се , предлагајте ги своите идеи и решенија.

Здравје и совет

Во добра кондиција сте . Продолжете така.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Развојот на вашиот љубовен живот е неспорен. Можете да избирате , а понекогаш е и обратно. Важно е дека срцето ви е на место.

Кариера

Во деловната коресподенција , што е интензивна би можело да дојде до мал хаос. Јасно поставувајте ги прашањата и на ист начин одговарајте.

Здравје и совет

Поставете си јасни цели .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заврши потрагата по лавица во Истанбул: Властите сега тврдат дека такво животно никогаш немало

Потрагата по лавица во предградијата на Истанбул – која траеше 24 часа и предизвика паника меѓу локалните жители – синоќа доживеа неочекуван пресврт. Турските власти соопштија дека воопшто немало никаква лавица.

Заврши потрагата по лавица во Истанбул: Властите сега тврдат дека такво животно никогаш немало

Гувернерот на Истанбул мобилизираше тимови од експерти за заштита на животни, полиција и специјализирани воени единици, откако животното наводно било идентификувано како лавица. Беа објавени дури и две видеа на кои се гледа како животното се движи низ елитната истанбулска населба Ускумрукој.

На жителите им беше препорачано да останат во своите домови, а властите го ограничија пристапот до шумата, која зафаќа површина од 54 квадратни километри северно од Истанбул. Сепак, доцна синоќа, властите го променија своето првично тврдење, наведувајќи дека анализата на новите снимки покажала оти животното „не е ниту лав, ниту каков било друг вид на голема мачка“, пренесува „Асошиејтед прес“.

Граѓаните се збунети

„Областа беше пребарана од воздух со помош на дрон опремен со термални камери, како и на терен од страна на нашите тимови. Беа поставени и мамки, како и камери со сензори за движење. Пребарувањето на теренот не донесе никакви конкретни докази за присуство на лав во тој дел“, се вели во соопштението.

Овој ненадеен пресврт ги збуни многу граѓани, кои сега се прашуваат кое животно властите можеле да го помешаат со лавица. Некои претпоставуваат дека станува збор за големо куче, додека други на социјалните мрежи иронично објавуваат снимки од домашни мачки, прашувајќи дали можеби тоа е „лавицата“ што се барала.

Дури и по соопштението од канцеларијата на гувернерот, некои медиуми објавија уште едно видео на кое се гледа животно како излегува од грмушките, прашувајќи ги читателите дали, всушност, би можело да станува збор за лав.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев од Охрид: Граѓаните не смеат да бидат заложници на неефикасни институции

Граѓаните не смеат да бидат заложници на неефикасни институции, градиме администрација што решава проблеми, а не создава нови!

Минчев од Охрид: Граѓаните не смеат да бидат заложници на неефикасни институции

„Професионалноста не е она што го пишува во нашето работно решение. Професионалноста е она што граѓанинот го добива кога ќе влезе во институцијата.“ Ова го истакна министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на денешните генерички обуки за административните службеници во Охрид, нагласувајќи дека суштината на реформата на јавната администрација не е само во промената на законите, туку во конкретната промена што граѓаните ќе ја почувствуваат преку поквалитетни услуги, поголема ефикасност и одговорни институции.

Министерот потенцираше дека државата не може да биде силна без професионални и компетентни луѓе во институциите, поради што Министерството инвестира во континуираното унапредување на знаењата и вештините на административните службеници. Oбуките се насочени кон три клучни области: менторство, комуникациски вештини, еднаквост и недискриминација, со посебен акцент на нивната практична примена во секојдневното работење и односот со граѓаните.

„Нашата цел е институции кои нема да бидат пречка за граѓаните, туку нивна поддршка. Институции кои нема да го трошат времето на граѓаните, туку ќе го почитуваат“ порача Минчев, посочувајќи дека професионалниот развој мора да стане траен и системски процес, достапен за секој административен службеник, независно од институцијата и местото каде што работи.

Во таа насока, Министерството интензивно работи на воспоставување на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници, која ќе започне со работа на почетокот на 2027 година. Академијата ќе претставува нов институционален модел за континуирано учење, развој на компетенции и унапредување на професионалните стандарди.

Минчев се осврна и на пошироките системски промени што ги спроведува Министерството, меѓу кои и новата законска рамка за административните службеници и Законот за високите раководители, со кои се поставуваат појасни критериуми за професионалност, избор, оценување и одговорност. Тој потенцираше дека раководните позиции мора да носат одговорност за резултатите, а професионалниот придонес, компетентноста и интегритетот да бидат вистинската мерка за напредување и вреднување во институциите.

„Државата не е силна кога има голем број на институции, туку кога институциите имаат капацитет да им служат на граѓаните“ истакна министерот, нагласувајќи дека реформата на јавната администрација е заедничка одговорност на сите институции и административни службеници.

Министерството за јавна администрација останува посветено на создавање услови во кои знаењето, стручноста и професионалниот интегритет ќе бидат најголемата вредност на секоја институција. Преку континуирана поддршка, нови можности за учење и вложување во човечките капацитети, Министерството докажува дека квалитетот на јавната администрација започнува од луѓето, а се потврдува преку нивната работа, однос и одговорност кон граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН: Со доградба на шест училници, овозможена е едносменска настава во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода

Во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Кисела Вода од први септември годинава е воведена настава во една смена.

МОН: Со доградба на шест училници, овозможена е едносменска настава во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода

Во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Кисела Вода од први септември годинава е воведена настава во една смена, откако претходно со заедничка инвестиција од 19 милиони денари на Владата и локалната самоуправа се проширија училишните капацитети со шест нови училници.

Денес училиштето го посетија министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

„Едносменското работење е концепт за кој се залага актуелната Влада и во соработка со локалните самоуправи, постепено ја прошируваме неговата примена. Ефектот е повеќедимензионален – децата повеќе се концентрирани на наставата наутро, се задржуваат повеќе на училиште со оглед дека имаат помалку часови на годишно ниво од нивните врсници во Европа, повеќе се социјализираат, а воедно се намалуваат и трошоците за функционирањето на училишните објекти“, рече Јаневска.

Министерката посочи дека Кисела Вода ќе добие поддршка за проширување на капацитетите и на други училишни објекти, за да се воведе едносменска настава на целата нејзина територија.

„Министерството веќе има изготвени проекти за проширување на уште три училишта со по шест училници – централното ОУ „Круме Кепески“, ОУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево и ОУ „Рајко Жинзифов“ во Пинтија. Многу скоро ќе објавиме постапки за избор на градежни компании и на почетокот на следната година очекувам да започнат теренските активности“, информираше Јаневска и додаде дека во земјата, од вкупно 1023 училишни објекти, во 620 има настава во една смена.

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска рече дека општината целосно ги опреми новите простории во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ со столчиња, клупи, катедри, табли, смарт-уреди во сите училници и преносни компјутери за наставниците.

„ Грижата за децата и континуираното подобрување на условите во сите училишта е наш заеднички фокус“, истакна градоначалничката, заблагодарувајќи се на Владата и Министерството за образование и наука за поддршката и партнерскиот однос, со порака дека кога локалната и централната власт работат со иста визија, резултатите се видливи веднаш и директно го подобруваат животот на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер