Двајца припадници на почесната гарда се струполија пред Макрон додека го пречекуваше претседателот на Словачка (ВИДЕО)
2Двајца припадници на почесната гарда се струполија пред Макрон додека го пречекуваше претседателот на Словачка (ВИДЕО)
3Германската влада потрошила 5,8 милиони евра за мебел и декорирање- на граѓаните им препорачуваат да штедат
Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
2Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
3Маж и жена одгледуваат „црвено злато“ во својата гарсониера- еден килограм го продаваат 6.000 евра (ВИДЕО)
МакедонијаДКСК следната година ќе ја следи имотната состојба на 60 функционериШеесет функционери, десет судии, десет јавни обвинители, десет пратеници, десет министри, десет градоначалници и десет лица на кои во 2025 година им престанала функцијата градоначалник ќе бидат опфатени во Годишниот план за следење.Шеесет функционери, десет судии, десет јавни обвинители, десет пратеници, десет министри, десет градоначалници и десет лица на кои во 2025 година им престанала функцијата градоначалник ќе бидат опфатени во Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2026 година, а нивните имиња ќе бидат утврдени следниот месец. ДКСК на денешната 26. седница го усвои Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2026 година, а нејзиниот претседател Адем Чучуљ рече дека ги зеле предвид препораките на Европската комисија при што одлучиле да биде зголемен бројот на функционерите, што ќе бидат опфатени. Чучуљ појасни дека согласно член 19 од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси во последните три месеци од тековата година ДКСК усвојува годишен план за наредната година, заснован врз проценката на ризикот од корупција, при што се земени предвид анализите од тековната и следната Национална стратегија. Тој посочи дека при тоа се земаат предвид годишните планови од претходните години, односно се следи состојбата во областите, кои се сметаат за најподложни на корупција – праводуството, законодавната власт, извршната власт и локалната самоуправа. -Имајќи ги предвид препораките од Европската комисија за зајакнување на следењето на имотната состојба од страна на ДКСК предлагаме да биде зголемен бројот на функционерите, опфатени во ова следење на итмотната состојба и судирот на интееси, на 60, рече Чучуљ. Тој појасни дека имињата на судиите, обвинителите пратениците, министрите, сегашните и поранешните градоначалници ќе бидат утврдени во јануари, врз основа на анализа на податоците во електронската база на податоци. ДКСК денеска ја усвои Програмата за работа за 2026 година. Како што појасни претседателот на ДКСК Адем Чучуљ во Програмата покрај стратешките определби на Комисијата во насока на исполнување на одредбите од законите со кои се опфаќа нејзината работа, при нејзината изработка земени се предвид и препораките од извештајот на Европската комисија во оваа област, препораките од ГРЕКО, мерките и активностите од Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, како и Национаната стратегија 2026- 2030. На седницата членовите на ДКСК го усоија и Годишниот план за спроведување на антикорупциска проверка на легислативата за 2026 година. Чучуљ појасни дека овој процес се спроведува врз основа на годишен план и по донесени барања за мислење и доставени акти од други институции пред се од Владата и Министерството за правда и се врши врз основа на методлогија, која е донесена од страна на ДКСК. Со планот, како што појасни тој, се опфатени дел од законите кои не биле завршени, а кои се содржани во планот за оваа година. Антикорупциската проверка, додаде Чучуљ, ќе се спроведува на законот за лобирање, законот за локална самоуправа, законот за вештачење, законот за финансирање на политички партии, правилникот за доделување лиценци за работа на здравствените работници со високо образование, на законот за заштита на културното наследство. Членовите на ДКСК го изгласаа и ставањето вон сила на Упатство за рангирање на предметите за постапување на ДКСК по основ на доставени пријави, кое како што појасни Чучуљ е донесено на 12 февруари 2021, со цел да се регулира, односно да се рангираат предметите, кои се формираат во ДКСК. Тој појасни дека до ДКСК пристигнуваат голем број пријави и одреден дел од нив се паушални и не се во надлежност на Комисијата. Чучуљ рече дека упатството не дало резултати, овозможувало субјективност во рангирањето и додаде дека со измените во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Деловникот за работа дополнително ќе се регулира начинот за постапување по предметите и нивното рангирање. ДКСК утврди дека министерот за здравство не го прекршил Изборниот законик кога во изборен период присуствувал на отворање на приватна амбуланта ДКСК на денешната последна седница за 2025. година постапуваше по повеќе предмети, меѓу кои за недоставување имотен од носители на функции, за прекршувње на Изборниот законик за време на локалните избори, злоупотреби на службени положби и овластувања, за корумпираност при носење судски одлуки, при што во досегашната расправа ги запре како несновани или пак во одредени утврди дека е ненадлежна и дека за нив треба да одлучуваат други органи. Членовите на ДКСК меѓу другото постапуваа по пријава за прекршување на Изборниот законик за време на локалните избори во 2025 година од страна на министерот за здравство, односно дека тој бил дел од јавен настан, на која била отворена амбулатна, при постаката беше запрена, откако утврдиле дека нема законски прекршувања. Членот на ДКСК, Цвета Ристова истакна дека побарале информации за настанот, како и документација за истиот, при што по нивна проверна било утврдено дека од страна на здравствено лице, лекар, согласно законите за здравствена заштита и општа управна постапка Министерството за здравство донело решение за основање прватна здавствена установа по општа медицина на примарно ниво во мрежата здравствени установи низ државата. По завршување на постапката за давање простор и опрема за закуп бил склучен договор за закуп со наведеното лице, по што, додаде Ристова, Министерството утврдило дека се исполнети условите за основање. По завршување на постапката министерот за здравство во работна посета за унапредување на здравствената достапност и подобрување на здравствените услови ја посетил амбулантата во село во државата со цел запознавање со нејзината работа. Ристова додаде дека по проверката на ДКСК, е утврдено дека нема прекршување. Таа посочи дека во Изборниот законик во член 8а, став 2, алинеа 1 е наведено дека пред и по започнување на изборна кампања „не може да се започне изградба со средства од Буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал на нови објекти во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности училишта, градинки и други објекти, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од Буџетот, односно се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година“. Таа посочи дека е утврдено дека овој настан не претставува настан кој е поврзан со споменатиот член, дека станува збор за јавно-приватна установа и оти во случајот нема повреда ниту на Изборниот законик, ниту на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Членовите не констатираа судир на интереси и во пријавата против директор на комунално претпријатие, за кој во пријавата се наведува дека тој како вработен во истото е назначен за директор, иако во претпријатието неговата сопруга работи како благајник. Членот на ДКСК, Бесник Џемаиљи рече дека во пријавата се наведува дека ваквата состојба е контрадикторна и претставува судир на интереси, бидејќи едниот сопружник е директор, а другиот благајник. Џемаиљи нагласи дека во законот не постои забрана блиски лица да бидат вработени во истиот орган и единствено е содржана забрана за вршење влијание при вработување на блиски роднини. Иако постапката беше запрена, Џемаиљи потенцира дека на директорот му се препорачува при извршување на должностите да води сметка да не дојде до судир на интреси и му се укажува доколу се најде во таква ситуација дека треба да постапи по член 75 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, кој гласи: „Кога службеното лице ќе дознае за околности што укажуваат на постоење на судир на интереси или на потенцијален судир на интереси, е должно веднаш да побара да биде изземено и да запре со своето постапување“. Меѓу пријавите имаше и таква која укажува на криминални дејствија на судии во основен и апелациски суд во државата. Пријавувачот навел дека веќе две години не може да си го оствари своето право на наследство на 50 проценти од компанија, оставени од неговиот дедо, поради корумпирано поведение на судии. Џемаиљи нагласи дека ова е повреда од индивидуално право и оти не е предмет за ДКСК. Тој доде дека истата пријава ќе биде доставена до Судскиот совет.Тагови: ДКСК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаРодители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долготБрачен пар од Рот ам Зе (округ Швебис Хол) во Германија е осуден на долги затворски казни од Регионалниот суд во Елванген за сериозно сексуално злоставување и силување на сопствената ќерка.Судскиот совет го осуди 45-годишниот татко на 11 години и шест месеци затвор, додека неговата 41-годишна сопруга доби казна од девет години и шест месеци, пишува Nezavisne.com. Во овој случај учествувал и нивниот семеен пријател, 54-годишен маж со двојно државјанство на Босна и Херцеговина и Хрватска, кој моментално е во бегство. По него е издадена меѓународна потерница. Според обвинението, германскиот пар му ја дал својата ќерка на овој маж, третирајќи ја како предмет на сексуална експлоатација. Девојчето ѝ се доверило на својата наставничка Според обвинението, родителите постојано ја принудувале нивната тогаш 11-годишна ќерка на сексуални односи во период од повеќе од една година. Подоцна, се сомнева дека нивниот семеен пријател, по потекло од Босна и Херцеговина, кој има и хрватско државјанство, исто така се придружил на злоставувањето. Во обвинението се наведува и дека родителите му се заканувале на девојчето со електрошокови за да ја принудат да молчи. Истражителите се сомневаат дека таткото имал значителни долгови кон 54-годишниот познаник. Случајот стана јавен откако девојчето ѝ кажала на својата наставничка за сè, која веднаш ја известила надлежната служба за заштита на деца и млади, која од февруари се грижи за девојчето, кое сега има 13 години. За време на судската постапка, родителите го искористиле своето право да не презентираат одбрана. Контроверзната судска одлука предизвика вџашеност За време на постапката, одлуката на судечкиот совет да ги ослободи обвинетите од притвор во јули привлече особено внимание. Во тоа време, судот процени дека нема доволно основа за итно сомневање дека сториле кривични дела, што е еден од условите за наредба за притвор. Портпаролот на судот објасни дека во тој момент постоела можност обвинетите да бидат осудени, но дека нивната вина сè уште не била сигурна. Девојчето сè уште не било сослушано, а бидејќи родителите одбиле да се изјаснат за обвиненијата, судот се нашол во ситуација каде што имало две спротивставени верзии за настаните. Сепак, Вишиот регионален суд во Штутгарт не се согласил со оваа проценка. Во август, повторно ја активираше потерницата за таткото и семејниот пријател. Сепак, дотогаш веќе беше предоцна да се спречи бегството на 54-годишникот, кој го искористил периодот на слобода за да ја напушти земјата. Според властите, бегалецот најверојатно е некаде во Источна Европа. Портпаролот на судот потврди дека мажот, покрај хрватското, има и државјанство на Босна и Херцеговина, што би можело да го комплицира процесот на екстрадиција. Таткото веќе бил осудуван Судскиот совет ги отфрли тврдењата дека имало сериозна грешка во правдата за време на постапката. Судот рече дека одлуките се донесени врз основа на доказите и информациите што им биле достапни во тоа време. Таткото веќе отслужувал затворска казна во Северна Рајна-Вестфалија за обид за измама. Претходно бил осуден и за дистрибуција на порнографски материјал. За разлика од него, мајката била уапсена дури минатата недела. Една од клучните причини за проценката дека постои ризик од нејзино бегство беше психолошката експертска проценка на сведочењето на девојчето, која судот ја оцени како особено значајна. Во случаите на сексуална злоупотреба, експертската анализа на сведочењето на жртвата игра важна улога во утврдувањето на фактите и донесувањето судска одлука. За време на сослушувањето, 13-годишното девојче го даде своето сведочење за насилството што го претрпела преку видео-снимка. Снимката, како и наодите и мислењето на вештакот, беа дискутирани на затворена седница, без присуство на јавноста. Сомнителни финансиски трансакции на двојката Дополнително, против мајката се води посебна постапка поради сомнение за злоупотреба на хуманитарни донации. Според истрагата, таа собрала пари преку платформата GoFundMe, презентирајќи им лажни информации на донаторите. Надлежните органи истражуваат и сомнителни финансиски трансакции на банкарските сметки на двојката. Банките пријавиле сомневања за можно перење пари до надлежните институции. Според досегашните сознанија на истражителите, 54-годишен маж кој е во бегство бил исто така вмешан во спорните финансиски трансакции.Тагови: ќерка родители Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноПијан ракун, кој го насмеа светот, помогна да се соберат 290.000 долари (ВИДЕО)Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни.Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни да собере повеќе од 290.000 долари, објави Засолништето за животни во округот Хановер, објави АП. Ракунот стана глобална медиумска сензација откако менаџерот на продавницата го пронашол во несвест покрај тоалетот неколку часа по провалата. Засолништето купува камери Животното се опоравило и било пуштено во дивината, на околу една милја од продавницата во Ашланд. Неговата авантура инспирирала скеч во емисијата „Saturday Night Live“, а Засолништето за животни во округот Хановер ја искористило неговата популарност за да собере пари со продажба на маици, дуксери со качулки, капи, шолји и налепници со зашеметениот ракун. Производите го носат слоганот „Wacky Panda“, додека се создадени тематски колекции за лето и Ноќта на вештерките. Директорот за заштита на животните во округот Хановер, Џефри Паркер, рече дека собраниот износ е многу пати поголем од вообичаените годишни донации на засолништето, кои обично не надминуваат 20.000 долари. Дел од парите ќе бидат искористени за купување камери за тело што ги носат осум службеници за заштита на животните. Камерите ќе им овозможат да собираат докази во случаи на злоупотреба на животни, како и да ги документираат постапките на службениците за време на интервенциите. Проба алкохол од повеќе шишиња Локалната самоуправа едногласно го одобри купувањето на камерите на 28 октомври, а се очекува службениците да почнат да ги користат околу јануари. Паркер рече дека сака дел од преостанатите пари да се издвојат за фонд за финансирање на третманот на повредени животни пронајдени за време на интервенциите. „Не знам кога некогаш сме му должеле на животно толку голема благодарност како што му должиме на овој ракун“, рече членката на локалната самоуправа Феј Причард. Ракунот се скрши и веројатно вкусил алкохол од неколку шишиња во продавницата, вклучувајќи рум, виски, вотка и други жестоки пијалоци. Откако беше пуштен во дивината минатиот ноември, контролата на животните не добила ниту еден извештај за друга провала на ракун, рече Паркер, изразувајќи надеж дека животното сега живее мирен живот. Продажбата на сувенири сè уште е во тек, а за да се одбележи годишнината од необичната провала, во продажба се појавија нови маички со слоганот: „Една лоша ноќ. Многу добри дела“.Тагови: ракун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран откри што планира со збогатениот ураниум- на Трамп нема да му се допадне Иран нема да дозволи ниту една честичка збогатен нуклеарен материјал да ја напушти земјата, а во случај на нови напади на САД врз Исламската Република, ќе има последици, изјави шефот на иранската безбедност Мохсен Резаи во телевизиско обраќање.Резаи зборуваше за либанската телевизиска станица Ал Мајадин, која е блиску до Иран, откако американските претставници ја намалија потребата од дополнителни воени дејствија против Иран. Аналитичарите посочија на помирувачкиот тон на американскиот претседател Доналд Трамп по поразот на републиканците на изборите за Конгресот во САД одржани на 3 ноември. Резаи рече дека во моментов нема преговори меѓу Техеран и Вашингтон. „Ќе одговориме на секој нов напад на САД со таргетирање на американските бази далеку од нас“, рече тој. Врховниот лидер на Иран издаде директива со која наредува иранскиот ураниум збогатен на нивоа блиски до оние потребни за производство на нуклеарно оружје да не може да се испраќа во странство, изјавија двајца високи ирански претставници во мај. „Ни треба збогатен материјал за дизајнирање бродови и подморници на нуклеарен погон“, рече Резаи, додавајќи дека Техеран ја информирал Москва дека неговиот збогатен нуклеарен материјал ќе остане во земјата и „ќе го користиме ние самите“. Iran will not allow enriched nuclear material to leave the country, security chief says https://t.co/d1tf2XHDry — Reuters (@Reuters) November 11, 2026 Русија претходно понуди да зема збогатен ураниум од Иран како дел од потенцијален договор за ублажување на загриженоста на САД, но рече дека Техеран е тој што треба да одлучи дали да го отстрани од земјата. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) проценува дека Иран имал 440,9 килограми ураниум збогатен до 60 проценти - ниво далеку над она што било потребно за цивилна употреба кога Израел и САД ги нападнаа иранските нуклеарни објекти во јуни 2025 година. Не е познато колку од тој материјал ги преживеал нападите. Израел, САД и другите западни земји долго време го обвинуваат Иран дека се обидува да произведе нуклеарно оружје. Иран ги негира обвинувањата. Вашингтон изјави дека нуклеарните прашања мора да бидат дел од сите почетни разговори со Иран насочени кон прекин на војната меѓу двете земји. Иран достави нуклеарен предлог до САД, преку Катар, кој ќе се дискутира дури откако Вашингтон ќе исполни седум барања што ги постави Техеран, изјави висок ирански функционер за Ројтерс минатата недела.Тагови: збогатен ураниум Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook