ДКСК: Уставен суд да даде оценка на членот 64 од Законот за денационализација поради продажбата на парцелата спроти „Холидеј Ин"

Државната комисија за спречување на корупција ќе упати барање до Уставниот суд  да изврши оценка на членот 64  од Законот за  денационализација поради, според нив, спорната продажба на земјиштето спроти „Холидеј Ин".

Ова денеска на прес-конференција го истакна претседателката на ДКСК Билјана Ивановска на која соопшти дека Комисијата го завршила предметот кој се однесува на продажбата на градежното земјиште кај паркингот „Холидеј ин", кој бил отворен по сопствена иницијатива по наводи изнесени во медиуми за сомневање за злоупотреби со продажбата на парцелата.

-Продажбата на парцелата ја извршила Министерството за транспорт и врски врз основа на извод од ДУП кој не се применува согласно одлука донесена од Советот на Општина Центар за запирање на спроведувањето ДУП-овите. Изводот од планот го издал градоначалникот на општината за наводно решавање на имотно правни односи. Во барањето на подносителот е наведено дека изводот од ДУП-от е потребен за дооформување на парцелата. Изводот издаден од градоначалникот, не содржи известување или напомена дека ДУП-от за кој се издава изводот е под мораториум и може да претрпи неккави измени при негова ревизија. Парцелата е продадена врз основа на позитивно мислење од страна на државниот правобранител кој до Министерството за трнаспорт и врски испратил мислење во кое вели дека нема правни пречки да се изврши продажбата на земјиштето, истакна Ивановска.

Таа информираше дека во дописот кој го побарале од државниот правобранител, тој навел дека градежното земјиште е отуѓено врз основа на важен детален урбанистички план од 2012 година дека како прилог на документацијата доставен е и изводот од ДУП-от издаденод градоначалникот на Општина Центар.

-Дел од ова земјиште што го продава Министерството за транспорт и тоа некаде околу 625 метри квадратни е на семејство што започнало процес за денационализација во 2003 година. Но поради измени во Законот за денационализација од декември во 2010 година со кој се дозволува располагање со имот којшто е предмет на денационализација земјиштето е продадено пред да биде завршен процесот на денационализација, нагласува Ивановска.

Пред оваа измена, вели таа, постоела апсолутна забрана за располагање со имот од предмет на денационализација без никакви дополнителни услови со што се заштитува имотот, предмет на денационализација се заштитувале правата на поранешните сопственици или нивни наследници врз тој имот и се овозможувало на крајот остварување на целта на законот, а тоа е враќање на имотот на сопствениците односно на наследниците.

-Наведената измена, сметаме дека не е во согласност со Уставот според кој граѓаните се еднавки пред Уствот и законите, а правото каде што сопственоста е право, е една од темелните вредности на уставниот поредок, првата антикорупционерка.

На седницата на ДКСК, членовите разгледувале прашања поврзани за донациите во време на криза и дека веќе добиле информации од министерствата, а договориле и средба со директорката на Инспекцискиот совет за следните активности како ќе постапуваат во тој дел заедно со инспекторите.

По сопствена иницијатива, атикорупционерите го разгледале и предметот по допрен глас за Ден Дончев дека поранешниот дирктор на Фондот за здравство наводно остварувал некакви приходи и утврдиле дека тој нема пријавено дополнителни приходи. Ивановска и информираше дека работат на случајот и дека доколку утврдат неправилности ќе покренат прекршочна пријава за непријавување на дополнителни приходи. /МИА

Муслиу: На партиите во Албанскиот блок им порачувам наративот да си го користат меѓу себе

„Нас како граѓани првенствено не' интересира проблемот да се реши“

Изборниот резултат не е само поради уставните измени. Реално се' им се удри од глава на СДСМ, ДУИ си ги одржа своите работи. Дел се внатрешни , дел се надворешни причини, дел се некоректност на ЕУ. На Радев ставовите се јасни, да се прашуваше тој ниту преговарачка рамка немаше да имаме.

Во Албанскиот политички блок се води борба за легитимноста, една од главните теми беше условувањето на владата за уставните измени, во предизборието кампањата сговореше дека нема влада без уставни измени. Не верувам дека Ахмети излажа дека бил потпишан некаков документ, а тој што го потпишал го обландираше како џентлменски договор. Би им препорачал наративот да си го користат меѓу себе, бидејќи ќе генерираат негативен став од другата страна и отешко ќе биде тоа да се случи, го слушнавме Мицкоски како рече дека со разговор, да, но со уцени не. Нас како граѓани првенствено не' интересира проблемот да се реши, рече Алберт Муслиу во Само Вистина.

Најнаселен остров на светот- помал е од фудбалско игралиште, а на него живеат 1.000 луѓе(ВИДЕО)

Островот Мигинго изгледа нереално! Парче земја од 2.000 квадратни метри (половина од просечно фудбалско игралиште) се наоѓа во средината на езерото Викторија во Кенија.

Често се опишува како „школка на џиновска желка“, бидејќи лимените покриви се толку цврсто споени. Но, тоа не е единствената специфичност на ова место.

Ќе звучи неверојатно, но има повеќе од 1.000 жители, па затоа Мигинго е познат како „најнаселениот остров во светот“.

Оваа информација била доволна за режисерот Џо Хатаба од Дубаи, кој решил да преноќи на необичниот остров и да се запознае со локалното население.

Тој фатил лет до главниот град на Кенија, Најроби, по што патувал шест часа со автомобил до малото гратче Кисуму на брегот на езерото Викторија.

Последната делница ја поминал со брод, а патувањето траело два часа, пренесува Daily Mail.

Двајца кениски рибари Далмас Тембо и Џорџ Кибебе тврдат дека тие биле првите жители на островот, односно дека го населиле во 1991 година.

Како што можете да видите, куќите се изградени една врз друга, а до станбениот простор има продавници, кафулиња, аптека и полициска станица.

„Островот изгледа како фатаморгана“, рече Хатаба додека се приближуваше до својата дестинација.

На својата дестинација пристигнал вечерта, која ја искористил за да ја „впие“ атмосферата на едно необично место, за да открие како луѓето се забавуваат.

„Овде сите заедно подготвуваат храна“, истакна тој, додека една жена му објаснила дека „основен оброк“ значи риба и помфрит.

Ноќта ја поминал во куќа на рибар, а утрото морал да ја посети полициската станица бидејќи чамецот со кој допатувал - исчезнал.

Хатаба извесно време поминал во друштво на рибари бидејќи сакал да ги види на дело.

Лога со благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски

Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција , Јилмаз Тунч .

Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција , Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски.

Целата постапка се спроведе во релативно краток период за неполни пет месеци.

Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне , каде и да сте! , сооптуваат од Министерството за правда.

притисни ентер